Можам да јадам тестенини секој ден, по цел ден и да не речам доста е Сакам...не, не обожавам тењстенини, приготвени на било кој начин и со било каков сос.Сепак омилени ми се карбонара
Планирам да спремам вечера за мене и мојот љубен. И што ќе биде најидеално нешто за romantic dinner ако не тестенини со винце? Е сега.. моето прашање е кој од вас ги има пробано тестенините со 4 вида сирење од podravka? Ви се допадна?
Ммм, многу се убави тие на подравка исто и тестенините карбонара. Сепак ако сакаш да се потрудиш повеќе и самата да зготвиш нешто за него ќе ти напишам рецепт за тестенини карбонара. Најубаво би било со оние тестенини како резанки што се или со многу ситни макарони. Тие си ги вариш најнормално. Потребни ти се свежи печурки, по желба колку сакаш, ги сечеш тенко по должина и ги пржиш во малку зејтин и ги посолуваш, потоа додаваш сланина (исто по желба со количината), сланината би ти препорачала да е чадена, повкусна е и одкако тоа убаво ќе се пропржи додаваш павлака за готвење, малку да прокрчка па потоа тоа го мешаш во тестенините. Превкусно е! Ако не обожаваш сланина може наместо тоа да ставиш пилешко месо тенко сецкано и да додадеш кари.
mims-89, а овие од podravka со 4те вида сирење, шпагети се или макарони? Мене ми се гледаат како макарони ама не сум сигурна.. Фала ти многу за советот, ако ми треба помош ќе ти пишам.
За тестенини сум тата-мата. Нема некој посебен рецепт. Мајка ми, обично шпагетите ги прави со гулаш. Spoiler Макароните, или само варени, или печени во тавче со сирење. Spoiler А јуфките, само со сирење и ќечап. До сега, само шпагети, не сум пробала да направам. А макарони, и јуфки правам редовно.
Сите видови тестенини ги јадам освен шпагетите.Ги јадам и нив ама не ми се омилени,на последно место ги ставам..
Пица ми е омилено јадење а тоа е = на тоа дека сакам италијанска кујна....Па така и тестенини обавезно 1 неделно ама за жал рецепти не знам....
Можам да кажам дека тестенините ми се едно меѓу омилените јадења.Премногу ги сакам Иначе незнам некој посебен рецепт,мајка ми ги прави макароните со сиренце и јајце потпечени в релна. Шпагетите ги јадам со кечап и мајонез. А јуфките само со сиренце,или пак краен случај со кечап