Голема разлика во секој случај. Теретана сие теретана ем слабееш ем набиваш мускули,аеробикот повеќе е за забава и за затегнување според мене...
Комбинација и од двете јас мислам дека е најдобро.Моментално така правам и се чуствувам одлично.Веке еден месец на ваков начин сум.
Aеробик Не знам бидејќи,ете можеби затоа што мене не ми треба теретаната, и не сум била досега, затоа предност му давам на аеробикот.А и мислам дека аеробикот е повеќе за двојчиња,и супер за обликување на раце,задник,гради и слично.
Jas vezbam aerobik redovno povejke od edna godina.Za devojka koja saka da ima vitka linija ,zategnato i cvrsto telo aerobikot e najdobar.Eden cas vezbas bez prestan,gubis kalorii + gi zacvrstuvas site muskuli.Mislam deka e podobro odkolku vo teretana,bidejki vo teretana ke napravis edna vezba ke odmoris 5 min pa taka na sekoe.A vo aerobikot vezbas celo vreme i najubavo e toa sto gi aktiviras ama bas site muskuli za vreme na eden trening.
Девојки од понеделник се селам у Ск,па да ми каже некој кај има аеробик у Кисела Вода? И кај има најевтини часови,што цена се? Поздравче
Добра фитнес програма,комбинирана со добар план за исхрана секогаш го победува аеробикот. Ако прашањето е зашто,има милион и еден одговор зашто е подобро. Аеробикот е катаболично вежбање(разградува мускули,јаглехидрати и масти) и освен што не е добро за слабеење(слабеењето трае 3 месеци после стагнира) не ви ги дава посакуваните резултати. Аеробикот не гради мускули и не ги затегнува,баш спротивно вие само со аеробикот губите и мускули и масти што е многу лошо. Од друга страна фитнесот освен што ви го дава убавото тело што сте го посакувале за пократко време,секако треба да вложите исто толку многу и да не забушавате и да вежбате интензивно. Вежбањето со паузи од 5 минути не е вежбање. Една од причините зашто аеробикот дава резултати а теретаната не е затоа што,аеробикот имаш инструктор кој целовреме ти дава некакво внимание,а во теретаните не. Но јас сум тука да го променам тоа и ќе дадам сопствен пример наскоро
Е ајде кажете некоја добра програма и план за исхрана Јас од вчера почнав на фитнес, планирам да одам 5-6 дена во неделата.
Доволно е 3 пати неделно да вежбаш цело тело. 5-6 пати и станува не продуктивно. Ако целта ти е топење масти фокусирај се да биде доволно интензивен но не премногу и не се фокусирај на кардио вежбите. За исхраната посети ја темата. fitnes/rezim-za-topenje-masnotii-t18001/ Посвети внимание на тоа и ќе бидеш успешна.
Епа,генетика игра фактор,градите не се зголемуваат. Може да добиеш,поцврсти гради,но поголеми нема шанси.
дали некоја знае некоја програма или некое место каде месечно се плаќа до 800? бидејки секаде каде што прашав за аеробик беше до 1200 па ако знае некоја друга за поевтино, ако може нека сподели
Исхраната,повеќе протеини и зеленчук. Не можеш да речеш што е подобро зависи што бараш,но секако на долг период дигањето тежини и те како е подобро од аеробичните вежби. Причина за тоа е што се вклучени различни метаболички патишта и се забрзува метаболизмот,додека аеробичните вежби топат во моментот и ништо повеќе.
Да ми предложите некоја евтина теретана? Стварно имало некоја во Автокоманда 600 денари што наплаќала?