Тестенини - дали ги јадете и рецепти за нив

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од sesilija, 14 април 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.226
    Видов дека нема тема за тестенини, а јас сум голем љубител на истите. Значи ме интересира дали и вие ги обожавате, колку често ги приготвувате и некои ваши омилени рецепти.
    Јас обожавам лазањи и макарони подготвени на разни начини, шпагети во болоњезе сос, канелони- ама баш се. Пишете дали и вие ги приготвувате и не заборавајте да пишете и по некој рецепт ;)
     
    На Beauchamp, BrightEye, Shoe-Gal и 5 други им се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Италијанската кујна ми е омилена. Јадам се и сешто од тестенините, ама најмногу ги обожавам макароните со сирење, а врз тоа доматен сос. Секој викенд тоа ми е на менито за доручек. Сакам и лазањи, мајка ми одлично ги приготвува :)
     
    На Queen^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    Ух..ух.. ух... :) ..ме погоди со темава..Обожавам италијанска храна..Пици,шпагети,макарони,тортелини итн.со разни сосови..лазањи...И обавезно сама си приготвувам..посебно сосови..
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Со оглед на тоа што пицата ми е омилена - тестенини јадам многу.
    Од пиците најмногу сакам Капричиоза, а сакам и макарони потпечени со јајца и сирење или едноставно варени макарони со вегета. А обавезно еднаш неделно за доручек јадам губи (јуфки) со топена зденка...
     
    На lolita97 и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.349
    Допаѓања:
    14.816
    Пол:
    Женски
    Од тестенини јадам макарони. Ги јадам со сирење и со кечап.
     
    На Just.you му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    многу ги сакам шпагетите со болоњезе сос, посебно кога сама ќе си ги приготвам, ептен се вкусни :wasntme:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    80.877
    Пол:
    Женски
    Тестенини баш и не сакам многу, многу, ама ги јадам, кога немам време за друго... најмногу сакам лазањи болоњезе, и потпечените макарони кои сама си ги правам.
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.389
    Тестенини можам да јадам буквално секој ден, и да не ми здосадат... се разбира ако е различен сосот :D Ако сум на брзање, варам јуфки, и во сос од домати ставам малку оригано, може и печурки, или пак сув босилок и лук. За 20 минути се е комплетно готово. Исто така скоро секогаш дома имам и од готовите сосови на Барила или Подравка. А и лазањи често правам, со мелено месо, бешамел и кашкавал.

    Сакав да прашам, канелоните како се подготвуваат? Само се печат наполнети, омекнуваат ли доволно?
    Се става ли вода или нешто друго?
    И уште едно прашање, има ли некој добра рецепта за бешамел? Јас го правам со 125 г путер, 3 лажици брашно, и пола литар млеко, ама некако многу ми удира на путер, јак е ептен вкусот, па лазањите имаат вкус на пржен путер.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.226
    Ариел, многу путер ставаш во сосот, затоа имаат таков вкус лазањите. А јас бешамел сосот го правам со 2 лажици путер и 2 лажици брашно и пола литар млеко и супер е.
    Инаку за канелоните незнам и јас рецепт, обично си ги јадам во пицерија.
     
  10. bitch091

    bitch091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Obozavam testenini i mnogu cesto si pravam. Kanelonite gi polnam so meleno meso pecurki i kecap - otkako ke gi stavis vo plehot se stava voda i se stavaat vo rerna , koga ke bidat skoro gotovi mu stavam rendan kaskaval i gi vrakam uste nekolku minuti vo rerna . Prsti da izlizes :)
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.389
    Фала Сесилија и Бич091за рецептите, обавезно ќе ги пробам деновиве.
     
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    331
    Од муабетиве се заинтересирав и јас за канелони, а не сум пробала до сега, па побарав по интернетов рецепт. Еве што најдов. Значи прво се варат, па после во рерна. Би требал да е добар рецептов. Јас ќе го пробам утре за ручек. :)

    Крем канелони со пилешко

    Потребни состојки:

    * 220 грама Шампињони
    * малку Црн пипер
    * 100 милилитри Суво бело вино
    * 450 грама Спанаќ
    * малку Сол
    * 175 грама Сирење
    * 80 грама Путер
    * 400 грама Пилешко
    * 40 грама Пармезан
    * 100 милилитри Масло
    * малку Мајчина душица
    * 3 чешниња Лук
    * 1 Коцка за супа
    * 150 грама Кисела павлака
    * 3 Канелони
    * 50 грама Брашно
    * малку Босилок
    * 175 грама Шунка



    * Време за подготовка: 20 мин.
    * Време за готвење: 60 мин.




