1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Терминот "Blue Mind"

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 7 јануари 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Навистина ми е жал што го слушам ова... но секој има фобија од нешто, дури и кога тоа е нерационална фобија.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На kikkki и +++ им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    А ја цел живот мислев дека сум само жедна...;(
     
    На theowndemon, Sanjichka007, blonde_supergirl и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Gosh всушност, поради фактот што жед преставува желба, односно потреба за течности барани од нашиот организам, тоа е нормален и основен механизам кој е вклучен во балансот на течности. Тоа произлегува од недостаток на течности или зголемување на концентрацијата на одредени осмолити, како што е сол. Ако волуменот на водата на телото падне под одреден праг или концентрацијата на осмолитот станува превисока, мозокот сигнализира жед. :)
     
    На blonde_supergirl и Gosh им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.260
    Знам, се зезав. Добро, лажам. Бев саркастична... :D
     
    На crimson, kikkki и Briar Rose им се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, и јас веднаш го препознав твојот (совршен) сарказам :D

    Само сакав да додадам дека има конекција меѓу терминот blue mind и течностите во нашето тело, кои поради дисбаланс предизвикуваат жед.
     
  7. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Многу интересна тема, јас исто така имам силно чувство во однос на водата, морињата, океанот, чувствувам некој вид на стравопочит и воодушевување на убавината кога го набљудувам морето.
    А и воопшто кон природата, зеленилото и се што е природно слично чувство имам.
     
    На kikkki и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Масару Емото е Јапонец кој има направено експерименти со вода и смета дека молекуларната поставеност е поврзана со човечката свест. Неговото убедување е дека водата реагира на зборовите кои и се упатени.
    Во документарецов можете да ги видите снегулките под микроскоп, вибрацијата која е испратена со зборови кон водата која е отпосле замрзната за да се зачува (замрзне) резултатот да би се видел под микроскоп.
    Секоја вода кон која е кажуван одреден збор резултира со убава снегулка ако е убав зборот или грда снегулка ако и биле кажани навреди.
     
    На kikkki и Briar Rose им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @faye да, и јас сум слушнала за овој експеримент.
    Но ниту една снегулка не може да биде иста или слична, односно секоја снегулка е различна и уникатна.

    Кога неколку ледени кристали се држат заедно, тие формираат снегулка. Како што снегулките паѓаат низ воздухот, се вртат и се движат во спирална насока, и секоја од нив поминува поинаков пат до земјата. Секоја снегулка паѓа и плови низ облаци со различни температури и нивоа на влага, што ја формира секоја снегулка на уникатен начин.

    [​IMG]

    Самиот експеримент кои тие го правеле било:

    1. обзервација врз кристалите од замрзната вода откако и покажале писма на водата
    2. покажувајќи и писма на водата
    3. пуштајќи и музика да свири на водата
    4. молејќи и се на водата

    Всушност, мене овде би ме интересирало дефиницијата за "убава" и "грда" снегулка?

    Според експериментот, за "убава" снегулка се смета ова:

    [​IMG]

    Додека за "грда" снегулка се смета ова:

    ba3bff4afc5162aa7c9b529401a98007--water-experiments-kangen-water (2).jpg
    Со други зборови, според овие слики, би дошла до заклучокот дека за "убава" снегулка се смета онаа снегулка која има вообичаена стереотипична форма, додека за "грда" снегулка се смета онаа снегулка која нема вообичаена стереотипична форма.

    Всушност, како што кажав и претходно, снегулките се само ледени кристали кои се држат заедно и поради одредени услови и околности, тие се формираат на различни начини - така како може да се земе ова за валидно, кога нема никаква наука вклучено во овој експеримент.

    Освен тоа, самиот Masaru Emoto нема споделено доволно детали за неговиот пристап со научната заедница.
    Јас лично сметам дека експериментите на Емото не се доволни за докажување бидејќи нема вклучено и други фактори кои играат улога во контролирањето на преоптоварувањето на водата.

