1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Теранова

Дискусија во 'Мода и стил' започната од annie.bt.97, 14 мај 2011.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Многу е преценета Теранова. Има убави парчиња на облека да, ама квалитет НУЛА има.
    Колку пати сум се каела за парите што сум ги дала за некоја поскапичка блуза и после едно перење, се уништува....

    Иако, покрај тоа, во последно време пробувам да наоѓам нешто поквалитетно од таму... Сега има донесено едни џемперчиња си купив две и ми е страв да ги носам. :D Последниот пат кога купив едно како потенко џемперче, дома кога стигнав и кога го облеков копчињата сами паднаа хаахах :D

    Како и да е, ми се свиѓа тоа што секогаш новата колекција ја има тука.. Интересни ташни има сега, по 700 ден се.. Мене многу ми се свиѓаат. Исто видов и една плик тигреста ташничка 500 ден.. :inlove: :inlove:

    Гледам дека и цените на венчињата со машничка за на коса им се смалени.. Некаде 150 се сега..
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Купувам само кога има голем попуст. Се изгорив првиот пат кога ја отворија за јакна и панталони фрлив 8000, а после јакните беа по 600 ден, убиство!
    Има фини работи, но се предомислувам кога ќе видам дека имапо 1000парчиња од еден модел |(
    За маички по 200 ден, панталончиња по 300 и џемперчињапо 500 ден. ич не ни размислувам, за тие пари и квалитетот е ок. Јас немам лошо искуство со квалитетот, освен на маичките со кратки ракави, кои одма се рашируваат, џемперите, фармерките и останататите работи што ги имам досега се докажале како многу трајни.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Јас бев воодушевена од колекцијата за деца што ја имаат.Минатата година за роденденот на мојата ќерка купив облека од Теранова.Малечката изгледаше преслатко.
    Ми се допаѓа и облеката за возрсните. А за квалитетот не сум ни размислувала воопшто.Сега турската роба е на цена, затоа што кинеската го преплави македонскиот пазар.И порано на она што го викаа „турско“ правевме кисели фаци кога ќе ни го понудеа во продавниците, а сега со воодушевување купуваме, бидејќе не е made in China.
     
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Квалитет или не, па и немаме некој многу голем избор.
    Факт е дека се е или кинеско или турско во која и да било продавница.
    Теранова во другите земји е на ниво на Шутка, а може и полошо. Претеруваат со цените, ама па на ваквите попусти некои луѓе може да си се облечат. Скоро и да не влегувам таму кога нема попуст.
    Ама деновиве, како што вика една другарка, е џабал’к. Што си купив една фина сукњичка за 100 денари, ќе си ја утепам од носење.
    Е лошото е што на секоја втора девојка после ќе го видиш истото парче.
     
  5. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Порано знаци пред 5 или 6 години само од терранова купував ,амакако поминувасе времето ретко несто да си бендисам од таму е сега гледам несто интересно оваа колекција з апролет сто ја донеле :P
     
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    1.569
    Теранова само во Сити Галери во Скопјево има? :| :^)
     
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    За нашите услови и стандард се сосема ок.Фармерки никогаш немам купено од таму зошто кога и да влезам и да пробам некои сите се со криви шавови или фалат копчиња и нитни.Јас сум задоволна од маичките и подебелите џемпери,имам десетина и сите ми се погодиле,ниту ми се скинале ни рашириле.А сега на попустов беше тепачка,одамна не сум наишла на нешто толку ефтино во нашиов град :)
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Да
     
  9. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Редовно си купувам од Теранова и не се жалам за квалитетот. Најчесто купувам вака кога има големи распродажби, зошто стварно не вреди да се фрлаат пари за нова колекција кога знам дека ќе паднат три пати пониски цените :) Па така и оваа година си се изнакупував работи речиси за ич пари и прекрасни ми се :rofl:
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Во теранова, тотална распродажба има, ја божем со другарка ми влегов она да зела нешто ,кога ја видов таа гунгула во натре си помислив: ќе излезам ли од овде.
    Од пуста мака не издржав, и си купив фустанче, а после 25мин. чекав ред за да платам на каса.
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Понекогаш кога одам на кај Битола ќе си купам некое парталче и од таму ама катастрофа се, клавитетпт и во минус не па нула. Кошулата последно што ја земав не само што ми е комотна и нема причина да се отшие, па таа цела се отпара. Зарем јас пред да купам треба со сила да ја тегнам за да бидам сигурна дека нема до дома да испука цела :swear: нема смисла првото облекување секогаш е повеќе од ризично. :tmi:
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Абе дечки, што беше работава со робата од Калиопе во Теранова? Ист газда имаат? :?:
    Си зедов патем едно кошулче денес за 300 денари (етикета на Калиопе). Дека бело беше, класика, а баш ми требаше.
     
  13. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    ^ Да, и мене тоа ме чуди. Од кај па Калиопе во Теранова? :^)
    Иначе ова одпоодамна е.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Може дека се едно под друго па се испомешале работите :D
    Ако приметите на горниот спрат заедно на се Калиопе и Теранова работите ;)
     
  15. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Не знам дали сте знаеле ама делот од Теранова што е на спрат е всушност Калиопе :D истата фирма се па затоа таму така функционираат како една продавница
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Аха. Океј, фала. :)
    Ама јас колку што знам горе има дел и од Теранова.
     
  17. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    абе добро е, сега е подобро, порано ништо неможев да најдам, си купив пред некој ден за 300 убав џемпер. :clap:
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Оние прекраснине тенки пролетни јакнички нешто како шушкавец во свежи и весели бои уште се 1299 денари |( ? Чекам некој да ме утеши дека им е симната цената бар малце.

    Е, за ваква прашувам само цикламата.

    [​IMG]
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Бев денес и искрено не знам што се замислуваат.Џемпери сега на крај на зима,демек нова колекција ги лупнале по 1800.Кратко кожно јакниче 3000,не права кожа нормално.Се што погледнав беше со некоја ненормална цена а за тоа што сакаш ти мислам дека другата година ќе го стават на попуст од дури 100 денари.Претеруваат стварно |(
    Јас такво јакниче земав лани од Бодилајн за 700 денари ама знам дали уште има.. :)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Има интересни работи, ама многу се високи цените за тој квалитет т.е. неквалитет. |(