1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Јас имам бел тен, со пеги, ама влакната не ми се толку светли и бели, имаат некоја светла кафена боја на рацете, а на нозете оти ги бричам ми се потемни, се надевам дека можам да го користам,
     
  2. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Бидејќи станува збор за поделикатно прашање и не сум компетентна да одговорам, ги контактирав од Philips. Ставот на дерматолози кои соработуваат со Philips е дека Lumea може да се користи на здравата кожа и тоа нема да поттикне проширување на депигментацијата.

    Сепак, секоја личност е различна и за да се чувствуваш посигурна, консултирај се со својот дерматолог. :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    По неколкуте прашања за безбедноста на Lumea, исконтактирав директно со Philips за да добијам релевантни дополнителни информации :). Се надевам дека нивниот одговор ќе разјасни многу дилеми:

    • Методот IPL за отстранување на несаканите влакна се користи веќе 20 години и досега не се регистрирани никакви кожни заболувања или оштетувања. Технологијата користи широкоспектарни светлински импулси од жолта, зелена и сина боја, кои се потполно безопасни, за разлика од ултравиолетовите зраци. Како резултат на тоа, влакненцата опаѓаат природно и се спречува нивното повторно израстување.
    • Philips Lumea, како и секој друг уред на Philips, е изработен во соработка со врвни дерматолози, клинички е тестиран и одговара на сите барања од уредите за домашна употреба. Како и секој друг уред за нега на кожата, важно е тој да се користи според инструкциите во упатството.
    • Philips Lumea има пет нивоа за прилагодување на интензитетот на пулсирачка светлина, за да се гарантира нежно и ефикасно третирање. Така што, ако уредот се користи правилно, третманите се целосно безопасни и нежни, дури и за чувствителна кожа и за чувствителните места на телото.

    Во однос на бременоста и доењето... Како што знаете, во овој специфичен период настапуваат редица хормонски промени, кои можат да предизвикаат несакана пигментација на кожата. Поради тоа, и покрај сите клинички истражувања, и покрај тоа што во изминативе 20 години нема регистрирани случаи кои укажуваат на негативен ефект врз здравјето, не се препорачува фотодепилација за време на бременост и доење. Впрочем, во бременоста и постпородилниот период се советува максимална претпазливост со сè, на пример и со изложувањето на сонце.
     
  4. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Дали може машки да учествуваат во наградната игра?
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај што е ова женски форум, ама дај наградата нека си ја земе некоја жена бе.
    Ко ќе има наградна игра за влошки и маскара за очи, тогаш може. :headbang:
     
    На LiderKa, crazylady, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  6. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Тотално непотребно некултурен одговор.. Никаде не пишува ограничувања за пол, и како што секоја жена сака (и поради општествено наметнати и научени улоги мора) да има мазно тело насекаде, така има и мажи кои сакаат да се решат од вишок влакна на одредени места.

    @Jason123 секако дека може да учествуваш, нема потреба да прашуваш, еве и што пишува во правила за учество „ Поканети се да учествуваат сите граѓани на Република Македонија со наполнети 16 години.“

    @Dijana фала за исцрпните објаснувања и одговори, многу ме заинтригира апаратов, и како што кажаа другите членки доста е скап, но гледам има можност за плаќање на рати, и кога ќе собереш - секој месец депилација ми е 700 денари, а месечна рата за ова е 800 денари, така да разликата во цена не е голема, а изгледа дека е во ефикасност и долготрајност... Одговорив на прашањето, па стискам палци :)
     
    На LiderKa, magic, Dijana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fff3

    fff3 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Колку време од прилика ти требаше за првиот третмант што си го правеше?
     
  8. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168

    Ако го подарам на женско може? :)
     
    На Traveler91 и oblace1 им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мене не ми беше поентата кој може, а кој не може да учествува. Прашај си за тоа на одговорните.
    Но, ова е женски форум, на него се дружиме ние од женскиот пол, самото име Фемина ти кажува се, а наградата е коректно да ја добие некоја која редовно е тука или воопшто билокоја која го чита сајтов.
    А, ти ако сакаш слободно купи го и подари го апаратов.
    Знам дека можеби изгледа некултурен одговоров, ама оние постари членови знаат убаво на што алудирам.
     
