Обожавам тестенини.Најмногу сакам шпагети,макарони,тарана,јуфка и равиоли.Мајка ми или баба ми ми гги прават . Најчесто ги јадам со кечам,мајонез,сирење/кашкавал или пак кечап и туна
Многу сакам тестенини, имам желба да научам како се приготвуваат сите видови. Често си експериментирам и си додавам мои работи, па излегуваат интересни комбинации на вкусови. Најчесто го купувам готовиот сос од Кам. Наместо мелено месо, минатиот пат исецкав две парчиња пилешки стек многу ситно. Во подлабоко тенџерче со загреано масло, прво пржам една главица ситно исечкан кромид, а потоа го додавам ситното пилешко и пропржувам. Додавам неколку ситно исечкани маслинки (најубаво од оние полнети со црвено пиперче ), но може и обични и се допржува уште сосем малку. Во меѓувреме, сосот од ќесичка се меша во една шолја ладна вода и се додава во тенџерето. По потреба се додава вода - ако ви е многу густо, или сосем мала лажичка брашно - ако ви се чини премногу редок. Нормално, зачини по желба - сол, вегета, оригано, кари, што милувате. Сосот се полива врз сварените шпагети, и тука доаѓа моментот наречен - претерувањето на Трендафилка, зашто си додавам и кечап и мајонез, а на средината огромна топка павлака. hock: И наросувам оригано и сосем малку пармезан. Време на приготвување: околу триесетина минутки. Калорична вредност: подобро не прашувај.
Љубител на италијанска храна - со тапија. Едноставно не можам да им одолеам. А и ми се допаѓа тоа што се наједноставни за подготовка така да дома секогаш имам во резерва секаков вид тестенини за да можам да си ги готвам во секое време. Најомилени ми се белите сосови како карбонара или пак со секаков вид на печурки. Вчера правев потпечени макарони или penne со брокула. Прсти излижав Па си реков да споделам со вас некој рецепт. Значи прво си ја подготвувате брокулата, ја сецкате на помали китки/парчиња и ја ставата во вода која веќе врие на 1 - 2 минути. Не подолго за да не ја изгуби бојата. Во меѓувреме ги варите тестенините. Во посебен сад се подготвува сосот. Може ама не мора да се потпржи малку кромидче, се додава кисела павлака, рендан пармезан, едно зденка сирење и секако малку и зачини - црн бибер, сосема малку вегета, сув босилок. Сварените тестенини ги мешате со брокулата и со маслинест зејтин, ги ставате во земјен сад, ги залевате со сосот и ставате во рерна да се потпечат на 10-ина минути. Пред самиот крај ставете одозгора рендан кашкавал и повторно ги ставате назад во рерната да се потпечат се додека не се стопи кашкавалот. Втор омилен рецепт ми се тестенини (penne или tagliatelle) со песто, cherry tomatoes и рукола (ја има и на Зелено пазарче) Едноставно, лесно а вкусно. Ги варите тестенините и ги цедите. Додавате малку маслинест зејтин и едно до две мали лажичиња песто и убаво ги мешате тестенините. Пестото можете да си го направите и во домашни услови, со помош на свеж босилок, лук, сончоглед и маслинест зејтин. Додавате рукола, исецкани домати и на крај ставате рендан пармезан. Плус јадењево е лесно, без гајле може да се прејадете. Ајде bon appetit!
Ги обожавам а и сите дома.Еве еден од милион начините на кои ги подготвувам Потребно ви е 150 грама сирење, две лажички сенф,300 грама печурки,600 милилитри млеко, маслиново масло,вегета,брашно и сол. Макароните сварете гии убаво исцедете ја водата. На масло пропржете ги шампињоните. Посипете ги со брашно и измешајте. Лесно залијте со млекото, постојано мешајќи, околу 5 минути. Во сосот додајте вегета, сенф, сол, црн пипер, сирење, потоа варете уште неколку минути додека сосот не се згусне. Тестенината ставете ја во намрсена огноотпорна тава, полијте ја со сосот, малку измешајте, посипете со рендан пармезан. Запечете во претходно загреана рерна на 180 степении готви сте
Потребни состојки 400 г тестенини,20 г путер,50 г сланина,мешавина на шпагети Carbonara(јас ја користам фант),400 мл млеко,200 мл павлака за готвење Свари го шпагетите и процеди ги. Сланината исечи ја на коцки и попржи ја кратко во путер додека не стане крцкава. Содржината од мешавината за шпагети разматети ја во млеко и павлака, и додадај ја во сланината и оставете нека зоврие. По три минути додете ја смесата во сварените шпагети и промешајте. Готовооо A можеш и дома да го направиш сама без фант да користиш, еве вака оди .. 100 г на коцки исечена чадена сланина издинстај ја на малку масло. Во посебен сад измати 3 јајца, рендано сирење, сол и пипер и вегета по вкус. По желба во сосот додајте неколку лажици павлака и се добро измати ги. Со ова полиј ги шпагетите.
