И јас многу работи си купувам од теранова, кога ќе начекам на попуст. но само да ви кажам дека..теранова незнам во која држава сеа точно ми кажаа мислам дека беше Германија е исто што и како кај нас да си купиш облека од Пазар
од Terranova не купувам кој знае колку, али не сум без ништо Имам неколку маички, фустанчиња, али повеќе од таму купувам акцесоари + некогаш кога ќе ги качат цените можам само слободна да си се крстам. во мајот го донесоа ова фустанче http://www.terranovastyle.com/p/dresses ... 0104/21360 со Спојлер ненормална цена од 1,899 денари. денес повторно бев, а цената на фустанчето не е слуштена ни за денар.
90% од облеката ми е од Terranova, многу сум задоволна од квалитетот и секогаш кога сакам да си купам нешто одам прво таму
Квалитет НУЛА. Имам неколку маички кои по првото перење се со изместени рабови,избледена боја. За истите пари купувам од ОVS,барем проверен италијански квалитет.
Скоро исто Супер изглед а слаб квалитет, а цените му се набиени ама УФФ! /size] Доста работи имам купено али бојата лесно избледува и принтот на маичката се лупи,кога има попуст блузички за 500 , 400,300, и 200 денари купувам , во последно ми се допадна една маичка што беше 700 денари, а ја купив , но не зажалив , си ја носам често! Спојлер а беше 70 % попуст , а уште толку сигурна сум дека другата недела ќе ја најдев за 300 денари , ама мерак !
кога ќе начекам нешто, си купувам, а за квалитетот - секаде различно носат, пр. нешто во теранова ми се погодило супер, а од белла продавнициве ич не ми се погодило, а сум го платила 4-5 пати дупло ..
Оф, не ми е по ќеф. Ич не се квалитетни. Едни фармерки што си ги купив за две недели партал беа. Имам и една блузичка од таму и марама. Тие се по ОК. Ама сепак ретко влегувам таму.
Цела Битола се облекува во Теранова Се согласувам со муабетот дека се со нула квалитет. Па уште ќе ги набијат цените, си мислиш којзнае што продаваат.
Често купувам од Теранова има навистина многу работи по мој вкус, но според квалитетот мислам дека понекогаш претеруваат со цените..
Не разбирам зошто толку ја критикувате Терранова оти е навистина „тренди“ продавница и има што да купиш! Моја омилена продавница за облека е и секогаш купувам од таму. Сепак точно е дека малце со новите колекции претеруваат со цените, ама при крај на сезони има што да купиш, за азлика од некои други продавници. Но во ред е, секој си има различен вкус..
Jaс искрено не сум задоволна од квалитетот на облеката од Теранова. Сите блузи што сум ги купила од таму имале неудобен памук, панталони ми се скинаше за две недели и така натаму. Не практикувам да купувам од овде.
Ја обожавам Теранова,многу работи имам купено од таму.Задоволна сум и од квалитетот,едни фармерки ги купив скоро пред четири години и уште се како нови,ама одамна не сум си купила нешто од таму
Купувам од таму само на попуст, бидејки цените на новата колекција секогаш им се претерани, а не се толку квалитетни.