Се води според ехото. Може имала подоцна овулација и е подоцна зачнато. Кај мене од почеток е помало за цела недела. И сите прегледи, скрининзи ги закажувам според ехо, не по последна менструација.
Ако се водиме по ехото, терминиве бучкуруш ќе се прават секој ќе си менува на една две три недели термин. Инаку баш поради тоа касна/рана овулација постои пораѓај од 36та до 42ра недела. Терминот е орентационен не е дека ти треба да го натемпираш точно на тој да се породиш. Тебе ако ти речат за 3дена ако не се породиш природно ќе те правиме царски, ти ќе пишеш тука женски терминот ми се помести на тоа дато де сменете ме? Нема логика.
Муабетот ми е ако од почеток не ти се совпаѓа ехото со менструацијата цело време ќе се водиш спрема ехото. Во случај на подоцна овулација. Скринигот во 12та недела го закажав подоцна за една недела, бидејќи кај мене од почеток е помало и разликата во мерките на секоја контрола е иста, помало за една недела.
Ама ќе видиш на крај дека ќе се изедначи или ќе надмине големина. Мене ми објаснија дека некои недели растат минимално или ич за потоа следните да пораснат наднаш. Растот не е рамномерен. И сега тебе ако во 25 недела ти се изедначи со терминот од последен циклус ќе го смениш ли тука ? Не знам мене ми е комплицирано така, и јас знам дека за една недела ми е поголемо ама не ми смениле термин туку знам дека не на 12ти, туку усте пред 5ти можам да се породам, а можене и не едноставно закчучив од тука дека нема правила.
Јас си се водам по последен циклус така ми е внесено на апликација. Тоа што кај мене е 2недели плус може ќе каже за пораѓај нешто,а контроли си терам по термин од циклус сега сум 29+ а по ехо 31+
Мене матичниот ми рече дека е подоцна зачнато автоматски и терминот ти се поместува. Според менструација термин ми е 22.09, а краен термин според докторот ќе ми биди 29.09
Целосно те разбирам иста сум и јас и ние на почеток имавме дилеми затоа што по последна менс требаше да е 11 недела а големината на плодот одговараше на 8 ипол затоа кога бев на 1 скринкг кај друг доктор за да слушниме и второ мислење и договот беше дека ке се водиме според големината и тогаш наместо 14 ми поместија 12гн и 3 дена и по тоа се водиме до крај. Да, знаеше да има промени во наредните месеци ама на крај пак се изедначуваа. Ова е вака кај особи како мене кои менс добиваат на 45, 50, 60 па и на 90 дена. А многу значи да се водиш по правилниот термин кога е зачнато детето за да не те брзаат на пораѓај да сте живи и здрави и не се замарај многу
И јас се водам по големина на плодот, 10 дена е разлика со датумот од последна менструација. Секој преглед си е исто, ниту еден ден се нема променето, и си одговара според датумот на кој го направивме . Дополнително е тоа што и јас немам редовна менструација и не се потпирам воопшто на тој датум.
Да се надоврзам на вашиов муабет. Последна менструација добив на 10.10.2018 и кога требаше да добијам за еден месец а не добив отидов на гинеколог. Гинекологот на ехото гледаше само точка и не беше дури јасно дека има нешто па морав да потврдам со тест. На наредните контроли кои ги правев често тој по докторски си знае кога почнува срцева реакција или гадење или димензиите на бебето и ми кажа дека ќе се водиме од 29.10.2018. Точно на тие датуми одговараше. Дури и симптомите кога ги читам на систина бебе- бременост по недели потполно ми се совпаѓаат така да последен датум ми е 05.08.2019. Му верувам на докторот и тој е еден од најпофалените во неговата струка. Сепак како и да е не се замарам многу кога ќе си дојде времето бебето само ќе си каже.
Исто и мене циклусот ми е продолжен, некогаш на 35, некогаш на 38, на 40 и овулацијата кај мене е подоцна Најбитно е докторот во таква ситуација да не те испаничи дополнително. Мојата матична беше отсутна и мораше да одам кај нејзината замена. Кога и кажав кога ми била последна менструација, а според ехото плодот беше помал, немаше ни срцева акција во тој момент, толку многу ме испаши кога ми рече ова не е арно, нема срцева акција, не може толку да е помало, треба веднаш да го абортираш. Така како од шала си кажа, ниту да ме утеши, ни да речи ќе почекаме. Си почекав јас уште една недела, само јас знам со каков страв ја поминав, и на нареден преглед кај мојата матична веќе имаше срцева акција. Некои доктори, ако можат доктори да се наречат, премногу брзо донесуваат заклучоци и што ќе беше ако ја послушав. Таков стрес ми направи што ми идеше да се вратам пак кај неа и да јс прашам " А ова сега не е срцева акција?"
Имав потполно иста ситуација но мене докторот ме подучи и убаво ни објасни кога ке ме преземе докторот кај кого ке раѓам да му објаснам се од почеток да не мисли дека плодот е мал или пак дека терминот ми е многу надминат па здравје ке видиме како ке не свати тој доктор
Девојчиња 28:22 Момчиња Февруари eni.r - 15.02.2019 Март Ygritte - 10.03.2019 Natasa87 - 12.03.2019 cacikr - 13.03.2019 thinkerbell - 13.03.2019 angel25 - 17.03.2019 Kejt777 - 17.03.2019 Nenna97 - 22.03.2019 ***Bony*** - 23.03.2019 sweety91 - 24.03.2019 789_angela - 24.03.2019 ***Najsrekna*** - 25.03.2019 YoursTruly - 25.03.2019 Ladyyyy567* - 26.03.2019 Lolipop23 - 27.03.2019 m.i.g - 27.03.2019 lavicata - 29.03.2019 Април Emilimi - 01.04.2019 SarChee- 06.04.2019 paleska3 - 07.04.2019 honeyboney - 09.04.2019 Ringispil_- 15.04.2019 Kukla994 - 16.04.2019 Schwanger - 21.04.2019 Bliznacki_M - 27.04.2019 NNA - 30.04.2019 Маj 123baby - 06.05.2019 flower55555 - 07.05.2019 alexsandraa - 08.05.2019 Happyinlove - 13.05.2019 Adeline - 21.05.2019 Puffy2019 - 22.05.2019 Куноичи - 23.05.2019 Someday - 24.05.2019 Lepoticata - 29.05.2019 Јуни t-sweet - 03.06.2019 maggy95 - 13.06.2019 drugarka - 16.06.2019 srekice - 16.06.2019 cinderella5 - 16.06.2019 Ive13 - 19.06.2019 Emma2 - 26.06.2019 Малечкоxxx - 30.06.2019 Јули Turna - 06.07.2019 NovemberStar - 06.07.2019 Leo - nora - 12.07.2019 hristinan12 - 21.07.2019 Август lilo - 05.08.2019 marchi-cool - 12.08.2019 Мариаа. - 12.08.2019 ocicka2014 - 12.08.2019 Yowannty - 14.08.2019 SexyGirl2 - 29.08.2019 Presrekna - 29.08.2019 Септември The Unicorn - 02.09.2019 Kaetana - 28.09.2019 Magic13 - 29.09.2019 Октомври Sofi.ja - 08.10.2019 koritsaki - 15.10.2019 *Mila24* - 21.10.2019 @Eni.r сепак испадна првиот термин