За тоа и јас имам слушано, а и татко ми нон-стоп ми брмчи дека риба и млечни производи никако заедно! Ама овој мојов рецепт да го пробаш, не спаѓа во оваа група и да не бидам оф-топик, има едни сосови - Фант на Подравка, прекрасни се за макарони, шпагети - прсти да излижеш! Кога немаме време за домашни сосови и овие вршат работа, предобри се. Spoiler
Си сакам тестенини. Најубави ми се лазањите,мммм После си сакам и шпагети со мелено мевце како сос Макарони со сирење и кечап
за овие сосови треба месо плус или има внатре сушено, и тој со печурки , одма се праи или се става нешто плус????
Ги има внатре, инаку се готова смеса, само ја ставаш во водичка или млеко (не се сеќавам) и ја вариш. Се' си пишува на упатството на ќесата.
Сакам да јадам тестенини. Ама ако ги направи мајка ми. Значи се си јадам. Инаку, кога бев Италија, во хотелот во Рим ни дадоа тестенини со сос. Сосот не да беше убав, преубав. Кога ќе ми текне лиги си ми течат сакам пааааааак! Можев да јадам без престан. Ама тоа беше предјадење, замислете си. А ние се изнајадовме, и за главното јадење место нема, епа нема Ние во МК си го јадеме како главно јадење Инаку ги обожавам тестенините од подравка мислам дека се, со 4ри различни сирења. Има повеќе врсти, но нив најмногу ги сакам.
ПАСТА СО ТЕСТЕНИНИ еве ви од мене еден рецепт за паста. еве ви слика од макароните макарони, 400 гр сос од патлиџани, 1 кг тоно(натурална туна во конзерва), 300 гр суви пеЧурки(по ваш укус), 80 гр першун-(ова незнам колку ви е познато и дали го има) но моЖе и без тоа. 1 лукЧе маслиново масло сол,пипер подготовка пеЧурките се сеЧат на мали парЧиња, во еден сад ставете го маслото и истолЧениот лук, и по моЖност ставете лут пипер,додадете ги пеЧурките и сосот од патлиџани во садот. оставете да се прЖат 30тина минути, потоа истолЧете ја туната(за да не остане како што е од конзерва) и додадете ја во смесата што се прЖи и додаете една лаЖица маслиново масло.ставете сол и пипер. остваете да се прЖи колку е доволно. во друг сад сварете макарони посолете ги, и кога ке бидат готови ставете ги во Чинии и додадете од сосот, по укус додадете и од першунот. изнворедно.
А правела некоја потпечени макарони, ама не од оние најобичните со печурки, туку им се додава морков, пиперка и домат мислам, м? Имав прилика да пробам вакви кај едни пријатели на моите, ама изумив да прашам за рецептот и сега кога кризирам за вакви вкусни јадења, ми се присака да пробам. Ако ви звучи познато, споделете го рецептот, ќе ви бидам мноогу благодарна.
живот без тестенини,за мене не живот ги обожавам највеќе од сите видови на храна! и ги јадам секако,со секаков сос,али највеќе како најобични со сирење и кечап-класик
Мене тестенини ми е омилено јадење.Ги сакам сите видови и во сите облици а и многу сакам да ги готвам. Вкусен сос за шпагети или пак за машнички,по интересни се е следниов-Се сецка сланина на ситни коцки и се пропржува на масло,се додава лук и зачини по вкус,печурки.Сето тоа заедно се пржи и на крај се додава хопла за готвење и се остава да прокрчкаат заедно.Со сосот се преливаат тестенините. Доколку некој не е љубител на хопла може да се замени со доматен сос.
