Обожавам италијанска храна.Многу често јадам тестенини и постојано со некои различни зачини,сосови и не знам таму што..Ммм
Тестенини јадам во секоја варијанта дали е тоа Италијанска паста или бурек или пита све ми се свиѓа ама највеке ги сакам канелоните што си ги приготвувам сама, имам супер рецепта.
Јас ќе ти кажам Значи лазањите се тестенини кои се прават со болоњезе и бешамел сос и се преубави Значи потребно ти е: * едно пакување лазани од 500г *кашкавал (околу 300г) * мелено месо ( не мора многу) *доматен сос *малку кромид ако сакаш да ставиш во месото (јас најчесто кога купувам месо кога го мелат давам и кромидот да ми го смелат така да веќе го има во месото и поубаво ми е така) (меленото месо и доматниот сос ти се за болоњезе сосот) *зачини кои ќе ги ставиш во меленото месо * 500мл млеко * 2 лажици путер *2 лажици брашно (ова ти е за бешамел сосот) Лазањите се прават брзо но се ствара многу неред околу нив. Јас прво почнува со болоњезе сосот. Го пропржувам убаво месото и кромидот и ги додавам зачините (црн бибер, чубрица(го има на пазарите вака изгледа и му дава прекрасен вкус на меленото месо) и потоа кога убаво ќе се испжат месото и доматите додавам доматен сос (можеш да експериментираш значи со домашен доматен сос, со купен, со мешавина од двата и сл) Откако ќе завршам со овој сос ја тргнувам тавата на страна и сравам тенџерче со 2 лажици путер да се растопи убаво. Потоа го додавам млекото и го тргам теџерето од оган и го додавам брашното постепено и убаво мешајќи за да не настанат грутки. Потоа лазањите малку ги ставам во топла вода да омекнат и почнувам со постапката на редење. Во тавче за печење редам еден ред лазани, па ставам од болоњезе сосот, па врз него попрскувам од бешамел сосот. Не мора да ги покривате сите кори туку само прскајте бидејќи таму кај што не сте ставиле на претходната кора, ќе ставите врз наредната, а ако ставате насекаде ќе бидат многу силни плус ќе ви треба многу од сосовите Значи постапката ја повторувате се додека имате од состојките- кори-болоњезе-бешамел сос. На крај последиот слој треба да ви биде со кори и врз него ставате само од белиот (бешамел) сос и рендате кашкавал. Ставате сосема малку вода (една мало филџанче) во случај да не ви се доволно меки корите и го ставате да се пече во загреана рерна на околку 230 степени се додека кашкавалот не порумени убаво Добар апетит
Јас ке ви кажам малку поинаква варијанта, со готов болоњезе. Го пропржуваш меленото месо, а во тенџере го вариш готовиот болоњезе сос Spoiler Потоа во сосот го додаваш испрженото месо и болоњезе сосот е готов! Сега потребен е бешамел сос! Се прави на следниов начин - Во тава на оган ставате лажица путер, лажица брашно, и откако ке почне да се топи брашното се додава млеко околу 100 мл. Се става малку сол и се меша кратко додека се згусне. Готов е и бешамелот. Лазањите претходно обарени и омекнати се редат во тава, па се става болоњезе, па бешамел, па пак лазањи... и повторно постапката додека не се потроши се. На крај се завршува со лазања-бешамел и рендан кашкавал! Преубави ми се вака
Иако последниве месец-два од коа се решив да запазам на исхраната и на тој начин да ослабам место со ригорозни диети, тестенините ми се најголем непријател, сепак си ги обожавам. Па така..коа ќе решам да се почастам еднаш месечно зашо сум си била мирна и сум си го следела режимот ..си ги правам со ракчиња, шкампи, независно некој морски плод, во розев сос( кечап-домашен и хопла) па врз тоа изрендан кашкавал,а може и базилико ( мислам така се викаше..се купува ама може и да се направи: блендиран босилек со бадеми, маслиново масло, лимон) . И најубаво ми е со големи макарони- сосот влегува во дупките Ама сепак мислам дека со тестенини нема ограничувања, па отвара можности за експерименти нема толкава потреба од рецепт..лупни се што имаш во фрижидер, се што мислиш дека одговара нема шанса да згрешиш Бар за шпагети,макарони,тортелини... Еве како доказ на тоа дека нема граници се благите макарони, со млеко и со какао или чоколадо мислам се праат не сум сигурна сум ги пробала вкусни беа со оглед на тоа што ќе изедам се што е чоколадно или изгледа така
Не не е тајна.Сега дури го прочитев постот. Се полнат канелоните со мелено месо, сецкан кромид една главица, пропржено со доматен сос и сол и црн бибер.За 4 особи ќе ви треба 1кг месо.Во голема тепсија се става доматен сос со малку водичка и малку оцет(по една кафена лажичка), како подлога за редење на канелоните одприлика еден сантиметар.Секоја канелона пред да се наполни со смесаста се попарува со врела вода да се омекне малку.Одкако ќе ги наредите канелоните на тавата се преливаат со сос:1јајце матено, бибер,сол,1 павлака, млеко и рендано сирење.На крај се ренда кашкавал одозгора. и 5 мин пред да ди извадите од релна се става одозгора и пармезан.Се печат одприлика 30мин на 180 степени.Пријатно јадење!!!!!
