Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Kako gi otstranuvase vlaknata na liceto pred sekoj tretman.
    Kako gi otstranuvase vlaknata na liceto pred tretmanot.mene mi e za podbradokot sekoj den sum so pinceta.Dali si zadovolna
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас, и ке ја земам лумеа само за лицето, лом се правам со пинцета и се повеќе и повеќе ми излегуваат. Како маж сум :sweat: Се надевам ќе се спасам. Ако може некој подетално да објасни за лице..
     
  3. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Јас го купив апаратот пред 4 години, на почетокот го користев првите 5 третмани на секои две недели, после тоа као на месец дена , ама не ми имаше резултати на месец дена.Потоа продолжив повторно извесен период да го користам на секои две недели, а веќе втората година па се до сега, го користам поретко.Морам да кажам дека сум задоволна(да не се жалам ајде).Црните/темните влакна на нозете скроз ми се изгубија,како да не растат веќе, додека оние посветлите и нежни пак си растат , но не се познаваат толку.Исто така и на рацете, влакната ми бea многу густи, јаки и темни , и сега можам да кажам(и покрај нередовното користење)дека се намалени за некои 70%, скоро и да не се познаваат толку(за разлика од она што првично беше).Под пазувите исто така сум задоволна од тоа колку се намалени, исто така и кај препоните.На лицето скоро и да не сум го користела, бидејќи имам акни, а не смее да се третира на оштетена кожа и кожа со црвенило.Се на се, јас сум задоволна, мислам дека ми се исплатеше оваа инвестиција.Предвидено е апаратот со редовна употреба да се користи некои 5 години, јас го имам веќе 4, но не го користам толку редовно, така да сметам дека со ова темпо ќе можам да го користам уште барем 4 години. :)
     
    На Romantic, Traveler91, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Јас го земав денес конечно. Ама поевтината варијанта со еден додаток за лице што е. Сакам да прашам во врска со подесувањето на бројките од 1 до 5 да ми објасни некој како да наместам бидејќи мојот не одредува сам како поскапата варијанта.
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    Според типот на кожата, имаше во упатството кога го купив мојот
     
  6. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Да де ама пишува дека ако не одговара свети портокалово, ама мене не ми свети на ниедна бројка портокалово, само бело и не знам на која да го наместам за да не утнам за џабе да се пукам да нема ефект.. Тука негде прочитав за појаките влакна на 5ка требало.. Не ми е јасно.. Јас имам јаки црни влакна секаде..
     
  7. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, се запалив да си го купам епилаторов, ама гледам многу разлика во цена, почнуваа од 15000 па до 30000 ден. Која е разликата и дали и тој од 15000 е исто ефикасен?
     
  8. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Цената зависи од тоа какви додатоци ќе земеш.
    Ако земеш само додаток за тело, цената е 15.000ден
    Со додаток за тело и лице, цената е 18.000ден
    Со додаток за тело, лице, додаток за бикини зона и под пазуви, цената е 29.000ден.
    Ова се цени од Нептун
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Мене и за тело ми треба, односно за нозе. Цело време ги бричам и толку многу ги имам згуснато и зајакнато што и после бричење сум како несреденена.
    Па ке си го земам овој од 15.000.
    Се надевам барем малку ке ми го реши проблемот со влакнетоста.
    Фала за информацијата
     
    На joyful му/ѝ се допаѓа ова.
  10. leni_794

    leni_794 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали Philip's Lumea Prestige помага во флеки од пидкожни влакна, и дали може да се користи над веќе постоечки пидкожни влакна. Јас сум со намера да го земам најновиот модел, и 50% да ми се намалат ќе бидам презадоволна ако ми се среди проблемот со пидкожните.
     
    На Bellaa1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    969
    Пол:
    Женски
    Isto i jas imam i podkozni vrasnati vlakna. Imam fleki od niv. I nekoi crvenila. Dali e bezbedno da se koristi poradi flekite od akni, i od sitnite brincinja?
     
  12. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има правено депилација на интима со филипс лумеа?
     
    На Адрија, Снегулк@23 и Hurikanke20 им се допаѓа ова.
  13. Wild Aries

    Wild Aries Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    И мене исто ова ме интересира, дали може да се прави целосна интимна депилација? Секаде каде што читав и видеа никаде никој нема одговорено.
     
    На Kjara15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    Една другарка го зема само за депилација на интима. Од секаков вид на депилација и излегуваа чиреви од поткожни влакна кои мораше хируршки да ги отстранува. Ми рече дека е задоволна :)
     
    На Traveler91 и Kjara15 им се допаѓа ова.
  15. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош од оние што го користат апаратот. Пред некој ден го земав и почнав прво од рацете, па следниот ден и на нозете до над коленици. Ми беше тешко да се организирам до кај сум стигнала и од каде де продолжам. Дајте идеја како да бележам кои делови сум ги поминала кои не? И штетно ли е ако 2 пати поминам на исто место?
     
  16. bibiK23

    bibiK23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Имаш апликација, симни ја и ке те известува кога ти е нареден третман.
     
  17. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
    Да знам за апликацијата, мене ми е во моментот кога се поминувам како да знам дека некои места нема да ги поминам 2 пати?
    Ти како си задоволна? Колку време го користиш?
     
  18. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Два пати на исто место не треба да се поминува. За обележување купи мат бел молив за очи и со него пред да почнеш ќе ги исцрташ нозете на неколку поголеми регии. Моливот мора да биде бел затоа што тој ја рефлектира светлината и на тој начин кожата не се оштетува. Сите други бои ја апсорбираат светлината и се прават изгореници каде што се црташ. Почни со апаратот од глуждот и оди нагоре. После секој ред поминат, нацртај уште една линија каде што си завршила.
     

    Прикачени фајлови:

    • Лумеа.png
      Лумеа.png
      Големина на фајлот:
      177,2 KB
      Прегледи:
      59
    На mamaJana и kalinaka им се допаѓа ова.
  19. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    Јас ја имам напредната варијанта, т.е. таа со двата додатоци, и исто сам треба да подесиш, јас го ставам на 5ка, а ако ме пецка повеќе од вообичаено, го ставам на 4ка.
     
  20. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    Пред секој третман се бричат или депилираат нозете, кожата треба да е сува, без иритации, чиста.
     
    На AnaRose му/ѝ се допаѓа ова.