Еве ви еден мнооооооогу вкусен рецепт за некој си вид сос за тестенини (најслатко е со варени макарони). Потрени состојки: -една кеса макарони од поедрите -1 канче кисело млеко -200-300 грама гашкавал -оригано и сусам по желба -зејтин Вкупна цена на продукти : не повеќе од 100ден. Се ренда кашкавалот, се посипува малку зејтин во тенџере и се става кашкавалот. Веднаш се истура и целото кисело млеко, ориганото и сусамот. Сето ова заедно врие и се меша се додека не се соедини смесата. Навистина е вкусно и лесно за правење, пробајте.
Тестенините моја слаба точка.Ги обожавам бе.Неможам да си го замислам денот без нив,иако знам дека не требат да се јадат многу оти дебелееат. Да ви кажам рецепт? Па кој рецепт да ви го кажам бе девојки,сите рецепти сте ги изнапишале
Обожавам тестенини. Пици, панцероти, пити, кифлички, крофни, мекици, макарони, шпагети.... се јадам и тоа во огромни количини. Е сега рецепти, за овие макарони, шпагети јас обично ги правам со павлака, печурки потпржени, сирење и кечап. Најлесно за правење и највкусно.
Јас сум голем фан на тестенини.Обожавам макарони обични со сирење,фунги и многу многу други.И лазањите ги имам пробано ама не ми се свиѓаат многу...
Мх, мх, мх тестенини. Шпагети и макарони омилени со било што одозгора. Само сега помалку јадам бидејќи повеќе дебелеат
Тестенините се храна која можам да ја јадам со недели. И тешко ми паѓа апстиненција од нив. Шпагети,макарони,тортелини,лазањи,губи (јуфки),тарана..ма дај шта даш. Ги јадам со многу кечап и сирење, со мелено месо, со кари сос, со кашкавал, со пармезан..баш секако Добро лазањите се стандард без кечап и сирење, а тарана и јуфки само со сирење Е и да, добри се од Подравка макароните, што имаат сос во ќесата..
Тестенините ми се најбрза и најубава храна. Макароните ги јадам стандард потпечени со сирење а многу често знам да ги сварам макароните/шпагетите да ги исцедам но оставам малку од водата во која се варат и да ги пропржам по мој рецепт со путер, вегета и при крај на пржењето им додавам рендано сирење за да се растопи, некогаш и малку сенф или мајонез и многу се убави така не им треба никаков сос. А убави се и со малиџано, ајвар кој што има, ќе ги сварам и ќе ги измешам со него наместо кечап и сиренце ммм. Ги јадам и со гулаш, општо познато и доста слатко.
Тортелини со сирење: 300 гр тортелини со сирење магдонос 50 гр брашно 400 гр кашкавал 200 мл млеко 400 гр свежи шампињони 200 мл кисела павлака Се варат тортелините. Шампињоните се сецкаат и се пропржуваат, се додава млекото, киселата павлака, магдоносот и брашното и убаво се меша. Во тава за печење се нанесуваат половина од тортелините и врз нив се ренда кашкавал па се нанесува од сосот. Потоа се нанесуваат останатите тортелини и повторно се ренда кашкавал и се нанесува од сосот. Се пече половина саат. Одозгора се наросува оригано и пармезан Тортелини со туна: 300 гр тортелини со сирење 200 гр туна од конзерва 6 шери домати 1 лимон 10тина црни маслинки 5 кисели краставички 3-4 гранчиња босилек 1 лажица капари 100 гр мајонез 1 црвена главица кромид 1-2 лажици балсамико оцет 1 црвена пиперка магдонос маслиново масло, сол и црн пипер Ги вариме тестенините.ги сецкаме киселите краставички, пола од главицата кромид, маслинките, црвената пиперка, шери доматите, листовите босилек, магдоносот, капарито и туната и се заедно мешаме во сад. 4 лажици од цедениот лимон и оцетот ги ставаме во друг сад и додаваме 6 лажици маслиново масло и посолуваме. Тортелините се мешаат во салатата и се посипуваат со маринадата. Потоа се додава мајонезот и се убаво се промешува. Добар апетит.