Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.296
    Допаѓања:
    84.122
    Пол:
    Женски
    Ќе функционира. И јас имам светол тен и темни влакна и користам јачина 5.
     
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
  3. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Update: Го купив и се поминав денеска, освен препони/интима и стомак. Баш добро оди, мислев дека ќе е многу поспоро па оставив другово за утре задутре, ама брзо оди, се надевам дека добро го истерав:D:inlove:
     
  4. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.787
    Допаѓања:
    6.716
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали може да се прави целосна епилација на интимна зона? Не најдов до сега конкретен одговор.
     
  5. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Размислувам да земам но се уште не сум одлучена.
    Дали имате искуство со некој од овие:
    - PHILIPS LUMEA BRI921/00
    - PHILIPS LUMEA BRI940/00
    - PHILIPS LUMEA BRI945/00
    - Garett Beauty Cool IPL Hair Remover White

    После колкав период видовте резултати?
    Дали може да се користи и во лето?
    Читав дека доколку не се користи цело време (1,2,3... години) влакната се враќаат уште поцврсти.
    Дали може да се користи за цело тело или има делови што не смее?
     
  6. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Јас го имам оној со 4 додатоци - пазуви, надусници, интима и цело тело. Не знам кој е точниот број на моделот.
    Мора убаво да ги отстраниш влакната пред да ја користиш Лумеата. Ако користиш брич, тогаш можеш да ја користиш истиот ден, а во случај на депилација треба да почекаш барем еден ден за да се оформи корен на влакното за да може да делува.
    Не се препорачува користење на дезодоранс, лосиони, креми или било какви други препарати пред да ја користиш Лумеата. Кожата треба да е чиста и сува.
    Кога го купив, првично ги следев упатствата според кои правиш 4 (мислам, можно е да беа 6) третмани - еден третман на две недели. Бидејќи не ми беше изводливо да одам на депилација на секои две недели, во тој период практикував брич. Откако ќе ги завршиш тие третмани, преминуваш на еден третмани на еден месец. Јас искрено еден период го забаталив. Периодов пак сум редовна со тоа што не ги правев тие првични третмани туку веднаш преминав на еден третман месечно. Имам резултати. Влакната се поретки, помеки и растат побавно. Моментално не сум била на депилација еден месец и се уште немам доволно долги или густи влакна за депилација. Тоа за мене се супер резултати. Не смееш да го користиш во предел на усните (интима) и анусот, мислам дека тие места беа само, но секако ти пишува се во упатствата.
    Во лето може да се користи меѓутоа мора да нанесеш 50+ СПФ следниот ден и да избегнуваш изложување на сонце истиот (а јас практикувам да избегнувам и денот после третман кога сум во можност). Не го користам пред одмор кога знам дека 7-10 дена ќе бидам константно изложена на сонце.
    Е сега, се зависи од бојата на влакната. Колку се потемни, толку подобро може да делува. Во случај да си русокоса и имаш светли влакна, не би ти препорачала да си ги даваш парите.
     
    На Ne znam koj, Matea^_^ и ЈасТ. им се допаѓа ова.
  7. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    4.351
    Пол:
    Женски
    Јас го имам 921. Го земав првенствено за надусници и додатокот е добар, можеш убаво да го поминеш тој дел на 3 пати. Има и мало електрично апаратче за бричење на надусници, супер е.
    Рацете ги поминав 2 пати или 3 макс и имав резултат ама немам дисциплина до толку да сум редовна и немав нерви баш секој милиметар да го поминувам него само кај што си знаев дека имам најмногу влакна и се откажав.
    На надусници ми се вратија црните влакна пак ама проверив хормони и излезе дека е од тоа па не ги повторував третманите веќе.
    Ако си заинтересирана за тој модел, го продавам, можеби уште има и гаранција, ќе проверам.
     
    На Matea^_^ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на двете.

    Јас мислев може цело тело без ниту еден исклучок.

    Се уште размислувам бидејќи на ласер да одам немам можност, а имам густи и црни влакна па ова ми делуваше како едно можно решение да не сум секој ден со бричот во рака.
     
  9. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Штом имаш густи и црни влакна, тогаш имаш навистина топла препорака од мене. И исто така, би ти препорачала да размислиш за депилација наместо бричење. Можеби би ти препорачала да продолжиш да се бричиш за тие иницијални 4-6 третмани со Лумеа ама потоа да преминеш на депилација. Ова ти го кажувам како личност која почна со депилација пред две години. Презадоволна сум. Есента поради икс причини не можев да одам на депилација па единствен начин ми беше бричење. Се чудев како сум имала трпение и време да го правам тоа секоја недела ако не и почесто. Спасот е депилација и Лумеа, ласер и мене ми е недостижна цел засега ама задоволна сум како брка работа Лумеата.
     