Шпагетите свари ги, исцеди ги, додади малку маслинест зејтин и тргни ги на страна. Однапред исецкај малку сланина (100гр) и пропржи ја на тавче додека не стане крцкава, и тргни ја на страна. Во истото тавче додади маслинест зејтин (по потреба), ситно исецкај лук (исто по потреба, јас обично ставам едно чешне само) и испржи го. Додади ги шпагетите и убаво промешај ги со зејтинот и испржениот лук на една - 2 минутки и потоа стави ги на чинија. На страна промешај слатка павлака, со едно до две цели претходно изматени јајца, и рендан пармезан. Оваа смеса стави ја во тавчето, додади црн бибер, малку сол (иако со оглед на тоа дека веќе си ставила пармезан не е потребно толку да се соли) и мешај го сосот додека не згусне. Додади ја сланината и убаво промешај. Полеј ги тестенините со сосов, одозгора можеш уште да изрендаш пармезан. И bon appetit! Едит. Сега гледам дека и Маченце постирала рецепт. Не сакав да ти се мешам во штипки, ама не те ни видов дека веќе си пишала, ме зеза експлореров тука Како и да е поарно два пати нека го има рецептот отколку ниеднаш
Ретко јадам тестенини а кога јадам најчесто тоа се кифлички со мед,поретко шпагети и макарони кога немам идеја што друго да си приготвам
ДА, ги јадам дури и премногу... Лазањи, шпагети, канцелоти, тортелини... А најубаво спремам шпагти со мелено месо и доматен сос
И јас сум многу по тестенините ама за канцелоти не сум слушнала. Може да ми објасниш барем како изгледаат или некое сликиче?
За сите обожаватели на тестенините, јас ви ги препорачувам тестенините од подравка. Ги има во повеќе вкусови и едно пакетче е за две чинии. На крајот само треба малку путер да се стаи, а јас додавам и кашкавал. Многу се вкусни и брзо се готват.
Леле луѓе немате представа какви вкусни макарони сум јадела во еден ресторан за Италијанска хран неделава, дури два пати бев таму од што толку му се бендисаа.А инаку ДА тестенини обожавам.
Тестени многу сакам. Најмногу пици, шпагети и домашен леб, за кој што скоро научив рецепт за него. Преубав става. Ако не ме мрзеше, секој ден ќе го правев. Во неделата барем еднаш обевезно правам и си лижиме прстите со маж ми, толку е вкусен.. Умрела е циганката да ме фали, че за тоа сама си се фалам
Tестенини..мојата втора љубов.После чоколадото секако.. Како ги јадам..1-во да си кажам мнгоу сакам Барила макарони со Томатело Италиано и пармезан.Е ептен ми прават мерак! Потоа..шпагетки со мелено мевце,кечапче,и малку печурчиња...мх,мх,мх ... Тортелини ..внатре полнети со кашкавал и одозгора изрендано.. А па макарони со сирење потпечени колку сакам..спремна сум цела тава да ја изедам.. Јуфки исто така,само со сиренцее.. Е сега ми се пријаде ..Што ми требаше да ја отварам темаа ?!Па уште и да пишувам и да ставам слики..
еве еден рецепт за пита сега ја правев со мајка му на дечко ми -1 пешак за пециво -4 јајца(во нив мешаш 1голема лажица путер) -2 и пол големи шоли брашно -2 кисели павлаки -1 голема шоља рендан кашкавал -300гр рендано сирење -300гр пилешка шунка сецкана се ова го мешаш, ја премачкуваш тепсијата со зејтин..... и се пече за пола саат ќе пишам имресии п.с не знаев каде да го пишам рецептов јадењето е