Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.174
    Допаѓања:
    180.740
    Пол:
    Женски
    Веќе трета година ја имам мислам. Целосно сите влакна, не. На нозе немам 90%. Останатото е најверојатно каде што не сум се поминала убаво. Ретко има цврсто влакненце и тоа само до колено. Над колено тоа што расте е како мов. Исто под пазуви кај што растат влакна се како мов. На стомак немам веќе. На препони едно 70% се изретчени. На лице тек тук некое влакненце има, ама ништо страшно. Јас сум задоволна и сѐ уште ја користам според потреба.
     
    На Antebellum, Giinna, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам неполни две и мојот одговор би бил исти.
    Најдобрата инвестиција што сум ја направила.

    Првиот пат коа ја купив ги направив третманите сите според шема и после правев пауза 4-5 месеци. Таман лето ме фати. Каков раат значи бев, вреди до денар.
    После 4 месеци почнаа да ми се појавуваат пак тук таму и почнав втора тура од почеток третмани. Сеа сум на втората и немам ич (би рекла 95% ги нема), а тие што ги има понекаде се меки и светли и не се ниту гледаат
     
    На Antebellum, wannaBeMomma, Leviosa2503 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Кој модел ја имате?
     
  4. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Bri 921, со додаток за лице
     
    На MyMala му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    374
    Здраво, се мислам да купам ваков апарат.

    Дали имате препорака за модел и дали смеам додека дојам да го користам? И колку ви треба отрпилика за да се пројде цело тело?
    Некако ме мрзи со бебе да се депилирамц а имам многу јаки / црни влакна, општо влакнеста сум и се депилирам со машинка, а на интимата со брич и веќе ми е преку глава...

    Секој совет/препорака/мислење е добредојдено
     
  6. Emilija93

    Emilija93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сакам да го купам гледам многу позитивни коментари, јас имам голем проблем кога ќе се избричам сабајле веќе вечерта ми се излезени влакненца и боцкет, користам депилатор и што ми се густи влакната ми ги поткинува ми растат и многу поткожни е моето прашање е дали можам да користамна ваква кожа како на сликава од депилатор ми се прави ваква кожава.
     

    Прикачени фајлови:

  7. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    Не смееш да гп користиш додека доиш
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Дали пред употреба треба да се поминат со брич или може после депилација. Како е исправно?
     
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.174
    Допаѓања:
    180.740
    Пол:
    Женски
    Како сакаш. Јас се бричам, па се поминувам со Лумеата. Некогаш истиот ден, некогаш нареден. А после депилација треба да почекаш 24 саати за да се поминеш.
     
  10. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.447
    Пол:
    Женски
    Сакам да си купам и веднаш да почнам да го користам, дали до јули ако го користма ке ми се изретчат барем влакнатА? и дали смеам да го користам на раце ако планирам кратки раакави да носам знам дека не треба на сонце да излегувам после депилацијата
     
    На MinaDi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Da ke ti se izretcat ako si redovna vo koristenje, sega nema tolku jako sonce no ako ima ja bi rekla bar prviot/ vtoriot den da ne se izlozuvas premnogu( bar ja taka pravam ).
     
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    5.887
    Здравооо

    каков модел да ми купат за 8ми март (треба да изберам а ја не знам)

    се користи со апликација ?
    за колку време има ефект и колку време трае резултатот ?
    на што да внимавам пред и по користење?
    колку да се долги влакната за користење на апаратов и ме интересира дали има за интимата значи бразилиан вакс
     
  13. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    986
    Пол:
    Женски
    За каков модел ти треба имам пишувано на долго, можеш да прочиташ и да одлучиш :)

    Апликација за мобилен имаш без разлика на моделот.
    Ефект за колку време е индивидуално.
    Еден целосен третман трае вака: 8 третмани на секои две недели плус уште 4 на еден месец. Значи за 8 месеци ќе завршиш. Тоа е крајниот резултат. Првични резултати кај мене имаше одприлика за 2 месеци. Онака поголем ефект. Инаку уште од вториот третман се забележува.
    Пред користење да внимаваш да ти е чиста кожата, без креми и без влакна. Пилиг 24 часа пред третман.
    Влакната не треба да се долги ниту да ги има. Значи 24 часа пред третман депилација или брич. Кожата чиста и мазна. После третман хидратација.
    Делови за интима имаат некои од моделите
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Пасифаи

    Пасифаи Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    доколку некоја е заинтересирана за Philips Lumea 9900 BRI977/00. го добив на подарок. го продавам по поволна цена
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Која е цената ?
     
  16. Пасифаи

    Пасифаи Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    25 000 ден со сите 4 додатоци (пазуви, бикини, тело, лице) неотворен
    модел:Philips Lumea Bri 977/00
     
  17. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Здраво , сакам да го земам овој модел , гледам од 36000 на 28.500 намален, со три додатоци.
    Имам црно влакно, меѓутоа ниту ептен густо ниту баш ретко, некоја средина, со шеќерна паста се депилирам, изретчени се меѓутоа за 10-14 дена веќе ми се познаваат бидејќи како што кажав црни се а ако земам да се депилирам не се доволно пораснати и не ги вади сите влакна , на раце исто , под пазуви не можам, користам брич и за два дена излегуваат, навистина веќе ме нервира и ми прави проблем, дали со Лумеата ќе го решам овој проблем и со редовно користење?
    Барем 80% да немам од тоа што ми излегуваат сега .. еве конкретно за кој модел станува збор 973/00.
     

    Прикачени фајлови:

  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Ак имаш црни влакна и посветла кожа дефинитивно ќе го решиш проблемот.
     
    На swwetyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. swwetyyy

    swwetyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2021
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Црни влакна и бела сум да..баш и затоа и малку да пораснат одма се познава..
    Кој модел го користиш ти ?
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    31.553
    Пол:
    Женски
    Јас имам модел купен во 2015. Не ни знам веќе кој е меѓу првите модели е. Битно мене ми врши работа иако не е како овое новиве со апликација и со автоматско одредување јачина (ја све рачно подесувам, односно подесував). На почеток ја користев по упатство сега еднаш до два пати годишно се поминувам.