Има убав песто сос во Веро. 200 денари е мала тефличка. Врв е. Со тестенини + пармезан, топ комбинација.
Кои тестенини се варат побрзо? Имам едни од кам многу време им треба додека се свара, нејќам толку да чекам.
Не сакам шпагети, тортелини, јувки, сакам само макарони и тоа спирали, ситни макарони или школки и тоа само на Дивела, други сум пробала, не ми се вкусни ни приближно како Дивела.. А сос, скоро секогаш исто, месо мелено, кечап, кромид, морков, ќе си направам сос болоњезе и така ги јадам, или пак сос од павлака, чадено пилешко, црни маслинки, и таа комбинација ми е добра, не експериментирам..
Обожавам тестенини со било каков сос. Ново откритие и на тие шо сум им праела им е предобро е лазања со пилешко месо. Се е исто само наместо мелено месо се става пилешко.
Обожавам шпагети. Го правам сосот со доматен сос растворен со вода. Лажица шеќер, лажица оригано, малку бибер и сол.
Обожавам тестенини можам секој ден да ги јадам ,во најразлични сосови... Правам многу сосови,повеќето измислени од мене по мој вкус....
Каде можам да најдам BAVETTE вид на паста? Вака се спакувани и се како шпагети само по широки и сплеснати. Не се таглиатели шо мислат продавачките на секаде по маркетите, не се никако спакувани во топчиња туку како шагети. Не мора да се на исиот бренд. Бев во сите постоечки маркети и не ги најдов.. Во Скопје или Штип да не знаете кај може да ги има?