Омилено јадење ми се тестенините. Најчесто ги правам со кечап,мајонез и сирење. А понекогаш купувам од готовите сосови од Подравка во тегла што се.
Обожавам тестенини, посебно макарони.Најчесто ги јадам со сирење и кечап.Знам да правам и болоњезе и карбонара сосови, убави се, ама за мене се некако многу тешки и калорични, така да, ретко ги јадам
Обожавам тестенини,а најубави ми се тортелините со месо,со некој сос врз нив.Уште само да научам да ги правам.
Јадам да,најубави комбинации макарони со сирење и јајце потпечени и шпагети со сос од домати и мелено месо.
Мајками прави многу убави лазањи,исто така и пече макарони во рерна,ги става макароните во тавче,става малку јогурт и сецка шунка и кисели краставички и малку сирење,ПРЕКРАСНИ СЕ ! А јас правам многу убави шпагети ама секад сум сакала да направам со мелено месо баш како што треба,има некој рецепт за шпагети со сос од мелено месо?
Шпагети со мелено месо Се варат шпагетите најнормално се процедуваат и се подготвува сос на следниот начин: 300-400 грама мелено месо е потребно за едно пакетче шпагети. Прво се пржи една главица кромид заедно со 2 моркови изрендани. Откако ке се испржат се додава месото, се пропржува и се додава едно паковање Томатело доматен сос, по можност со вкус на босилек и се остава да крчка да стане густо. Сосот се прелива над шпагетите и најгоре се става рендан пармезан. Многу е вкусно.
Само шпагетиииии варени со водичка од туршија пиперчиња и пиперчиња и кечап и оригано па нема нешто повкусноооооооооооооооооооооо
Чекај не разбрав, водата од теглата кај што стојат пиперчињата ја префрлаш во тенџере, ја зовриваш па во неа ги вариш тестенините???? прв пат слушам, ама ке пробам, посебно е интересно затоа што се ближи велигденскиот пост, а ова е посно јаденје, ке го пробам задолжително.
Последен период сум зависна од шпагети со сос од печурки. Во тавче ставам малку путер, пола чешне лук и свежи сецкани шампињони. Ги пропржувам додека не испари водата па ги додавам претходно сварените шпагети. Зачинувам со сол и оригано. Додавам во тавата од онаа универзална павлака за готвење (онаа на Мегле ми е најубава) и мешам додека не се згусне. Може да се додаде и некое парче кашкавал чисто за шмек и повеќе калории И готовооо, брзо и вкусно
И јас ги обожавам. Порано ги јадев само со сирење, а сега ми се многу вкусни со хопла, шунка и печурки и оригано врз се мммммм
ГИ ОБОЖАВАМ Макарони во тавче -една кеса макарони во спирали или кругови -1 шоља зејтин -2 шољи млеко -2 шољи вода -2 јајца матени -малце сол,вегета,оригано.... -здробено сирење,салама,печурки...што имате се печат(не варени претходно) околу 30 мин. а 5 мин.пред да се готови се ренда кашкавал одозгора и БОН АПЕТИТЕ Преубави се како гибаница!
многу се убави и јас ги правам често, но според мене е многу една цела шоља зејтин, јас ставам пола....
Обожавам тестенини, од сите видови. Во последно време сакам да направам аршлама, само не можам да најдам рецепт. Кој има нека пиши. За оние кои не знаат, изгледа како ѓомлезе и измеѓу корите има тарана. Spoiler можеби има и друго име
Ги обожавам. Интегрални макарони,шпагети,јуфки... Варени со кечап,запечени,со туна......мммм Ги сакам на милион начини! Теста исто многу сакам,пецива,пити,пици...