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.420
    Допаѓања:
    33.287
    Пол:
    Женски
    Зошто депилација и Лумеа? Не врши работа само Лумеата? Нели можам да ја користам долго време?
    Планирам да ја купам па затоа прашувам.
     
  11. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Јад мислев дека нема да е потребна депилација доколку се користи Лумеата, поради таа цел и сакам да ја купам. Ни брич ни депилација да не треба, добро сфатив не може сите до едно влакно да ги снема но замислував да останат по 4-5 влакна и толку. Инаку ако повторно е потребна депилација/брич толку често тогаш не знам зошто би ми била.
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.652
    Допаѓања:
    187.204
    Пол:
    Женски
    Каква депилација, неколку години ја користам и само се брич се поминувам. Може со машинка да ги пројдам тие неколку влакна што растат, ама само кога одам на одмор за да нема ниедно влакненце подолго време.
     
    На Ne znam koj и Srckata28 им се допаѓа ова.
  13. Giinna

    Giinna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    4.351
    Пол:
    Женски
    Депилација е потребна еден ден пред третман со лумеа. Значи се депилираш, поминуваш со лумеа, на 2 или на 4 недели беа првите третмани не се сеќавам, тој период ти растат влакна и пред следен третман пак се депилираш, следниот ден лумеа. После секој третман се помалку влакна ќе ти растат и се очекува после последниот да не ти растат со месеци или по некое влакненца само
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.420
    Допаѓања:
    33.287
    Пол:
    Женски
    И после пак со лумеата или како?
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.267
    Допаѓања:
    5.774
    Пол:
    Женски
    Да, после само еднаш месечно за да оддржуваш. Има апликација и ќе ти кажува.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    25.454
    Пол:
    Женски
    Да споделам мое искуство. Го купив основиот апарат, без никакви додатоци, на голем попуст. Бев скептична.

    Луѓе, кога ги велам дека уште после првиот третман, 70% од влакната на ногата ги снема. Јас го правам телото дел по дел, сега завршив 4 третмана на нозе и сум во фаза на оддржување. 95% се мазни. Не можам да бидам позадоволна.

    Сега ги правам пазувите. Тие влакна се малце поцврсти, оштри, па затоа после првата сесија немав резултати, но после другата имам веќе дупки кај што не растат влакна. Едвај чекам да видам после 3та и 4та како ќе биде, затоа што тој предел ми е еден од најбитните.

    Следно ќе правам раце, иако, имам тетоважи по рацете, така да, ќе морам некое делови да оставам влакнести, ама нема врска.

    Последно ќе оставам бикини зоната. Иако немам додаток за бикини зоната, читав на Редит и овде дека нема проблем и со регуларното апаратче да се поминува, па ќе видиме. И таму се влакната цврсти и инаетливи, ама да ги 50% намали, ќе бидам задоволна.

    Секоја препорака за сите што имаат темни влакна.
     
    На JoyJoy, Ne znam koj, Matea^_^ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.420
    Допаѓања:
    33.287
    Пол:
    Женски
    Значи пред да ја искористиш лумеата, се бричиш така? И после треба да помине незнам колку недели за вториот третман, така? А во рок од тие неколку недели дали може да се бричиш?
     
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.085
    Допаѓања:
    25.454
    Пол:
    Женски
    Да, се туширам, се бричам и веднаш користам Лумеа кога ќе сум сува. Нема потреба од депилирање, само убаво да се избричиш.

    Првите 4 третмана се на секои две недели. На нозете воопшто немав потреба да се бричам меѓу третманите, но мишките ги бричам, дозволено е.
     
    На Ne znam koj и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.295
    Допаѓања:
    11.863
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2026-03-03-20-20-07-729_com.openai.chatgpt-edit.jpg
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Мора на некаков начин да се отстранат влакната пред да се поминете со Лумеа. Дали со бричење или депилација, тоа е ваш избор. Затоа напоменав погоре - ако се бричите, можете истиот ден да се поминете со Лумеа затоа што со бричење не се отстранува влакното од корен. Ако се депилирате, тогаш почекајте 1-2 дена па поминете се со Лумеа, за да има време да се формира корен на влакно. Јас лично се депилирам и користам Лумеа и гледам голем напредок. Само на почетокот, за тие иницијални третмани што се прават на 2 недели би ве советувала да се бричите затоа што нема поента, нема доволно време да израснат влакната за толку кратко време за да одите пак на депилација и да ја користите Лумеата.
     
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.