Јас веќе некое време посетувам фитнес центар. Е сега, овде вежбаме на справи типични за девојки. Се трудам повеќе внимание да им посветам на аеробните вежби, ама работата е што сакам да ги ослабам нозете, колковите а не да оформувам мускулатура. Што мислите добро е да продолжам со теретана? оние поискусните би ги замолила да ми одговорат
Зашто да не оформиш и мускулатура? Кога веќе даваш труд секојдневно, утепај две муви со еден удар ем симни салце ем формирај фино тело, штета никаква корист огромна . Ако мислиш со обичен тренинг ќе добиеш мускули на билдерка се лажеш.
тереетана би ти помогнала а и справите но ако трчаш на летна 1 час се возиш тчак еден час и тоа повеке дена во неделата би ти дале резултати....
Би сакала ако може некој да ми даде информација, слушнав дека отвориле теретана во центар, во зградата каде што се наоѓа и Oriflame, дали некој знае како се вика истата, тел. број би бил добредојден и ако некој ја посетува колку е задоволен Благодарам однапред
Јас одам таму долго време Теретаната е на 6-ти кат.Мала , интимна теретана со сите потребни справи.Мирно, тивко, без големи гужви.Фини, културни луѓе. Јас долги години вежбав во приватна теретана , сама , без никој околу мене.Така се навикнав и сега единствениот предуслов ми е теретаната каде што вежбам да е интимна и без голем метеж. Оваа, дефинитивно тоа го исполнува. Жалам што не можам да ти помогнам за телефонскиот број, ама не го знам
од среда почнувам на аеробик па би сакала, ако има некоја што оди на аеробик да ми каже за нејзиното искуство, колку ослабнала за колку време итн
Теретана секогаш е мојот избор на аеробик никогаш немам ни одено,но теретаната се избира ако имаш помалку кила за симнување и кога веќе одиш на зацврстување и оформување на телото во спротивно кога треба да се симнат поголем вишок на кила препорачувам аеробик,зумба,пилатес теретана секако не таквото тело најмалку е за теретана
Капиштец близу Зебра најблиску добро опремена теретана со сите можни справи кај има и колку пари е месечно дали знае некој?
Хм, не е баш најблиску, ама е единствена на која ми текнува во моментов. Пред градинката кај Универзална сала, не можам поточно да објаснам Во Капиштец друга нема, барем колку јас што сум приметила. Моја другарка одеше таму пред неколку години, беше задоволна од се, само знам дека тогаш плаќаше 1500 денари, за секој ден. Не знам дали е уште иста цена, и дали се променети условите. А, да, ќе заборавев Има една теретана карши Рамстор, мислам дека не би ти било далеку ако си некаде кај Зебра, во зградата каде што се наоѓа Oriflame, некоја девојка погоре имаше кажано цена и мислење за теретанава. Козметичарката моја ептен беше задоволна од теретаната, одеше таму да вежба долго време.
Зградата ми е на минута до Зебра така да не ми е проблем Само кажи ми како се вика точно теретаната што е карши Рамстор, таа ќе ми биде на 7-8 минути, ако можеш името да ми го кажеш за да прогуглам точно кај се наоѓа.
Аеробикот поубаво го обликува женското тело. Со вклучување на степер кој е идеален за задник и нозе и тегови од 1кг или 2кг за зацврстување на мускулите на рацете, се добива прекрасна фигура.
Не го знам името на теретаната, го барав на златна книга, према адресата би требало да е ова http://zk.com.mk/Pages/Proksima-4/11897 Се надевам дека е таа што мислам и за која ти зборувам Ама, не знам цената која им е, само знам од неколку девојки кои оделе таму дека е добра теретана, ништо друго.
Trebat 5 kila da oslabnam sto da pocnam so aerobik ili na spravi vo teretana?? aajde iskusni kazuvajte )