Не видов ниедна тема за тераси и сѐ околу нив.Ако е дупла или смета, бришете Вака дечки, ми треба идеа за тераса која ја користам од мај/јуни до октомври негде. Не знам точно колку квадрати е али има повеќе должина него ширина. Моментално на нејзе имам сушара и зелена дрвена масичка со 2 столчиња.Сакам да ја преуредам скроз и да ми биде поудобно за седење.Масата е ептен голема а најголем дел од времето сама седам на терасата и само зафаќа место. Ѕидот што ја заградува терасата е некаде околу 160цм висок.Ми треба идеа од каде во Скопје прво да најдам убави елементи за на терасата. Сакам да ја сменам масата за некоја малку помала и сакам некои поудобни столчиња. Ќе си закачам некаде фенерче на терасата, ќе ставам некое растение. Се мислам дали да си земам ваква лулашка Само да не е огромна.И уште едно обично столче. И да, терасата е на запад и за попладне треба чадор бидејќи не се седи на нејзе до кај 7 негде. Плус дека ми е на втор спрат буквално комшиите што се пред и карши мене сѐ ме гледаат што правам и немам приватност. Не знам дали е поисплатливо чадор за криење или нешто завеса/платно да ставам? Највеќе би инвестирала пари во масичка и столче и декоративни елементи за да заживее терасата и да ми биде удобно катче летно време. Не дека седам кузнае колку ама сакам да ми е удобно. А лулашкава ако е лесна за селење ќе можам и во станот да си ја ставам. Кај да најдам убави елементи и не прескапи? Знам дека има 100 местљ во Скопје ама не ми се лута од маркет во маркет. Ако можам на интернет да најдам уште подобро ќе биде
Јас за сонце и приватност би ти предложила тенда да ставеш. По лесно а практично нема верувај, плус сигурно има димензии земи си поголема повеќе да се спушта напред. Повеќе инф не можам да ти дадам зашто не сум во мк а тука на секоја тераса има ставено, не сме правеле ние
Лулашката е сон ама огромна е, радиусот на постољето е минимум 90 цм. Бар тоа што јас имам видено, баш мерев, низ влезна врата не можам да ја внесам За во стан, ако имаш простор, е супер решение
Леле лулашкава сон ми е. Иначе, можеш од Bazaro да си набавиш столчиња и масичка, а за на балкон многу сакам цвеќиња. Можеш на полица да си ставиш некои мали саксии со цвеќиња, во Bazaro многу убави има. Исто така, во Веро Џамбо имаш убави слики кои можеш со клинче да ги закачиш и тоа ти е убава декорација. Базаро и Џамбо појди си и не знаеш какви идеи креативни ќе си добиеш, сѐ има.
Буквално иста ваква масичка со 2 стола имам на терасата, 2600 ден у Алфи Техноцентар купена. Друга опција, нешто што одамна се спремам сама да створам, гарнитуричка од палети. Палетите се ефтини, можеш да ги офарбап у која боја сакаш и лесни се за составување. Купуваш по мерка сунѓер, го тапацираш и испаѓа прекул
Фала ви на сите што пишавте по нешто. Добри идеи. Се мислев и јас со пелети ама ептен ќе е ниско така за седење и неудобно, плус ѕидот ќе сени така и грдо ќе биде.Убав поглед имам инаку. @IAmPresident @LadyLollypop фала за идеата али тенда некако не би што знам Се мислеше татко ми едно време да стави али ништо. Сакам углавном да сменам маса и столчиња, да додадам боја и хармонија (имаме бела неглетувана фасада и ми ја огрдува некако терасата. Ќе смислам нешто деновиве Ќе пишам ако добијам конечно решение.
@Feminka22 јас пре би ваква лулашка: Види ја во smartliving ја имаат, можеш и на инста да ги најдеш, 3900ден. е. Ем поефтина, ем (за мене) поубава, а и помалку место зафаќа.
Со лулашкиве во соба не се мава од еден ѕид во друг? На пример ако е во ќош поставена? Колку мрдаат лево десно? Прашањево ми е за дете кога ќе седне на неа. Палетите од кај се купуваат?
Лулашката не би требало да се мава од зид (барем таа со постоље) ама не е за дете, не може да досигне со нозете до под за да се заниша. Освен ако не планираш ти да ја нишаш. Тие што се обесуваат, би требало да се обесат пониско, за дете. Палети у твое село ОВДЕ Гледам сум пишала горе радиус на лулашката, мислев дијаметар
А за тераса што може дожд да ја фати, дали се тие доле како даски, како и да се викаат? Или што е за тераса што не може да се заштити 100% од дожд? Нели и дрвен стол може да наврне и да замириса? Каков материјал треба за се на тераса?
Подот на сликата од Лавстоунд е мислам пластифициран, оди во Оби, Хорнбах и таквимити продавници, се ќе ти објаснат. И мебел за тераса имаат мислам солиден избор.
Обожавам мали тераси! @Feminka22 на Пинтерест имаш многу убави идеи. Ќе споделам неколку што мене ми се допаднаа, можеби ќе ти се од помош. Спојлер: слики Лулашката ти е преубава идеја, и супер би дошла во ќош, како на сликата погоре, доколку ја собере на твојата тераса. Наместо лулашката можеш и со палети, па врз нив сунѓер и големи перници и некоја ептен мала масичка. Можеш да си ставиш некое растение, сијалички, фенер како што имаш и замислено, преубаво ќе изгледа. За жал не би знаела да ти кажам од каде можеш да набавиш такви работи со сигурност, но можеш да провериш во Меркур, Реплек Маркет Хубо, Базаро (за ситници за украсување/перници) и секако Џамбо. Јас би сакала да имам тераса мала, само за да можам да си ја уредам како што сакам, да ми биде удобно катче.
Не е мала иначе. Гледам повеќе ми дале идеи за мали тераси.Мојава е 3м должина и 1,5м у ширина Најверојатно ќе ја земам лулашката @Ahoy што ја постираше.Ем ми се сфиѓа ем е џабе пари. Само нема да е глупо да се една лулашка и едно столче? Немам баш место за уште една, цел прозор ќе ми го затвори така.
Оо па супер тогаш, имаш убав простор. Но ако ти треба повеќе место за седење, тогаш разгледај и други опции наместо столчето. Доколку сметаш дека е доволно, тогаш не е воопшто глупаво. Намести си ја ти како сакаш, и уживај.
Баш убаво ќе изгледа една лулашка и 2 столчиња. Можеш да разгледаш црни како плетени столчиња поголеми штом имаш место, и некој пернички на нив.
ние скоро купивме вакви две, прво ми личеа само декоративни ама откако им седнав не станав, ептен се удобни и башка и преку зима со ќебенце можеш и внатре ко фотеља. Пред тоа го имавме од икеа дрвеното сетче, убави ми беа ептен ама за дебелковци не се баш удобни. Со столициве идеше како предлог и едно метално масе преслатко.
Од каде ги земавте? И дали можеш отприлика димензии да ми кажеш? Јас имам место за во дворче ми се, ама имам помалечка масичка, па да не испаднат од неа поголеми