Здраво девојки, веќе подолго време се мислам со што да почнам дали да одам во теретана, аеробик, зумба или нешто слично. Некои ме советуваат за теретана некои за аеробик и не знам се мислам. Јас не сакам баш и да симнам мн кг зошто би била премногу слаба можеби до 3кг но не повеќе, но сакам да го зацврстам телото зошто и онака имам мн мека кожа а и без разлика колку и да сум слаба секогаш имам малку стомаче и не знам мислам е невозможно да имам некое мускулче плус на мене да го снема тоа масното ткиво, и сакам да знам за колку месеци би можело да се види некој ефект. Поздрав девојки ги очекувам вашите совети
Јас сум за аеробик, пилатес, зумба. Многу ми е интересно и по женски. Справи ко справи не ми се воопшто забавни, а и повеќето од нив се само за мускули, нема кардио, додека со аеробикот имаш кардио вежби, пилатесот затегнување....Освен орбитрекот дома, други справи не практикувам. За резултати од аеробик ќе ти требаат неколку месеци, зависи во каква состојба ти е телото сега. За 2-3 месеци би требало да почнеш да гледаш затегнување на телото
А што би било ако почнам со џогирање, ме советуваа и тоа но не знам што ке биде поубаво и подобро да направам со што да почнам, телото не дека ми е во некоја лоша состојба сакам само да изгубам 3 кг и да го зацврстам но не знам дали со теретаната ќе ти топам мастите или со некој др спорт. Благодарам
Секоја аеробна активност како џогинг, скокање на јаже, зумба, аеробик или нешто слично со правилна исхрана ќе ти ги симне тие 3 кила без проблем. Почни со тоа што ти е најќеифски и најмалку ти е терет, ако имаш друштво џогирање ти е супер. Зацврстување доаѓа со подруги вежби кои ги таргетираат мускулните групи кои сакаш да ги зацврстиш иако и само од џогингот нозете ќе ги се зацврстат. Битно е да почнеш со аеробна активност која ќе трае доволно време и да ја правиш редовно и резултатите нема да изостанат .
Да и јас тоа сакам да праша. Сакам да се затегнам, да ги затегнам горе бутовите кои ми се некако најтежок дел. На пр. за листови и за надколеницни знам милион вежби што ги затегнале, ама горе бутовите никако не ме заболуваат. Исто така сакам и малце мускулчиња на рацете, значи не машки туку онака убаво затегнати. И сега што ми препорачувате зумба, фитнес, аеробик, на што да се запишам?
Јас одам на пилатес и многу ми се свиѓа, така со топки кога вежбаме не е монотоно има различни вежби и дури нкои вежби што ми се предизвик, сакам сите да можам да ги правам. На почетокот ми бесе потешко но, сега сум многу среќна кога ќе направам вежба што не сум можела пред тоа. Почни со нешто ако не ти се допаѓа смени друго. Јас прдтоа имав одено само на аеробик ама ми се здосади брзо време, а на пилатес сеуште не ми се здосадило
Дефинитивно теретана.Бидејки аеробикот не помага многу а можиш истите вежби да ги правиш дома гледајки од на интернет и без дополнителни трошоци... Исто така со теретаната можиш да си го оформиш посакуваното тело и по два пати неделно одење има корист.. сепак твое си е и ти си знаеш најдобро. Поздрав
Чучњеви за бутовите и тие други вежби што ги знаеш, 2 тегчиња од по 3 кила и склекови. Се тоа можеш и дома да го правиш и ќе ги имаш резултатите што ги сакаш. Но нема да наголемиш мускули ако не ја зајакнеш исхраната со протеини, ако јадеш исто само ќе ги зајакнеш и оформиш мускулите но нема да се зголемат. Нормално ако идеш во теретана имаш милион справи и можеби поголема мотивација за тренинг. Инаку и џогинг затега бутови, така да комбинирај го со тоа погоре што го напишав . Сакаш да те заболат бутови и да зајакнат, еве вежба од борбен тренинг, клекни скоро под агол од 90 степени (како да седиш на столче) нормално колената малку нанапред и седи така. После 3 мин ќе паднеш . Вежбај секој ден да стигнеш до 30 мин и ќе бидеш феномен во бутови . Битно нешто да почнеш па со среќа
Аеробик од причина што поубаво ќе ти го оформи телото. Јас не сум љубител на теретана, ама како сакаш, твој е изборот
За девојките што оделе во теретана или одат подолго време, сакам да прашам дали вежбањето ви ги зголемило мускулите или само ви ги обликувало и тонирало? Сакам да се зачленам во теретана, но се плашам дека ќе ми се зголемат мускулите.
Јас сум за теретана За лејди роуз ако вежбаш со помала тежина нема да ти ги зголеми мускулите, не се прават така лесно мускули, оние што се билдани (и жени и мажи) вежбаат со години за да се направат такви а нас ни се чини дека одма ќе рипнат мускули, е за тоа треба мноогу како на пр овие на сликата јас несакам ептен со мускули ама многу поштовам кога ќе видам некоја женска (јака) така со мускулчиња, со газ цврст, бутови
Теретана освен оформување на телото, помага да симнеме некое килце, додека аеробикот е повеќе за облик на телото доколку си задоволна со својата телесна тежина
Jas bi vi preporacala zumba, trosite kalorii ,dobivate kondicija,i sekako se zategaat najmnogu butinite stomakot...celo telo i pri toa se osekjas fantasticno i sexy [mod-kirilica:17ijxmr3][/mod-kirilica:17ijxmr3]
Аеробик дефинитивно. Теретаната е за набивање на мускулатурата претежно кај машките, а аеробикот за намалување на тежината и оформување на телото. Исто така и не е напорност многу за телото ем се релаксираш ем слабееш
мој совет .. бидејќи имам учествувано на европски првенства во Фитнес .. (билдерки) .. и знам нешто повеќе околу таа работа .. телото .. најдобро се обликува.. (значи зборувам за обликување нормално .. со намалена телесна тежина и стегнати мускулчиња) .. со помош на стомачни .. склекови .. и сите други видови вежби кои се изведуваат без никакви предмети .. како тегови и слично .. а тоа аеробикот .. некако не ми е за мускули .. повеќе е за намалување на тежината .. и евентуално ако сакате малку да се "потстегнете" .. доколку сакате да имате мускулче плус .. најдобро е да ги практикувате тие вежби .. кои можат да се изведат во домашни услови
дали знаете некоја страница на интернет со аеробик вежби ама со мк тренер јас имам најдено нешто ама странски сакам на македонски ако знаете ве молам пустетеми линк од страната и дали трчањето на справа дава исти ефекти како трчање во парк
Јас одев неколку години во теретана и од лично искуство можам да кажам дека во никој случај нема да ти се зголемат мускулите, од причина што немаме тестостерон како кај мажите, кој влијае на мускулниот раст. Оние екстремно набилдани жени кои ги гледате на слики користат многу додатоци во исхраната, хемиски средства, стероиди, хормони... а да напоменам и дека имаат строго контролиран режим на исхрана. Затоа не се плаши, можеш само да добиеш Инаку јас сум дефинитивно повеќе за теретана отколку аеробик!