Ова е село, воедно најубавото кое сум го видела на телевизија во Словенија. Со еден збор РАЈ. Татко ми се врати од Словенија баш и ми пушти да видам какво е на Незадолжително со Берта Додевска и што да видам останав запрепастена. Селото е толку цивилизирано, има замоци (една од работите што најмногу ме воодушевија), природа насекаде се средено, елени и срни по ливадите и ритчињата слободно се шетаат, куче како од цртаните филмови таква раса првпат во животов видов, се како од бајка! Има луксузни хотели, Словенциве знаејќи како да ја искористат термалната вода во хотелите има базени така добро средени како во сон! Има базени со термална вода на +38 степени, со ладна вода за преку лето, внатре сауни во хотелите, а како е добро средено останав без зборови! Терени за голф надвор, внатре за секакви спортови. Најдобрите американски села не можат со ова. Не за џабе е едно од најдобрите 11 туристички места во светот, што се зачудив а првпат слушнав за тоа село. Желба ми е да го посетам еден ден. Еве некои слики Дворец Кругот е како сепаре во термалниот базен и внатре се менуваат сите бои како во дискотека, има многу такви и внатре кога ќе влезеш има вода одозгора термална која слободно ти паѓа врз телото и се смета како масажер, а внатре во хотелот има соба за одмарање со големи лампи обиколени со трски. Замок Најубавиот за крај, црквата-замок! Прекрасно!!
Другарка ми беше пред една недела во овој рај. Ми рече дека бунгалов за 4-ца возрасни платиле 50 еур. од ноќ. Бањите слободно ги користеле. Беше воодушевена ... а има и зошто
Прекрасно е, јас имав понуда за 40 евра од ден во хотелот тој со лавиринтите во базените погоре на слики што го има, скапо е тоа за нас но за странците не е. Некогаш ако имам прилика ќе отидам барем на 2-3 дена нема да жалам стварно е рај. Другарка ти добро поминала, супер е тоа
Леле преубаво изгледа.. ама мене ова повеке ми личи не само на одмор како одмор, туку ми се чини дека тука идат луге со здравствени проблеми? проблеми со кичма, коски, прават масажи, па тоа топлите води и сл.. не го кажувам ова за лоша работа, баш е прекрасно и би сакала да одам... и сметам дека 40-50 евра од нок и не е толку прескапо, според тоа што го гледам на сликиве..ваков рај би можел да чини и поскапо
Сестра ми беше летово. Беа на одмор низ Европа и назад навратија тука за да се одморат. Доста е шетана и и верувам на зборот, вели ова е едно од најубавите места кои ги посетила. И не е за луѓе со здравствени проблеми толку, колку што е и за луѓе со длабок џеб по мене. Они помалце платија во Брисел него ваму за 2 дена. А богами кога го гледам местово и сфаќам зошто.
Секоја чест за местово и за Словенците. Абе си знаат луѓето што е убаво, и како да го искористат. Прекрасно е. Искрено, прв пат слушам и гледам за местово, срам да ми е Обожавам природа, зеленило. Замоците, кулите. Еден ден, кога би имала можност, би го посетила.