Обожавам тестенини и кога појдов во Италија пред некој месец, првото што ми го приготвија беше Шпагети со доматен сос, рагу, туна и пармезан! Се варат шпегетите, па во тавче се пржи кромид, се додава доматен сос и рагу и туна. кога ќе се соедини убаво на оган, барем 5 мин се вади и се тура во шпагетите, се меша, се ренда пармезан и спремно за јадење! И се разбира во подготовката на сосот се додава сол и малце масло. Но, тоа реков, го јадев во Италија, а дома ги варам шпагетите, рендам сирење, турам кечап од Витаминка или има еден мн убав од КИМ без конзерванси и јадам! Или пак еден сос со мелено месо... Се пржи кромид со морковче, се додава мелено месо, доматен сос, печурки, сол, вегета... Се тура вода и се остава да се вари барем 40 мин. Вода се дотура зависно од тоа колку сакате да биде густ сосот, во друго тенџере со варат шпагетите. Потоа се тураат шпагети и на нив се тура од сосот со месо. И превкусно јадење!
Пффффф темава како за мене е! Јас не можам да си го замислам животот без тестенини. Ако не секој, секој втор ден обавезно правам! Сите ги сакам, значи секаков вид, најмногу шпагети. Најчесто ги варам тестенините, па пропржувам патлиџан (прво изрендан), му ставам зачини (оригано, вегета) и така го посипувам како еден вид на сос. Понекогаш знам да си ги направам и со еден мој измислен сос со печурки Се пропржуваат печурки со малку кромид, додека омекне, после некое време се додава павлака (за да биде потечна, може да се измеша со малку јогурт) и зачини по желба и уште малку се остава да искрчка и после се посипува врз тестенините. Тие најчесто ги правам, највкусни ми се Позз
Ммммммм тестенини, обожавам Баш пред некое време со другарка ми си правевме! Зготвивме макарони, и си подготвивме сос - наречен според другарка ми ДОРИТОС! па стварно имаше таков вкус.. сосот: сецкаш кромид и шунка или салама! По ваш избор. Некој го прави и со мелено месо. и прво го пржиш кромидот, додаваш (шунка, салама, или месо) зависи што си избрал и кога ќе биде веќе на крај, додавате кечап. Потоа го вадите сето тоа, и си го ставате врз макароните, или шпагети. (по ваш избор) мммммммммм вкусно
мммм мелено месо, со кромид4е,лук4е,морков4е, доматен сос, и макарони или шпагети.......на крај една китка магдонос.......мммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммммм
ххахахаха гледам си го напишала мојот доритос сос Обожавам тестенини , некогаш само сирење ќе изрендам на нив , ако не ме мрзи ќе си направам сос ии стварно се многу убави Ај па Малечко само да завршам со диетава пак ти правам
ууууууу темавааа директ у срце ЛАЗАЊА, пица со растечен кашкавааааал, тортелини, шпагети, макарони .............. о јееееееееее да е жива и здрава мамичка се ми прави и се ми погодува
Ненаситна сум на оваа храна и цело тенџере да го изедам малку ми е! ама ОК си се контролирам Обожавам малечки макрончиња со зденка и густ доматен сос, потпечени макарони со сирење и јогурт, шпагети со болоњезе сос
Тестенините ми се слаба точка. Ги обожавам. Обично макароните ги јадам со сирење и кечап, а може и домата или рендан домат Шпагетите исто , а јуфките или со сирење и домата или поптечени со сирење и јајца. Ако не ме мрзи, макароните/шпагетите после варењето, ги запржувам во малку врело масло , в кое претходно сум испржила истрошено парче леб (на поголемки парчиња корка и среда). на крај може и рендан кашкавал или сирење да се стопи врз нив. мх мх
Sve sakam od testenini!!!!Omileno jadenje mi se Osobeno koga kje si napravam lasanji so meleno meso i besamel sos,i odozgora parmezan ma prsti da izlizes,mmmmobozavam karbonara spageti i spageti so bologneze sos,potpeceni makaroni,makaroni so sirence,tortelini so besamel i parmezan,i malku cili da mi zaljuti,uf uf mi se prijadeKoga ke si gi napravam doma mi se najubavi,site
на femina пишува "како да зготвите совршени тестенини" и после го пишува ова "Не ги мијте тестенините. Многу луѓе ги мијат тестенините по варењето. Но, тоа не треба да го правите" а потоа подоле во истиот текст пишува "по готвењето измијте ги со ладна вода, исцедете ги, ставете во нив масло и промешајте" па нека се решат иначе според професионалните готвачи тестенините се мијат затоа што ако ги оставите ќе продолжат да се готват и ќе се преварат
обожавам тестенини и сакам да ексериментирам.Сакам да си правам сосови.Макароните ги подготвувам на повеќе начини......просто ги обожавам
Случајно го видов ова, па да си кажам дека вториот цитат ти е изваден од контекст. Во статијата тоа јасно е дадено како совет ако треба да ги подготвите тестенините предвреме (на пример, ако имате гости): „...Сепак, ако треба да ги приготвите тестенините предвреме, по готвењето измијте ги со ладна вода, исцедете ги, ставете во нив масло и промешајте... Маслото ќе спречи да се залепат. Можете да ги ставите во покриен сад во фрижидер.“ Инаку, баш професионалните готвачи препорачуваат да не се мијат тестенините, затоа што ако ги измиете, ќе го измиете и скробот и нема да можат да се спојат со сосот (и тоа го пишува во статијата).
Обожавам ама баш секакви тестенини, најчесто сосови ги правам оние што се во прав, па само ги вариш за 5-6 минути и толку. Добро кај тестенините е тоа што брзо се подготвуваат, и можат да се јадам ама баш со се што ке најдете во фрижидер, а и вкусни се ми се пријаде сегааа
Редовно ги имаме , најмалку еднаш неделата.Еве го мојот брз и едноставен рецепт. Врз добро сварените тестенини ( макарони ) рендам сиренце ( по желба ) шунка и кашкавал ..)добро е кашкавалот да се изренда додека се жешки така ќе се растопи и е многу повкусен) кечап , мајонез , малку ситно исечкани печурки и оригано.Ако ги сакате потпечени ставете ги во рерна со кашкавалот одозгора разматете едно јајце и додајте веѓета. А кога имам вишок време си ги спремам со најразлични сосови , од готови во прав и тегла , домашно зготвени , па се до потпечени во рерна со сирење
Тестенитни....ммм.. паѓам во несвест кога ги јадам, а реално тестенините се ефтина, не квалитетна и средно здрава храна. Ама нема врска, затоа што јас ги обожавам со било каков прелив и сос. Од макарони па се до лазањи, се јадам. Пробувам да јадам тестенини максимум два пати во месецот, зошто доста дебелеат. Инаку морам да ви кажам, за тие што не биле, одете во Џино на тестенини, поготово на тортелини во сос од мелено месо...има прсти да излижете.