    Подготвување:
    На пилешките копани им ја отстрануваме кожата и ги ставаме во тенџере со зовриена вода да се варат.

    Канелоните ги вариме во тенџере со зовриена и посолена вода, во која сме додале масло.

    Во тенџере со зовриена вода го ставаме предходно исчистениот спанач да се обари. Во тенџере со зовриена вода ја ставаме коцката супа да се вари супа.

    Шампињонте и лукот ситно ги сецкаме и ги пржиме во тава со загреано масло.

    Сварените канелони и обарениот спанаќ ги плакнеме со студена вода. Исцедениот спанаќ го сецкаме и го додаваме во тавата на оган. Во тавата додаваме путер, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Во тава со растопен путер и загреано масло на оган го додаваме брашното да се пржи.

    Мешаме за време на пржењето и додаваме исецканата мајчина душичка и босилокот. Сварените копани ги плакнеме со студена вода.

    Пилешкото месо го чистиме од коските, ситно го сецкаме и го додаваме во тавата со бешамел сосот. Во тавата ја додаваме исецканата шунка и го рендаме сирењето.

    Во намаснета тава за печење ги ставаме шампињоните со спанаќ. Смесата од пилешко и шунка ја полниме со готварски шприц и ги полниме канелоните. Потоа ги редиме во тава за печење.

    Ги додаваме пармезанот, една црпалка супа и промешуваме. Со овој прелив ги преливаме полнетите канелони. Во тавата за печење ја налеваме преостанатата супа. Ја затвораме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 35 минути на температура од 200 степени.
     
    На bella.gk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Дали јадам тестенини? Ами ако не се тие, сто посто и гладна ќе седам :D Не, стварно,омилено јадење ми се, си ги правам сама, како ќе ми текне во моментот, дали со специјален сос, или така само со кашкавалче, сиренце...макарони, шпагети, се, и дома, ама и готови понекогаш си земам.Ама највкусни, превкусни ми се тато кога ќе ги направи...ама не го знам рецептот, со мелено месо се, ќе го прашам и ќе го пишам :$ :D
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.173
    Не сум љубител на тестенини,море каков љубител,хејтер сум :) не памтам кога последен пат сум пробала.Не ми се вкусни,на било кој начин подготвени не ги јадам,и не се ни обидувам да пробам.Ако има тестенини,исто ми е како да нема ништо,гладна ќе си осатанам али не јадам.
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Обожавам тестенини , сигурно јадам 3 пати во месецот, најмногу си ги јадам со мајонез, кечап и сиренце, ама добри се и со некој сос , сама што си го измислувам (на пример последен пат кога направив сос, дома имав павлака, кашкавал и вака направив, на павлаката и турив малку јогурт и ја разредив и внатре исечкав кашкавалот на ситни парченца додадов и од теглата шампињони и тие ситно ги исечкав и сето тоа убаво го измешав и смесата како сос дојде, вкусно беше , сето тоа го турив врз жешкии шпагети)ММ вкусно, сатот дојде 23 јас за храна сум фатила да пишувам :D да му се пријаде на човек
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Тестенини јадам,меѓутоа само макарони и шпагети,со многу кечап,сирење,па некогаш во нив додавам и вегета,оригано,сол колку малку да има вкус,едно време јадев италијанска паста,ама ја откажав,некако ми е тешка,сега само макарони и шпагети :)
     
  17. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    molam vi se recept za lazanji neznam kako sew pravat a cekat rucek od mene denes:):) i ince namesto puter moze li margarin
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    http://www.hrana.com.mk/contentr.php?PI ... D=1&ID=480
    Еве линкче за рецепт, може и без бешамел да ги направиш, само ќе ставиш повеќе доматен сос. И може путерот да го замениш со маргарин.
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.389
    Фала многу на Сесилија за објаснувањето за бешамел сосот, го правев и супер излезе.
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.226
    Ариел, мило ми е што ти помогнав, незнам кој те излажал да ставаш толку путер во сосот :lol: .
    Јас обожувам бешамел сос, убав ми е и така да го јадам, посебно ако е со meggle путер, абе милина :) .