  10. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Знам на што, а знам и дека (прости ми ама) глупо ти е тоа на што алудираш.
    Според твоето никој не треба да учествува, зашто секој може да си го купи, така нели..
     
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    ^Не знам зошто не би можело машко да учествува, кога во самите правила пишува единствен услов да се учествува е да се има над 16 години. Не мора да е воопшто членка а уште помалку па некоја што е редовна.
    Крај краева не знам ни зошто така му се обрати кога и самата кажуваш дека не ти се ризикува со ваков апарат.
     
    На MiloMalo, theowndemon и Jason123 им се допаѓа ова.
  12. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Мојата пресметка изгледа вака некако:
    Ако одам на депилација еднаш месечно, трошам 600 денари.
    12х600=7200 - годишно
    За 5 години - 5х7200 =36000

    Цената на апаратот се исплаќа за некои 5 години (во зависност од интервалите на депилација и цената на истата).
    Она што ме кочи при купувањето на апаратот е тоа што не сум сигурна дали е безбеден за користење. Би сакала прво да слушнам коментари од кориснички тука на форумов, пред да се одлучам на купување.
     
    На Mishela, magic, Dijana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. queen007

    queen007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    а дали е скроз безболно?
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не знам колку е точно, ама оние кои биле на ласерска епилациа имаат гаранција неколку години, а потоа пак им растат влакна.
    Така барем ми кажувале неколкумина кои биле.
    И овој апарат има гаранција, ама до определен период.
    Никој не ти гарантира дека влакната еднаш засекогаш ќе престанат да растат.

    Иако, за безбедноста не кометирам (еве погоре објаснуваат за тоа), но дека е полесно, безболно и многу подобро отколку во козметички салон, навистина е.
     
  15. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ми требаа нешто помалку од 20 минути за третирање на долниот дел на нозете (од колената надолу). Како што привршував, така ми одеше сè побрзо, па убедена сум дека вториот третман ќе биде уште пократок. :)
     
  16. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да, целосно безболен е третманот. ;) На 1-2 места на нозете почувствував само блага топлина при импулсот, која трае помалку од 1 секунда. Ништо повеќе. ^_^
     
  17. Elfi

    Elfi Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    12
    Здраво на сите :hai:
    Она што ме интересира за SC2009 е дали може да се користи во секој дел од годината. На пример во лето, кога кожата е изложена на сонце, често и малку оштетена.
    Благодарам
     
  18. CrystiNaa

    CrystiNaa Нов член

    Се зачлени на:
    22 март 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Само сакам да најдам решение за моето лице, секој ден станувам се гледам во огледало и корнам влакненца без тоа денот не ми почнува, се радувам што видов дека постои вакво нешто, ласерските третмани се скапи неможам да си ги дозволам, а за ова и да одвојам пари некогаш барем знам ке го имам дома и ќе третирам додека не постигнам видлив ефект, каде не се обратив, имам 26 години, а имам комплекс, намалена самодоверба, некогаш и ме боли лицето од нив, само сакав да споделам, се надевам дека некој искрено ќе му се радува, а сигурна сум дека ке помогне :D
     
  19. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не, ваквите апарати со ласери се препорачува на секои 6 месеци, но мислам дека не смее кожата да се изложува на сонце пред и после епилацијата. Барем вака ми имаат кажано во Техномаркет за епилатор сличен на овој, сепак @Dijana нека ни објасни за најсигурно.

    Излезено е второто прашање :)
     
  20. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Женски
    Го одговорив првото прашање и добив повратен одговор исто и мајка ми и другарка ми нешто како ви благодариме на учеството, и вчера трите од кај мене од компјутер го одговоривме второто но не добивме повратен одговор.. така е кај сите или нешто не ни е ко што треба испратено ?