ги обожавам тестенините, можам да ги јадам секакви и во секое време вчера гледав еден рецепт и искрено лиги ми потекоа додека гледав, па викендов морам да ги пробам, ај малку и вас да ве настрвам ќе ви го пишам рецептот( малку покасно го пуштив па така да не знам по колку треба од состојкиве, јас од око ќе ставам) состојки: таљатели (резанци) путер кромид свинско месо (исечкано на коцкички) пилешко месо (исечкано на коцкички) пршута (исечкана на коцкички) малку бренди (од прилика околу 100 ml) свежи шампињони маскарпоне пармезан мрсна хартија за печење подготовка: се ставаат путерот и исечканиот кромид заедно, се пропржува додека кромидот не добие жолтеникава боја, се додаваат свинското, пилешкото и пршутата се пропржуваат малку и се додава брендито, се оставаат малку така да продинстаат, се додаваат свежите шампињони (исечкани, на не многу ситни оарчиња) се пропржува уште малку и на крај се додаваат претходно сварените резанци и се пропржува 1-2 минути. Сетрга од оган, земаме хартија за печење(мрсна хартија) на нејзе ставаме од рецанците заедно со зајрето(колку за една порција) одозгора го ставаме маскарпонето па пармезанот, се витка убаво(овакви пакетчиња да ги наречам треба да има онолку за колку души планирате да го приготвите јадењето) и се ставаат во претходно загреана рерна на 180степени да се потпечат 10 мин.Се одвиткуваат пакетчињата и така се послужува. Bon appetit
Никогаш не успеав да ја видам убавината во оваа храна. Ми се гади од самата помисла на тестенини. Тортелини поднесувам, но не ги јадам толку често.
Мммм..Многу сакам шпагети од теснини..и најубави ми се да ги јадам со мајонез или пак со кецап и сиренје и павлака
Денес ќе јадам потпечени макарони Ги обожавам, особено ако се потпечат малку повеќе Сакам и канелони, едни од омилените тестенини ми се. Сосема обично ги правиме, без да ги попаруваме канелоните. Се пржи мелено месо (со различни зачини и доматен сос). Се полнат канелоните и се редат една до друга. Се дотура останатиот доматен сос и малку врела вода колку да се покријат канелоните. Се наросува оригано. Пред да се готови се вадат и одозгора се ставаат парченца кашкавал и уште малку оригано. Се враќаат во рерна, и после откако ќе се готови се јадат Многу убави!
е што е тоа канелони јас си немам појма за такво нешто може имам видено така случајно по рафтовите али никогаш не сум правела
обожавам тестенини а рецепт.... зимате едно пакетче подравка тестенини ( јас ги сакам овие со болоњезе сос), ставате во тенџере 550мл вода, чекате да зоврие, ги ставате тестенините, мешате 7-8 мин и после јадете
Вака изгледаат и се полнат една по една. Вака изгледаат кога се направени Има вакви по маркетите, сигурно ги имаш забележано
Вчера дојдов до еден важен заклучок: нашите тестенини македонски, народски кажано ГУБИ, ЈУФКИ, РЕЗАНЦИ... можат да се стават на исто рамниште со италијанската (под знак ? (прашалник)) паста. Исто ти е дал јадеш од едното ил од другото. Сосот ја прави целата работа
Обожувам тестенини и можам да ги јадам буквално секој ден, доручек-ручек-вечера . Јуфки на пример ги сакам само со сирење и кашкавал, доколу се потпечени, инаку ги јадам со сирење. Со кечап или сосеви, не знам зашто не не ми се вкусни. Макароните ги јадам секако. Сосеви и сама си измислувам, се што имам дома буквално ставам, а ги сакам и само со вегета, оригано подпржени, откако ќе се сварат се разбира. Нај омилен рецепт за макарони ми е потпечени со сос од мелено месо, печурки, домати, лук, оригано, ловоров лист, рузмарин, плус запржени морков, кромид, пиперки. Се тоа ставам врз макароните со малку кашкавал и малку сирење заради мирисот и шмекот и печам. Мљац, мљац.
Ах обожавам тестенини! А највеќе ги сакам тестенините што ги рави мама со салама кашкавал и павлака,кога ќе направи такви немам контрола колку јадам ММММММММММММ!
Наједноставно, ќе си сварам макарони, или шпагети, ќе изрендам сирење или кашкавал, и ке4ап, и ете ти јадење.....
