Ги обожавам! Шпагети најмногу и ги сакам оти се лесни на приготвување и брзи. Правам сос со лукче, доматно пире, црни маслинки, босилек и зачини по желба. Прво малку се пропржуваат лукот и маслинките па се додаваат останатите работи. Одговара со парче сиренце над нив.
Ги обожавам, меѓу омилените работи ми се. Моите не ги сакаат толки, брат ми сака, па за нас си спремам кога ќе посакаме. Јас најмногу макарони, шпагети поретко, и лазањи многу сакам. Сосови -болоњезе, бешамел со печурки, печурки, кромид и доматен сос плус може и туна овде, само со кечап и сирење. Секако ги сакам, некогаш сама си правам сосови од тоа што се наоѓа по дома. Користиме Дивела или Злато поље.
Не знам за вас, ама на мене Дивела ама ич не ми се убави. Исто и оние Миско. Ги купувам оние од Кам, Сентела или Рискоса. И Граноро се вкусни, ама слабо ги начекувам по маркетиве. Јуфки исклучиво домашни.
Од кам купувам и не гледам некоја промена со тие поскапите. Ако се со убав сос направени не ми менува која фирма се. Омилени ми се со бел сос од неутрална павлака,кашкавал и пармезан низ нив.
Сакам само макарони. Обично ги јадам со сирење, топен кашкавал, павлака, болоњезе сос... Ми се допаѓа тоа што може да се прават различни комбинации Шпагети, тортелини итн. не обожавам многу и не ги јадам.
Само макарони и шпагети. Макароните ги обожавам со сирење или во некоја крем салата, а шпагетите обично во сос од мелено месо.
Обожавам тестенини, сите врсти ги јадам, шпагети, макарони, тортелини, лазањи, њоки. Не знам кои ми се најомилени, но еве шпагети преферирам преку макарони понекогаш зошто поубаво им се фаќа сосот, а најчесто ги јадам со бел сос со парчиња пилешко и сланина понекогаш или болоњезе. Лазањите на мајка ми се предобри, поубави од било каде што имам пробано. Њоки исто обожавам со бел сос, пилешко и печурки. Немам пробано амерички mac and cheese, би пробала и тоа да видам што е работата што паѓаат во несвест толку.
Шпагети со солена хопла, кашкавал и сирење убави ли се или да не експериментирам?Моментално само тие состојки ги имам дома.
Тестенините се бело платно, можеш секако да ги искомбинираш. Највкусни ми се таглиателе, сакам да вртам на вилушка, а дебелината им е подобра од таа на шпагети. Cheese-ести таглиетеле ми се нај guilty pleasure, ги прејадувам дур ми се слоши. Ставам путер, јогурт, гауда, пармезан. Само сирење не, не сакам сирење ич. Обожавам и шпагети со песто сос. И со болоњезе сос. Или си сос од блендирана варена брокула со грчки јогурт. Може и само со добра салца. Макарони пак ми се совршени за мешање сè и сешто. Оние најмалецките се најпогодни за комбинирање, ги третирам исто како и киноата, булгурот, кускусот. Што повеќе работи измешани, тоа подобро. Обожавам и тортељини. Ги сакам оние свежите, поголемите, во фрижидер што стојат во маркети. Полнети со кашкавал, или со рикота и спанаќ, или со печурки. Им додавам најчесто хопла, чисто да не бидат апла суви. Обожавам и лазањи, ама искрено ретко ми искача добра. Секој пат различна, или ми е пресува или премногу мава на доматно пире или сум ја препекла. Кој знае кога ќе научам да ја правам како што треба. Не сум обожавател на печени, поентата на тестенините ми е во сосот. Дури и кога јуфки се ви прашање.
Шпагети и макарони највеќе сакам, но ги избегавам зошто некако не ме држат долго сита, а некако ми се калорични. Денес по долго време јадев макарони, одамна немам јадено, но сепак можам со месеци да не ги конзумирам, не ми се до толку храна без која не можам.
Многу јадам тестенини. Од 7 дена во недела, 3 дена за ручек сигурно имам тестенини. Зависна сум од нив.
Обожавам тестени, имам еден рецепт кој не сум го направила со години. Се варат макарони, откако ќе се сварат се истура водата, се става парче или две путер во зависност од вкус, се топи путерот а на путерот ги пропржувате макароните, додавате мелен бибер, малку повеќе, вегета и др зачини по желба, додавате кршени сирење и на крај ги полевате со едно јајце изматено на страна. Кратко пропржувате и готови се. Се потсетив на рецептот, деновиве ќе го направам.
Сакам но не јадам често јаглехидрати. Омилен сос ми е болоњезе, а од тестенини или шпагети или тагатели. Дома имам правено болоњезе шпагети и класична лазања. Сакам да пробам и другите сосови како песто ама стварно да е песто не некои зачини ставиле и напишале песто. Имам гледано дека лесно се прави само ми е дефект блендерот.