Што мислите за нападите во Анкара, Истамбул, Парис, Брисел? Мене некако премногу страв и паника ме фаќа, од ситоацијава...
Јас уште од нападот во Париз дадов мое мислење за ова. Неможам да сфатам како можи човековото срце да биди толку немилосрдно безразлика на тоа поради која идеологија се водат овие луѓе кои се разнесуваат себеси, за да наштетат на некој друг. Не ми е јасно како е можно ова, дали имаат совест, дали имаат чувства, што мислат, зошто така се однесуваат. За нападите мислам дека се крајно нехумани, морбидни, непотребни, злобни. Безразлика кој стој зад ова, безразлика кој е организатор, мора да биди најстрого казнет.
Мислам дека ќе има трета светска (колку и да не сакаме)... Ако Македонија влезе во ЕУ до тогаш, пропаднавме... Како пиуни во шах ќе им бидеме. САД секако ќе вмеша прсти тука, но ако отидеме на страната на Русија може би таму ќе ни биде спасот. Вака барем јас ја гледам ситуацијата. И зошто е темава во оваа категорија?
Ова го прават Американците, за да Европа ослаби и после да зависи само од САД, а не од Русија. Сега се води битката кон кого да се сврти Европа. Дали кон САД или Русија. Курдите се на страна на Русите, а Исламска Држава се поточно Американците. Исламска Држава е создадена на територијата на САД.
Ova ne e nova pojava za da te fakja panika, pobaraj na internet listi, islamistichki teroristichki akti vo zapadniot svet se sluchuvaat ushte od 60-te navamu.
Тоа што тие го наумиле и ке го направат никој не може да ги запре добро обучени инфилтрирани помеѓу бегалците тие се како невидливи.Распоредени на позициите на кој им е наредено тие се спремни во секое време да делуваат било каде во светот жално е само тоа што гинат невини луѓе нечии родители мајка, татко, брат или сестра и итн.Зацрнувајќи ги нивните семејства до крајот на животот жално е и тоа што не сакаме да се обединиме повеќето земји и да ги удриме онаму каде што треба за да завршат овие Кучињаа да го тероризираат светот и да нанесуваат болка и големи загуби во нечие семејство.
Прво се појави Исламска Држава. Па почнаа да сеат страв на Блискиот Исток. Јавно колеа и убиваа луѓе. Се тоа, за да се дознае за нив поубаво од народот. Е сега кога сите ги знаат кои се, они ја напаѓаат Европа, за да после Европа зависи само од САД и да бара помош од САД. Тоа е целата игра. А убеден сум дека и кај нас такво нешто ќе има. Тоа што му се случува на Ердоган и Турција сега, ќе ни се случува и на нас. Само прашање на време е кога. Многу борци имаат од Косово и Албанија. Тие сигурно и шетаат околу нас. Американците јавно кажаа дека го подржуваат лицето ЗЗ и доколку тој не победи, тогаш ќе се реши на друг начин. Како што е во Турција.
Мислам дека ова е америчко сценарио , да ослабе Европа , сепак ке ја дознаеме вистината после 20 години , нели после тие годинни сите тајни се откриваат! Мислам главна цел на терористиве се големите и богатите европски држави , каде што заминаја мигрантиве таму ке има и нереди! Мислам дека нашата држава не е под закана бидејки никој нема корист од нас!
Ја овој викенд седам дома, сите портали пишуваат дека у државата влегле терористи. Што е сигурно сигурно е
Проблемот е што секој може да има интерес од нив. Под секој мислам на секоја злобна група на луѓе, џихадисти, платеници, политика и сл. Пример некоја политичка структура од Европската Унија не им одговара што Европа прима толку многу бегалци, но за да најде добра причина за пред народот да го сопре приливот на бегалци, го прави терористичкиот напад во Брисел за да можат после да речат епа доста е, затварај границите. Но се знае и дека меѓу бегалците се протнуваат и припадници на ИСИС и Европа ги прима со тој очекуван ризик. Се разбира соседните Исламски држави не ги примаат пошто подобро од Европа го знаат тоа, иако им се „браќа по вера“. А можеби и не сакаат да се замараат, бидејќи примањето на бегалците значи и жртва за економијата и за народот. И Русија и Турција се разбира имаат голем удел во политиката. Турција дискретно ги подржува ИСИС и нели Путин покажа снимки како Турција увезува кордон на цистерни нафта од ИСИС, а Русија им ги бомбардираше со што се замерија и со Турција. Секоја варијанта е возможна.. нека Господ ни е на помош, оти ние не можеме многу да смениме, ситна риба е Македонија.
Се е ова во ред, особено се согласувам со @Херкул, меѓутоа од хумана перспектива, не е само Европа жртва. Колку луѓе загинаа во Чеченија, Палестина, Авганистан, Ирак, Либија, Египет, Тунис, Нигерија и Сирија се разбира, па никој не реагираше. (има и уште такви критични земји кои искрено не можам ни да ги донабројам). Да не ја спомнувам и Македонија, жртвено јагне тука на Балканот, ама не сакам да навлегувам во таа тема. Илјадници мажи, жени и деца загинаа, семејни лози се угаснаа, па никому ништо. Сите се тие невини луѓе, луѓе кои оделе на училиште, на работа, во ресторан, по секојдневни работи, не знаејќи што ги чека. Меѓутоа светските медиуми успеаа на луѓето ширум светот да им наметнат мислење дека сите Муслимани се терористи, и воила.за Париз и Брисел тагуваме сите, и хаштагуваме #PrayforOurWorld, а за Анкара - баш не заболе. Пред неколку месеци сепаратистичка ли, терористичка група направи масакр на студентски кампус во Нигерија. Илјадници млади луѓе загинаа, нигде по медиуми не се кажа тоа. Години наназад западноевропските земји и САД ги користат природните богатства на Африка, во договор со нивните влади и лидери, а луѓето живеаат во најголема беда и мизерија. Ама нас тоа не не интересира, тоа е во некој паралелен универзум. Пред две недели наша сонародничка загина во мисија на ОН во Брегот на Слоновата Коска, ама само на фејсбук се рашири веста, од нејзините најблиски. На ТВ ништо. Да не завлегувам во долг пост и офф топик, толку. И да одговорам на поставеното прашање, ситуацијата ваква каква што е, ме загрижува, и тоа многу.
Вчера имаше експлозија во Пакистан и десетици жртви. Од фејсбук ми пратија порака на мобилен да ме прашаат дали сум бил погоден од ексклозијата. Фејсбук мислел дека сме блиску до Пакистан и по грешка и на други од Македонија им пратија. А и не е толкава грешка, пошо според менталитетот и не сме многу далеку од Пакистан
Се зборува по фб дека Скопjе бил мета , кога ке имало излезеност на улиците дечина маскирани за 1 април , народ полно,не планирам да одам си викам недаj боже да се случи навистина