Па секаков вид на тестенини јадам шпагети,макарони,лазањите... буквално се што е од тестенини сакам да јадам
Обожавам тестенини. Сум пробала секакви, ама омилени ми се стандард макарони со тие сосовите со кои ги прави татко ми, фант, италијано/мексикано и кашкавал им става и кога ќе се стопи внатре, мераци. И некогаш си ставам и пармезан одозгора, ама ретко. И шпагетите понекогаш вака ги подготвуваме, иако понекогаш ги сакам само со сирење или сирење и кечап. Исто ги сакам и оние вртените макарони, како ли се викаа бре ги заборавив сега, тие ги јадам само со кечап. Сакам и потпечени јуфки со сирење. Туф, ми се пријаде сега.
Уф, дефинитивно моја тема, па не за џабе денеска зготвив макарони со еден преубав сос, од овде рецептот е. Инаку јадам се од тестенини, од макарони, јувки, шпагети, тарана. Ги сакам со кечап, оригано, сос најчесто јас што го правам, сирење. Превкусни се.
Девојки, денес си купив тортелини со кашкавал. Ќе може ли некоја да ми каже како да ги приготвам, некој сос и слично. Фала.
обично спремам јуфки во тава живи јуфките ги ставам во тава 1 шоља млеко(за чај од 250 гр.) 1 шоља вода кисела 1 шоља зејтин зачини вегета,оригано,сол,босилок. малце шункова салама сецкам и печурки шампињони од кеса ке помешам,добро ке го измешам сето тоа и на 250 степ. да се пече едно 20-30 мин на крај на угасната релна рендам кашкавал одозгора 5 мин. да се стопи кашкавалот и потоа ух слатко си ги јадам со кечап одозгора...ммммммм..цела тава ке изедам,ко гибаница се!!!
Ау колку ги сакам. Обично ги правам макароните потпечени со сирење. Еднаш си направив со печурки и сирење и беа мама миааа. Значи ист нормален процес, само што доставаш печурчиња, заедно со сирењето. Инаку, си правам и со ракчиња во шведска оти се евтини. Макароните ги вариш, а на страна пропржуваш неколку лукчиња исецкани, магоднос, ракчиња мали, јас да ви кажам на крај ставам и павлака, биберче и пармезан и топ ми се..
ги јадам и јас тестенините многу. најчесто со кечап и сирење а у последно време макароните ги јадам со павлака,мајонез, шунка и марула. јадам и јуфки и тарана, но тараната само со сол така не ми е по мерак. знае некој да ми каже некој рецепт да не ми биде така.. досадна по вкус?
Ако не секој ден два пати во неделата мора да направам шпагети или макарони, едноставно ги обожавам, а и лесни се за готвење, начесто ги јадам со сос или со јогурт зависи што има во моментот дома.
Постојано експериментирам со тестенините и ги имам пробано со секакви салтанати. Најнова зараза ми е, додека уште се варат (макароните или шпагетите) да им додадам лажица сенф и така да си крчкаат. Превкусни се, сенфот им дава многу убав шмек. Им додавам и златна мешавина, или пак ситно насецкано лукче и сушен морков (доколку немам свеж) и малку магдонос или оригано. Деновиве планирам да направам тестенини со туна и кисели краставички, ама уште ја осмислувам комбинацијата. Ќе пишам ако се наканам да ги стокмам.