Ќе може ли да ми препорачате каде во Скопје има ресторани кај што прават најубави тестенини? Освен Венето, таму е скапо, како што разбрав, а не сум бил.
Џовани во Лептокарија имаат преубави сосови за тестенините. Тоа сега-за сега ми е најдоброто место за тестенини.
Јадам, и макарони и шпагети и тоа најчесто со хопла и печурки или туна и кечап (мајка ми знае да ги направи најубаво), знам понекогаш и со сирење и кечап Баба ми од на татко ми страната прави ПРЕВКУСЕН домашен кечап кој обожавам да го јадам со макарони ммм
Од тестенини најмногу сакам макарончиња потпечени во рерна со шунка,кашкавал,печурки и прелиени со млеко+јајце+сирење и како прилог павлака мх мераци, секоја трета ден си ги приготвувам
Тестенините ми се на прво место во списокот со храна. Ги подготвувам секој втор ден, а понекогаш и секој ден. Значи еден оброк во денот мора да содржи тестенини. Ги правам на најразлични начини, со најразлични сосови и секој нареден пат ги правам на поинаков начин. Во главно, користам сосотојки кои во моментот ги имам дома.
Секако дека да најчесто ги правам со сосот од маги што е за стек, 4 врсти сирење шо е....хоплата ја загревам во тенџерче му го ставам прашакот од маги, и така да си крчка некое време да се згусне, и над макарончиња или шпагети....мхмхмхмх пренајубо
Обожавам тестинини Да ви го кажам рецептот за макарони во рерна. Потребно е макарони, 3 (или 4) јајца, кисела вода, пола филџан зејтин, сирење (по избор), една кафена лажичка сол и една веѓета. Во посебен сад се кршат јајцата, се става зејтинот, солта, веѓетата, се рони сирењето па се меша и на крај се става и киселата вода и се меша. Макароните се ставаат во тавче и се полеваат со смесата, а потоа се ставаат во претходно загреана рерна на 250 степени. По 20 минути се намалува рерната и по 10тина минути се исклучува, малку да отстојат во рерната и се готови
Можам да кажам дека тестенините ми се едно од омилените јадења, со различни варијации, вкусови и форми - секако ги сакам!
Прееска си праев макарони, абе прсти излижав.Им акнав павлака, кари, лут кечап и сусам, со мерак си ги изедов, сакав уште да варам ама се прејадов.Ако не сте многу по зачини и вакви бучкуруши не пробувајте. А општо си сакам тестенини и ќе им наставам се што имам по дома (кулен, печурки, оригано, кашкавал, мајонез, што е при рука) арно не сум се отрула до сега. Во петокот правевме со другарки макарони со кашкавал, печеница, кечап, јогурт и моцарела потпечени во тавче, ова ми била највкусната варијанта.