Еве еден рецепт од мене: Макарони со томатело Кога се се при крај макароните со варење,во тавче се потпржува кромид. После нели се цедат макароните и се префрлаат во тавчето заедно со кромидот и се додава томатело. Се се меша и може да се стави оригано,магдонос зависи кој што си сака.И така едно 10мин да се потпржат и после во тањир и на јадење Мњам мњам
Потребно ви е: 400 г тестенини 40 мл маслиново масло 300 г печурки 1 лажица вегета 600 мл млеко 30 г брашно 1 лажица сенф 170 г сирење 25 г пармезан сирење / кашкавал (по избор) сол бибер Подготовка: Сварете ги тестенините во солена води процедете ги. На масло во тава пропржете ги исечените печурки. Посипете ги со брашно и промешајте.Додадете го млекото, промешајте и оставете да се вари околу 5 минути. На сосот додадете ја Вегета, сенфот, солта, биберот и ренданото сирење и мешајте 1-2 минути, додека сосот не стане густ. Ставете ги тестенините во тава прелијте ги со сосот, посипете ги со рендан пармезан и печете ги во претходно загреана рерна околу дваесетина минути.
Обожавам макарони ! Ги јадам исклучиво со сирење, имам пробано и со разни сосови ама не ми се допаѓа. Исто така понекогаш ги потпечувам али поретко. Кој ме тераше да ја отварам темава
Кога сме кај пастата, да ви ги препорачам да си ги пробате Quick Pasta мислам дека се викаа (ме мрзи да одам да видам на паковчето ) во Кам маркет ги има. Баш вчера ги правев и супер испаднаа. Има со болоњезе сос, со сос од домати, со печурки... преубави се. Само ми се чини сол им фали, ама бар за тоа не е проблем.
Потврдувам за ресторанов.... ние сме многу чести гости таму .. главниот готвач студирал 6 години кулинарство во Италија...храната им е преубава, тестенините посебно, равиолите им се..мммммм...ама па говедска шницла?? ........врв... Мада пред 2 недели го видов затворен, дали реновираат или го преместуваат немам поим....ама голема штета би било да го затворат ....
Лудичко а пешакот тазе згазен или може и отстоен некој ден....??? ме изнасмеа бре... извинете на офф и на црн хумор
Денес изумив мој сос за шпагети ,ќе морам да го патентирам си запржив лукче на маслиново,додадов зачини-копар и оригано,малку вегета и црвен пипер,кечап,малку бело вино,истискав едно резне лимонче.потоа сверените шпагети ги ставив во сосот и ги подзапржив и измешав во него.кога ги сервирав си ставив туна одозгора и пармезан имаше-кој сакаше сите ми ги бендисаа што ги пробаа,малку чудни состојки ама убаво си се измешаа
обожавам тестенини најчесто ги јадам или со кечап или сирење ама овие од кам морам да ги пробам си пишува ли на пакувањето како се приготвуваат несум зимала до сега такви
да ги обжавам денес имам за ручек....јас најчесто ги правам вака пржам мелено месо со кромид и ставам готов сос добро го мешам додека не почне да згуствува додавам зачини за тоа време ги варам макароните-шпагетите зависи што имам само со вода и сол потоа месото со сос го истурам врс тестенините и промешувам ехстра е
Tестенинии.. просто ги обожавам, цркам по нив штетa дома не јадеме често тестенини од причина што татко ми сака секој ден месо на маса Иначе..
обожавам тестенини ги сакам во секоја форма и на секаков начин, моментално овие ми прават кеиф: а најчесто ги јадам со домашен доматен сос.
Обожавам макарони, шпагети, лазањи, тарана . Иначе јас на макароните запаршка им правам и со сиренце, најубави ми се такви.
И ЈАС ОБОПЖАВАМ тестенини на секој начин...Незнам зошто ама тоа јадење најмногу го сакам Мајка ми и татко ми се пица-мајстори па така да дома често на менито имаме тестенини Еве за тие што постат мајка ми завчера правеше макарони од тие што се поголеми,не ситни со бешамел сос,печурки ( прво ги запржи) и растителен кашкавал и потпечени многу кратко во рерна... СТРАШНО БЕА ВКУСНИ