Избегнувам да јадам тестенини но најслатки ми се макароните(јас кога ке си ги направам) си ги правам по кеф си знам како ми се слатки а најчесто си ги правам вака: Во тенџере си ставам мала коцкичка маргарин откако ке се стопи ги ставам макароните и вода.Си ставам вегета,по совет од баба ми си ставам и магданос или мирудија здраво е за желудникот(бидејки си имам проблеми со желудникот,па си внимавам) и така си ги варам и си ги јадам...избегнувам да ставам сол не е мн здрава,но затоа уживам во вкусот на вегетата и понекогаш ги јадам со лут кечап но не секогаш ..и така...сега стрв ме фати
тестенини обожавам најмногу ги сакам шпагетите а за сосовите не пребирам многу ако имам време да си зготвам сос ок ако не тука е кечапот и сирењето
Кенди извини што ти се мешам во рецептот, но јас знам дека по правило макароните се ставаат кога водата ќе зоврие, пробај така ако сакаш
Тестенините ми се омилено јадење, посебно шпагетите. Можам да ги јадам цел ден, секој ден, во неизмерни количини. Просто ги обожувам. Додека студирав, секој втор ден јадев шпагети или макарони, па цимерките ме зафркаваа, ме прашуваа дали имам некои италијански корени. Сакам и пици исто, а лазањите ми се ммммммммммммммммммммммм нешто НАЈ! Ги сакам и оние готовите талианети, посебно болоњезе. Леле, ми се пријаде од муабетов
Обожавам тестенини еве нешто што припремам ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: малку мала лажица Црн пипер малку Сол 225 грама Макарони 2 парче/чиња Лимон малку Босилок 225 грама Печурки 75 милилитри Маслиново масло Време за подготовка: 20 мин. Време за готвење: 60 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Печурките се секогаш одлични за подготвување на салати, а овој рецепт каде што е во комбинација со интегрални тестенини, нема никаков исклучок. ПОДГОТОВКА: Во поголем сад измешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, босилокот, солта и пиперот. Печурките исецкајте ги на тенки плочки и додадете ги на преливот, па добро измешајте. Садот покријте го со проѕирна фолија и оставете ја на ладно место барем 1 саат. Тестенините варете ги во посолена вода. Зачинете ги со малку сол и варете ги на тивок оган 10 минути, или додека не омекнат. Потоа измијте ги тестенините под ладна вода и добро изцедете ги. Тестенините ставете ги во маринираните печурки и прелив од лимон и добро измешајте. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: малку мала лажица Црн пипер малку Сол 150 грама Сирење 30 грама Сенф 300 грама Печурки 600 милилитри Млеко 40 милилитри Маслиново масло 400 грама Макарони 1 лажица/ци Дафинка 30 грама Брашно Време за подготовка: 15 мин. Време за готвење: 20 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Запечени макарони со сирење и печурки ПОДГОТОВКА: Макароните сварете ги во насолена вода и убаво исцедете ја. На масло пропржете ги шампињоните. Посипете ги со брашно и измешајте. Лесно залијте со млекото, постојано мешајќи, околу 5 минути. Во сосот додајте вегета, сенф, сол, црн пипер, сирење, потоа варете уште неколку минути додека сосот не се згусне. Тестенината ставете ја во намрсена огноотпорна тава, полијте ја со сосот, малку измешајте, посипете со рендан пармезан. Запечете во претходно загреана рерна на 180 степени. Внимавајте да не ги преварите макароните, затоа што тие ќе се доварат за време на печењето. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: малку мала лажица Црн пипер малку Сол 150 грама Сирење 30 грама Сенф 300 грама Печурки 600 милилитри Млеко 40 милилитри Маслиново масло 400 грама Макарони 1 лажица/ци Дафинка 30 грама Брашно Време за подготовка: 15 мин. Време за готвење: 20 мин. КРАТОК ТЕКСТ: Запечени макарони со сирење и печурки ПОДГОТОВКА: Макароните сварете ги во насолена вода и убаво исцедете ја. На масло пропржете ги шампињоните. Посипете ги со брашно и измешајте. Лесно залијте со млекото, постојано мешајќи, околу 5 минути. Во сосот додајте вегета, сенф, сол, црн пипер, сирење, потоа варете уште неколку минути додека сосот не се згусне. Тестенината ставете ја во намрсена огноотпорна тава, полијте ја со сосот, малку измешајте, посипете со рендан пармезан. Запечете во претходно загреана рерна на 180 степени. Внимавајте да не ги преварите макароните, затоа што тие ќе се доварат за време на печењето.
Еве го мојот едноставен сос за шпагети. Се потпржува кромид и се додава томато сос од тетрапак. Потоа се ренда морков и се додаваат исечкани маслинки. На сето ова му се додава вегета, бибер и босилек. Ова се го ставате врз шпагетите и на крај ставате пармезан
Обожавам тестенини.Посебно шпагети.Ги јадам или со кечап или со туна. Инаку макороните обично ги јадам во мајонез салата со кисели краставички и салама. А имам свој сос кој го правам од ситно исечкан патлиџан,кромид и пиперки.