    Освен тоа, Емото лично бил поканет да го прифати т.н. One Million Dollar Paranormal Challenge од страна на James Randi во 2003 година и за тоа би добил US$1,000,000 ако можел повторно да го спроведе експериментот под услови за тестирање договорени од двете страни - и тој сепак не учествувал, односно не го прифатил предизвикот.
     
    На honest girl, Bender Rodriguez и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Да седам во вода и да ја слушам, или да седам на плажа и да ја слушам -- ми буди пријатни чувства, ме релаксира. Убава е и за гледање ама повеќе го сакам чувството да лежам во плитко на песок и да ја слушам. Да шетам низ вода боса, кога е брановита да ме удира сакам, да ја чувствувам. Длабоко не одам зошто почнувам да паничам, не уживам во то очигледно. :D
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Тоа е сосема нормална реакција и вообичаено е да се чувствува вознемиреност поради свесноста и сознанието на фактот дека човекот како копнено суштество нема организам ниту пак систем за дишење развиен за да живее и да дише под вода, дури ни да го апсорбира кислородот кој се наоѓа во водата.
    Односно, секој знае дека без соодветна опрема би се удавил во длабока вода, особено ако не ја научил вештината на пливањето :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Максимум до ниво на гради одам, и неќам да сум под вода "незаштитена" зошто се осеќам дека немам контрола. Неќам да немам контрола. Ама затоа звукот на мирна и разбранувана вода, крајно ме релаксира.
    Дури и водата на аквариумот сакам да ја слушам како циркулира и како истеква од пумпта во водата.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @theowndemon јас пак повеќе ја преферирам шумата и нејзините звуци, вклучувајќи ги и реките :$
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Делфини и дожд, редовно си слушам од јутјуб.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Да, да и реките :D Од далеку ги сакам и реките. :lol:
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Покрај снегулките направен е и експеримент со ориз, не само од страна на Масару Емото, туку и многу луѓе сами дома си имаат направено таков експеримент. Оризот на кој му е секојдневно упатувано убав збор како благодарам, те сакам и слично останува бел, а оној на кој му се упатени погрдни зборови е црн. Игнорираниот исто така скапува.
    Нашите тела се поголем процент вода, не знам колку точно, околу 80% мислам. Можеби и затоа благословената осветена вода се покажала како лековита. На Водици рипаат у Вардар на минус степени температура и не се разболуваат, а некои и пијат од реката.
     
    На theowndemon, kikkki и Briar Rose им се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Можеби тој експеримент со оризот сепак се должи на веројатноста или условите токми тие зрна да скапат.

    Сепак, секој може да верува во што сака - мене лично овие експерименти ми немаат доволно поддршка во научна смисла на зборот, односно не се поткрепени со наука или валидни факти туку само на претпоставката дека човекот во себе поседува некаква енергија која би требало да влијае на состојбата на предметот кој се експериментира.

    Да, тоа е точно дека поголемиот процент од нашите тела се вода- освен крвта, плунката, урината и другите течности во телото, цврстите делови од нашите тела содржат многу вода, или вкупно 7 десетини од нашата вкупна тежина.

    Сепак имај на ум дека фактот колку вода има во човековото тело, зависи од повеќе фактори.
    Составот на телото варира според полот и нивото на кондицијата, бидејќи масното ткиво содржи помалку вода отколку немасното ткиво.


    Просечниот човек има 50-65%, додека новороденчето има 75-78%. Но како што човекот старее, процентот на вода во неговото тело се намалува до 60%
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Вода...
    Длабока, емоционална поврзаност имам со водата. Кога седам покрај поголема количина на вода чувствувам мир и исполнетост што инаку никогаш не ги чувствувам. Се чувствувам едноставно...цела. Можам цел ден да седам и да гледам во водата, да ги испитувам сите бранчиња или да ми пловат очите по мирната површина.
    Моето среќно место е напуштена плажа со тиркизно сино море. Така се смирувам најбрзо.
    Сон ми е да живеам покрај вода. Со маж ми сме договорени кога ќе се пензионираме тоа да биде на некое мирно местенце покрај вода... Ех, само да се исполни.
     
    На honest girl и Briar Rose им се допаѓа ова.