Спирални макарони т.н. Ротини со шери домати, моцарела и босилек. Потребно: 1 кутија Барила макарони; 1 гранче шери домати (по желба може и повеќе) преполовен; 1 моцарела; 4 листа босилек; 4 лажици маслиново масло; 1 лукче; сол и бибер по желба. Припрема: Макароните се варат на страна, во меѓувреме на средна температура во поголема тава се додаваат 2 лажици маслиново масоло да се загрее, потоа се додава лукот и пропржува околу 2 минути додека порумени. Тавата се отстранува од огин и во неа се додаваат шери домати и се пропржуваат на истата температура околу 3-4 минути, се посолуваат и додава биберот. Во тавата се додаваат и макароните, добро се промешува и отстранува од оган, се додава моцарелата исецкана на парчиња, босилекот и остатокот од маслиновото масло, добро се промешува. Иии Готово е!
Еден од наједноставните и најчести рецепти за тестенини во Италија, а е вистинско уживање, еден наш роднина ни го пренесе и оттогаш почесто ни е на мени. http://www.youtube.com/watch?v=bjmYkPkj ... AAAAAAAAAA Само разликата е тоа што ние во пржениот лук го додаваме магданосот и обарените шпагети околу 5 минути да се динстаат. Особено е убаво кога лукот вака малку ќе порумени или мааалце ќе загори ахх има посебен шмек. Ма Маравиљозо !!!
омилено јадење= тестенини ,тоа важи за мене , и знам дека кога ке покачам на килограми ми е од нив се јадам и макарони и шпагети и лазањи,буквално се што е од италијанската куња ,најмногу сакам макарони печени со сирење и кашкавал и млеко омилени ми се ,малце појако печени мњами
Обожавам тестенини, најмногу шпагети и макарони.Шпагетите ги варам и им ставам сирење и сос.Макароните ги варам, па им ставам сирење.Потоа ги ставам во рерна да се потпечат и кога се при крај со потпекувањето им ставам матено јајце одозгора и прекрасни се ...њами.
Италијанската храна ми е омилена.Јадам се од тестенини.Шпагети,макарони,тортелини со разни сосови,лазањи,и обавезно со пармезан.Сакам и макарони во рерна.Ги приготвувам на мој начин ставам се и сешто.Ред макарони па малку ќе ги прелијам со јајце,па рендам сирење,кашкавал,шунка,маслинки,може и печурки,па ставам по многу малку кечап,може и мајонез,па повторно ред макарони и повторувам неколку пати исто се додека не снема,и на крајот ставам кечап и све поливам со јајце.Многу вкусно е.
Често знам да купам од оние со готови сосови затоа што ми се практични и брзи за подготовка. Вчера баш јадев од овие: Ама оние кои се продаваат во КАМ-маркетите (не ми текнува на името) ми се поубави, посочни некако.
Вчера на маслиново масло пропржив лукче додадов малку сланинка (калорично ал вкусно ) и потоа едно томатело,со зачини.Едноставен сос а беше преубав со шпагетите
Сакам тестенини, па и сос па па па се што е зготвено добро, неможе да не те прелажи да пробаш. Порано си мислев дека тоа е извор на сето дебелеење ама нема врска... ако се јади правилно и во нормално време, и тоа е здраво.
Јас само со тестенини се исхранувам.Италијанската кујна ми е дефинитивно омилена.Досега сум јадела обично приготвени шпагети и макарони,друго не сум пробала ама баш би сакала да пробам.
Италијанската кујна ми е веднаш зад македонската Обожавам тестенини, и традиционално дома тоа имаме на менито за доручек секој викенд. Омилени ми се макароните со доматен сос, рендано сирење и оригано
Овој период, бидејќи има зелена салата во изобилство, макароните ги јадам на следниот начин: сецкам марула како за салата, ја ставам во длабок сад, попрскувам малку маслиново масло и сол па промешувам, додавам малку мајонез за шмек врз марулата ( го препорачувам деликатесниот од Ким, мене ми е омилен периодов ) и уште еднаш промешувам. Потоа си додавам во садот од претходно сварените макарони и имам лесен и вкусен оброк кој освежува
Ова не е рецепт што ќе го кажам, ама многу повкусни се вака ко ќе се правени: во водата за варење на макароните ставам само малце сол (ова го пишам оти некои и масло ставаат во водата), не премногу и откако ќе се сварат ги поливам со ладна вода (па на тој начин ќе се оладат одма) и потоа загревам неколку капки масло (за пола паковање макарони) во мало тенџерче и ги поливам макароните и со сирење од горе совршени ми се иначе ептен сакам макарони и шпагети и еднаш или два пати неделно јадам...леле сега од темава ми се пријаде, а ме мрзи да правам едит: уствари сакав да кажам дека загреаното масло му дава посебен шмек