ги обожавам секакви буквално нема рецепт шо не ми се свиѓа но во последно време ги јадам: макарони варени најнормално (не преварени, не живи т.е ТАМАН) со томатело(со босиљок и оригано) и хопла (Halta Cuchino бел сос, нешо ко бешамел сос му иде) заедно двата црвениот и белиот помешани и по желба печурки запржени во зденки... леее сеа како ми се прејаде у 1ипол....
Не сум љубител на тестенини и обично си купувам инстант, со четири сирења. Единствен рецепт што си го смислив јас е да пропржите зеленчук по желба (домати, тиквички, модар патлиџан односно што имате дома). Јас обично се држам за доматот, ги варам тестенините а потоа исцедени ги ставам во тавата да се пропржат со зеленчукот. Додавам босилек, и на крај може некое сиренце одозгора да се растопи и да му даде шмек. Многу брз рецепт, а вкусно е.
....ги сакам тестенините и тоа во сите можни форми и вкусови...во последно време ги правам тортелините во тава и ете еден мој рецепт..... ТОРТЕЛИНИ НА МОЈ НАЧИН 1 пакетче тортелини/се варат и цедат на цедалка. Во тавче за пржење се клава 50 гр.масло,се додава 300 гр.шунка исечена на стапчиња,се пропржува околу 5-6 мин се заедно се додава 1 лајче оригано,и 1 лажица црвен пипер. Смесата од тавата за пржење се додава кај тортелините кои исцедени ги ставивме во тава за печење,се промешуваат заедно,одозгора се ренда 300 гр.бело сирење и се клава во релна да се потпечи 20 мин на 200 степени... Преубав вкус и згодна е како главно јадење....пробајте....
Италијанската храна дефинитивно ми е една од омилените Јадам речиси се и сешто што е тестенина. Најмногу тортелини, шпагети со балоњезе сос и кашкавал, лазањи приготвени на секаков нaчин итн.. Сега ми се прејаде
Макарони и шпагети обожавам. Вообичаено ги јадам варени,со рендан кашкавал и шунка,и секако не поминуваат без кечап и мајонез.
Ги обожавам и неретко ми текнува во 2-3 саат по полнок да си ги зготвам.. не бирам време и место коа сум гладна..
Даа ги јадам ќе ви кажам еден рецепт не е нешто посебно ама ми е премногу вкусно, откако ќе ги сварам макароните или шпагети, ги цедам и ги пропржувам со една коцка путер (20гр) и им додавам рендан ајдамер (150гр) ова е за двајца.... кашкавалот кога ќе се растопи и од путерот имаат прекрасен вкус
Јадам ама поретко бидејќи не ме најадуваат и после пола саат мора пак да јадам. Инаку многу сакам вшпагети обично варени само со сол и кога ќе се процедат да се стави едно парче кристал маргарин да омекнат и да се стават во чинија откако ќе се растопи. Инаку одозгора ги обожавам да ставам сосче што сама си го припремам односно една свежа краставица се сецка ситно на праченца и се додава мајонез и сол. Се меша убаво и се става врз шпагетите. Не сте свесни колку е вкусно мммм
Пица макарони! Макароните ги варам, потоа ги ставам во тепсија и внатре ставам печурки, шунка, оригано, кечап и најодозгора парчиња кашкавал и печам.
Италијански виц апропо прислушкувањето на САД на повеќе европски земји. - Повеќе од 8год американците не прислушкувале. И што слушнале? Секој разговор меѓу италијаните почнувал со како си, што правиш, што зготви, како го направи? И после толку години прислушкување, СЕУШТЕ ГИ ПРАВАТ ШПАГЕТИТЕ СО КЕЧАП!!!! Значи совет, никако тестенините со кечап. Сос од патлиџани, па додадете и зачинчиња, преубаво .
мора да ти го пробам рецептов после зашто лиги до земја ми потекоа звучи феноменално, се надевам такви и ќе ги напраам ќе ви пишам како излегоа
Јас ги варам, но без зејтин и путер. Ги цедам и одма им ставам рендано сирење и ги мешам и њам њам... Порано ги јадев и со кечап. Но кога ќе ставам кечап не го осеќам сирењето и затоа го баталив кечапот.
Нема да зажалиш. Па пиши, да видиме како ти излегле. [/quote] Ги направив и мислам дека одвај дишам од прејаденост и уште ми се јаде уфф ова е најдоброто нешто што сум го пробала последнава недела има многу почесто да ги правам сега. Фала ти инаку мислев да ги сликам и да ви прикачам, али се внесов во нив и више нема. Ајде нареден пат и слика ќе прикачам Инаку многу сакам лазањи, ги обожавам и ги правам на тој начин што состојките се истите само додавам и тегла маринирани печурки во смесата и малце од таа водичка. Ставам малце зајтинче во тавчето и редам ред лазањи па ги премачкувам со зејтинче, па фил па цели парчиња кашкавал и така ја повторувам постапката дур не се потрошат состојките. Последниот ред ставам фил и многу печурки и многу парчња кашкавал и налевам вода во тавчето и малце од водичката од печурките. Се пече на 200 степени околу дур не испари водата и лазањите се заруменат и кашкавалот се стопи. Пријатен апетит