Мојата специјалност дома постојано ги изненадувам со некој мој нов изум Еве да споделам некој рецепт. Една кесичка тестенини од тие во вид на резанци што се, се варат се процедуваат, потоа се пропржуваат со зејтин и вегета многу кратко (јас ги мијам одкако ќе ги исцедам со ладна вода за да не ми се залепат), за сосот потребно е околу 400-500ml павлака за готвење (незасладена хопла), свежи печурки, 100 g чадена сланина. Печурките се сецкаат на поголеми парченца, се пржат во малку маасло, потоа се додава сланината сито исецкана, на крај ја додаваме павлаката и чекаме малку да изврие течноста да се згусне сосот. Преливаме врз тестенините, или може да ги помешате во сосот. 1килограм шпагети, неколку црни маслинки, мелено месо (произволно, ги измислувам рецептиве и од око си ставам состојки ), чешне лук, и томатело, сув босилек. Се пропржува меленото месо па се додава лукчето и маслинките(сецкани), одкако убаво ќе се испржи го додаваме томателото и чекаме да изврие малку, на крај наросуваме со босилек.
Обожавам тестенини! И тоа скоро сите видови ги сакам и често ги јадам. Макароните ги јадам секако, а најмногу ги сакам потпечени или наједноставно само со кечап. Шпагетите ги јадам со сирење, или со различни сосови.
Ммммм.... обожавам тестенини !!!!!! Да можам секој ден би јадела Обично сакам се што ке зготвам ( обожавам да готвам) да биде со нешто ново неиспробано Обично ги правам со сосови од хопла, и разни сувомеснати производи , печурчиња обавезно ставам босилек или оригано , кашкавалче или сиренце Имам направено и со сос од спанаќ превкусно е .... разни начини ... ( иако дебелеат ) си ги сакам мнооогу и сега на my boyfriend му нарачав лазања да донесе и ке од јадење
Сакам и ги јадам многу вчера правев за ручек макарони,ред мелено месо [меленото месо предходно запржено] одозгора пак макарони и врз нив рендав кашкавал ги ставив во релна да се потпечат малку и беа преубави за јадење.Правам и макарони со јајца и кисело млеко и тие ми се многу вкусни.
Обожавам макарони. Кога ги сварам одма ги исцедам, и додека се сеуште топли ги истурам во чинија во кој претходно имам ставено исецкан кашкавал и изрендано сирење, а понекогаш им ставам и 2 парчиња исецкана шунка
има еден интерсен и едноставен рецепт за приготвување шпагети а многу вкусен, но за оние кои обожаваат лук и магданос. така во едно тенџере се варат шпагети и кога ќе бидат готови, потоа онаа класична процедура процедување и миење, после во посебно тенџере се става маслиново масло (може и сончогледово ако сакате) лукче и магданос да се пропржи, да фати малку лукот и се ставаат шпагетите 5 минути да се пропжат исто така. Ептен е вкусно може и така да се јадат, а може и со некој прелив/сос. Екстра.
Мх Мх! Најмногу сакам да јадам тестенини! На прво место ги ставам макароните бидејќи сама си ги правам. Потоа, шпагети со кечап, лазањи. . . Еве како јас си ги подготвувам макароните. Ставам вода да зоврие, ги ставам макароните. Одкако ќе се сварат, ја цедам водата и ги оставам макароните во посебен сад (најчесто во тој за цедење што ми е). Ставам малце зејтин во тенџерето, го враќам на оган и ставам трошки леб, МНОГУ изрендани сирење и кашкавал, па ги ставам макароните, ги запржувам малце и воала! Бон апетит!
Вчера во ниедно време ми текна да отварам сајтови за храна (од пусти глад ) и налетав на овој рецепт Пикантни макарони со кари ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 милилитри Суво бело вино малку Сол 400 грама Ракчиња 1 Праз 1 Пикантно пиперче/ња 6 лажица/ци Масло 350 грама Макарони 1 Китка магдонос 2 лажица/ци Кари ПОДГОТОВКА: Исчистете ги ракчињата, измијте ги и избришете ги. Исчистете го празот, оставете малку од зелениот дел и исечете го на тенки ленти. Пржете го 2 минути на 3 лажици масло. Додајте ги ракчињата и карито и пржете ги на силен оган 2 минути. Полијте ги со виното и оставете го да се редуцира до половина, па посолете го. Сверете ги тестенините, исцедете ги и префрлете ги во тавата со сосот. Пржете ги 2 минути на силен оган, мешајќи ги повремено, и додајте вода доколку е потребно. Додајте малку пикантно пиперче, исечкан магдонос и останатото масло.