Видов дека нема тема за тестенини, а јас сум голем љубител на истите. Значи ме интересира дали и вие ги обожавате, колку често ги приготвувате и некои ваши омилени рецепти. Јас обожавам лазањи и макарони подготвени на разни начини, шпагети во болоњезе сос, канелони- ама баш се. Пишете дали и вие ги приготвувате и не заборавајте да пишете и по некој рецепт
Италијанската кујна ми е омилена. Јадам се и сешто од тестенините, ама најмногу ги обожавам макароните со сирење, а врз тоа доматен сос. Секој викенд тоа ми е на менито за доручек. Сакам и лазањи, мајка ми одлично ги приготвува
Ух..ух.. ух... ..ме погоди со темава..Обожавам италијанска храна..Пици,шпагети,макарони,тортелини итн.со разни сосови..лазањи...И обавезно сама си приготвувам..посебно сосови..
Со оглед на тоа што пицата ми е омилена - тестенини јадам многу. Од пиците најмногу сакам Капричиоза, а сакам и макарони потпечени со јајца и сирење или едноставно варени макарони со вегета. А обавезно еднаш неделно за доручек јадам губи (јуфки) со топена зденка...
Тестенини баш и не сакам многу, многу, ама ги јадам, кога немам време за друго... најмногу сакам лазањи болоњезе, и потпечените макарони кои сама си ги правам.
Тестенини можам да јадам буквално секој ден, и да не ми здосадат... се разбира ако е различен сосот Ако сум на брзање, варам јуфки, и во сос од домати ставам малку оригано, може и печурки, или пак сув босилок и лук. За 20 минути се е комплетно готово. Исто така скоро секогаш дома имам и од готовите сосови на Барила или Подравка. А и лазањи често правам, со мелено месо, бешамел и кашкавал. Сакав да прашам, канелоните како се подготвуваат? Само се печат наполнети, омекнуваат ли доволно? Се става ли вода или нешто друго? И уште едно прашање, има ли некој добра рецепта за бешамел? Јас го правам со 125 г путер, 3 лажици брашно, и пола литар млеко, ама некако многу ми удира на путер, јак е ептен вкусот, па лазањите имаат вкус на пржен путер.
Ариел, многу путер ставаш во сосот, затоа имаат таков вкус лазањите. А јас бешамел сосот го правам со 2 лажици путер и 2 лажици брашно и пола литар млеко и супер е. Инаку за канелоните незнам и јас рецепт, обично си ги јадам во пицерија.
Obozavam testenini i mnogu cesto si pravam. Kanelonite gi polnam so meleno meso pecurki i kecap - otkako ke gi stavis vo plehot se stava voda i se stavaat vo rerna , koga ke bidat skoro gotovi mu stavam rendan kaskaval i gi vrakam uste nekolku minuti vo rerna . Prsti da izlizes
Од муабетиве се заинтересирав и јас за канелони, а не сум пробала до сега, па побарав по интернетов рецепт. Еве што најдов. Значи прво се варат, па после во рерна. Би требал да е добар рецептов. Јас ќе го пробам утре за ручек. Крем канелони со пилешко Потребни состојки: * 220 грама Шампињони * малку Црн пипер * 100 милилитри Суво бело вино * 450 грама Спанаќ * малку Сол * 175 грама Сирење * 80 грама Путер * 400 грама Пилешко * 40 грама Пармезан * 100 милилитри Масло * малку Мајчина душица * 3 чешниња Лук * 1 Коцка за супа * 150 грама Кисела павлака * 3 Канелони * 50 грама Брашно * малку Босилок * 175 грама Шунка * Време за подготовка: 20 мин. * Време за готвење: 60 мин. Подготвување: На пилешките копани им ја отстрануваме кожата и ги ставаме во тенџере со зовриена вода да се варат. Канелоните ги вариме во тенџере со зовриена и посолена вода, во која сме додале масло. Во тенџере со зовриена вода го ставаме предходно исчистениот спанач да се обари. Во тенџере со зовриена вода ја ставаме коцката супа да се вари супа. Шампињонте и лукот ситно ги сецкаме и ги пржиме во тава со загреано масло. Сварените канелони и обарениот спанаќ ги плакнеме со студена вода. Исцедениот спанаќ го сецкаме и го додаваме во тавата на оган. Во тавата додаваме путер, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Во тава со растопен путер и загреано масло на оган го додаваме брашното да се пржи. Мешаме за време на пржењето и додаваме исецканата мајчина душичка и босилокот. Сварените копани ги плакнеме со студена вода. Пилешкото месо го чистиме од коските, ситно го сецкаме и го додаваме во тавата со бешамел сосот. Во тавата ја додаваме исецканата шунка и го рендаме сирењето. Во намаснета тава за печење ги ставаме шампињоните со спанаќ. Смесата од пилешко и шунка ја полниме со готварски шприц и ги полниме канелоните. Потоа ги редиме во тава за печење. Ги додаваме пармезанот, една црпалка супа и промешуваме. Со овој прелив ги преливаме полнетите канелони. Во тавата за печење ја налеваме преостанатата супа. Ја затвораме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 35 минути на температура од 200 степени.
Дали јадам тестенини? Ами ако не се тие, сто посто и гладна ќе седам Не, стварно,омилено јадење ми се, си ги правам сама, како ќе ми текне во моментот, дали со специјален сос, или така само со кашкавалче, сиренце...макарони, шпагети, се, и дома, ама и готови понекогаш си земам.Ама највкусни, превкусни ми се тато кога ќе ги направи...ама не го знам рецептот, со мелено месо се, ќе го прашам и ќе го пишам
Не сум љубител на тестенини,море каков љубител,хејтер сум не памтам кога последен пат сум пробала.Не ми се вкусни,на било кој начин подготвени не ги јадам,и не се ни обидувам да пробам.Ако има тестенини,исто ми е како да нема ништо,гладна ќе си осатанам али не јадам.
Обожавам тестенини , сигурно јадам 3 пати во месецот, најмногу си ги јадам со мајонез, кечап и сиренце, ама добри се и со некој сос , сама што си го измислувам (на пример последен пат кога направив сос, дома имав павлака, кашкавал и вака направив, на павлаката и турив малку јогурт и ја разредив и внатре исечкав кашкавалот на ситни парченца додадов и од теглата шампињони и тие ситно ги исечкав и сето тоа убаво го измешав и смесата како сос дојде, вкусно беше , сето тоа го турив врз жешкии шпагети)ММ вкусно, сатот дојде 23 јас за храна сум фатила да пишувам да му се пријаде на човек
Тестенини јадам,меѓутоа само макарони и шпагети,со многу кечап,сирење,па некогаш во нив додавам и вегета,оригано,сол колку малку да има вкус,едно време јадев италијанска паста,ама ја откажав,некако ми е тешка,сега само макарони и шпагети
molam vi se recept za lazanji neznam kako sew pravat a cekat rucek od mene denes i ince namesto puter moze li margarin
http://www.hrana.com.mk/contentr.php?PI ... D=1&ID=480 Еве линкче за рецепт, може и без бешамел да ги направиш, само ќе ставиш повеќе доматен сос. И може путерот да го замениш со маргарин.
Ариел, мило ми е што ти помогнав, незнам кој те излажал да ставаш толку путер во сосот . Јас обожувам бешамел сос, убав ми е и така да го јадам, посебно ако е со meggle путер, абе милина .