https://www.christinascucina.com/authentic-quick-italian-tomato-sauce/ https://skinnyspatula.com/prosciutto-pasta-rosemary-honey/ Овие два рецепти ми се највкусни. Во првиот додавам плус кромид, песто и маслинки, во вториот плус лук. За њоки и тортелини моцарела, хопла, лук, кромид, бело вино.
Ги јадам најмногу правам и се убави макарони со сос и кашкавал 1. Најпрво ги вариме макароните според упатството на кесичката, но да не се преварат. Додека се варат макароните го подготвуваме сосот. 2. Во тенџерче на многу тивок оган го налеваме млекото, додаваме сол, бибер и мускатно оревче и промешуваме. Треба малку да замлачи и го додаваме маргаринот исечкан на мали коцки и мешаме со жица да се растопи. Потоа го додаваме брашното и мешаме нон стоп со жицата. Сосот го готвиме околу 5 минути треба да се згусни повеќе од пудинг и потоа го додаваме и кашкавалот ( но оставаме малку за наросување одгоре). 3. Откако и кашкавалот ке се растопи сосот е готов и го истураме кај макароните. Ако ви се гледа многу густ не плашете се така треба да биде . 4. Убаво ги промешуваме макароните со сосот и ги префрламе во намрсен огноотпорен сад и одгоре го додаваме останатиот кашкавал. Може да се додадат и мали парчиња сланина, врат, сушени домати или ако сакате нешто друго, јас моите ги наросив со презла. 5. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути убаво да се запечат. Прекрасни се додека се топли и многу заситуваат. Со оваа количина можат да се најадат 4-6 луѓе. Состојки 500 грама средни макарони ( ни многу големи , ни многу мали) 500 мл млеко 1 супена лажица сол 1 мало лажиче бибер пола лажиче мускатно оревче ( може и да се изостави) 100 грама маргарин 150 грама рендан кашкавал 8 рамни лажици брашно
Јадам многу. Најчесто ги потпекувам со сирење, па додавам некаков сос по избор. Брзо и лесно, а и калорично.
Правите манџи со макарони? Никогаш не ми текнало, секогаш сум правела тестенини со сос само и со некои додатоци како туна, коцкички салама, маслинки, сирење, кашкавал. Додека беше постов, научив дека можело и манџа да се направи со макарони и зеленчук. Па и не е лошо, ќе пробам некои комбинации.
Не знам дали се рачуна за манџа ова. Ама баш пишав у темана за рецепти дека ептен ми е убаво тестенини измешани со пилешко, карфиол, праз, печурки динстани во доматен сос. Јас вака иначе може и тиквичка или пиперки да се додаде. Со гулаш тестенини исто многу идат