мнооогу ја сакам теранова,ептен ми се допаѓа облеката од таму 50% од тоа што ми е во плакарот ми е теранова
Имаат убави работи, а реалните цени им се кога има попуст, инаку кога ги носат новите колекции малку претеруваат, за блузичките посебно.
Тера нова има убава гардероба ама цените им се многу надуени а на попуст багатела се работите имам купено неколку работи од таму иако за помлади некако е гардеробата таму знам дека имав една маичка после второто перење веќе се растегна целата ама многу беше тенка.Во принцип знаат да извадат убави работи.
Имаат фини работи, убави се за око и тренди, фенси-шменси се по ред ,но со цените некако, ко да забегуваат. :geek: Хеланки 1299, Пантолони 1299, Маичка 1299. Чекај малку, и пантолоните исто чинат колку и хеланките!? Како бе? Нели пантолоните не се исти ко хеланките ни во крој, ни во материјал ни ништо...Се глупираат со цениве. Ама имаат донесено убава роба моментално , е тоа да, тоа веќе у реду е. Ама попуст бараме, попуст. Или бар да ги симнат цените. Реално една маичка треба до 500-600 денари да е, па дури и тоа е многу за некого(може и поевтино нели). Тука алишта од 300 на попуст само...по 3 години.
Имаат многу убави работи. Последен пат си купив пет блузи едноставни, и фармерки. Само малку скапичко, ама квалитетно е. Што и да купам од таму го носам со години, и колку и да го перам матријалот не бледее.
Мене за роденден лани ми подарија едно плаво фустанче од теранова.Ужас 2 пати го облеков прерамките му се растегнаа катастрофа беше и од тогаш не сум го облекла.Од таму го имам само тоа и искрено да ви кажам немам многу пари па се си купувам од шутка не се срамам да кажам јас сум таа која сум и не ја гледам разликата од купувањето на истото фустанче во теранова 2000 ден,а во шутка за 200 ден.Толку од мене позз
Баш тоа сакав и јас да го пишам. Облеката им е прескапа во однос на квалитетот. Истата облека може да се најде и во други бутици, за помалку пари.
Порано многу почесто купував облека од таму, но мислам дека Теранова не е веќе тоа што беше.. Имаше многу интересен избор порано ама веќе кога одам да купувам не ми ни текнува на Теранова..
Имам неколку парчиња облека од теранова,но не се покажаа како квалитетни. Инаку во мојот град нема продавница,а најблиска од каде што сум купувала е во Штип,но некако нема мн избор на облека..се тоа па тоа,како да не донесуваат нова роба.
теранова-мојата омилена продавница <3 значи само во теранова можам да секогаш да најдам нешто ефтино,убаво и квалитетно фустанчињата се по 99 или 199 хаххааха сигурно имам повеќе од 10