Јас сум утре на контрола у пм. И јас мислам ќе ме чека 37ма ко со Константин и ајт доста беше. А бебево у ребра ми е. Се надевам ќе се спушти.
И мене женката у ребра, другиов доле притиска со глава во канал мислам е влезен.. јас одам на цтг веќе 2ра недела 2 пати неделно. Океј е, само да се издржи до 36 е желба на докторов, па сеа ќе виидме. А уште не сум преселена и средена, хаоссс
Ауууу ти сигурно ќе си пред мене. Аиии слаткиши. Аааи се возбудив!!! Во 9ти влагаме на 8ми јули, ти некој ден пред мене беше или со мене топтан? (Димчев рече кај мене краен е 7ми/8ми август)
Мене првично 6ти август, ама ми го премести пред 3 недели докторката ми спомна нешто 27 јули, појма немам. И јас се возбудив офф
@Thallia прекрасна вест мамичкечеститкииии, да ви е здрава и жива принцезата малатебе побрзо ооравување, баш ми е мило. Се прерадував Гушкајте се сега
Јас мислев почеток на јуни ќе се породам. Ама еве во недела ми е термин,ние немаме абер за излегување Ме загрижува што многу малку сега ми мрда бебуш. Најверојатно нормално е.
И јас си планирав до 38-9 недела да се породам, па во 42 излезе на крај За мрдањето нормално е, мене ми кажаа да мерам 10ина пати да го осетам за 12 часа. Верувам дека редовно одиш на цтг, така да не се грижи.
Еднаш неделно одам на цтг, не е малку тоа? Се загрижив дека не ме гледаше на ехо, од кај да знаеме дали плпдова вода има доволно (знам паничам сега) Ама ете се ми се врти во глава. Тек во понеделник сум на цтг. Се извинувам на оф топик
Не е малку, ако надминеш термин одиш секој втор ден. А на ехо не знам зошто не те гледа, обично прво цтг се прави, па ехо.
Сега во понеделник ќе му речам да ме види на ехо. Претходната недела ме гледаше, оваа не. И си го гледам стомакот ко намален ми е и почнав филмови да си правам
Види следна контрола, Кате) И ја на твое место ќе си правев филмови. Сто пати правам тестови за бременост оти си правам филм дека нешто не е во ред,а 9та недела сум. До јануари ќе се шекнам. Добро шо на матичната не ни морам да и кажам па, кога прокрварев пред некој ден, прво бебето ми го покажа и ми го пушти срцето, после ми збореше шо и како е проблемот. Јас пред да отидам, тест правев..нели аматерска логика..ако нешто не е во ред, симптомите ќе ми ги нема, hCg-то ќе падне па секое сабајле си правам...лошење checked, глад checked.. грди мириси checked итн. Ццц
Жабче маа, оти се стресираш вака. Јас немав ниту еден симптом. Гладна си бев и пред бременост Повраќање не, киселини некаде до кај 14та недела, и тоа не секој ден. Крварев 3 пати од кои 1 обилно како менструација. И толку. Не барај секогаш симптоми, се ќе биде во ред
Ауу ахаххаах Ко јас да се читам сама. Кога ми прекинаа мачнините, една паника што ме фатиии. Па трк на доктор да видам дали е се во ред, дека немав мачнини и не повраќав
Не е малку уживај ,и мене сега не ме прегледа на ехо само вагинално си знаат докторите уживај си ,со почесто цтг преку ден два се почнува во 40 недела ,плус ти си првородка нормално е горе доле да го износиш до крај па и да го надносиш немаш простор за паника Како поминува време нормално е да мрдаат помалце се потесно им станува ,само кај мене е обратно и со првото и сега со ова пред пораѓај се најактивни мислам само ќе ми излезе некој ден од што е немирно ,јас не знам на толку качување симнување по скали како не и се присака да излезе на лепотицава моја