Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.729
    Допаѓања:
    168.708
    Пол:
    Женски
    Мене ми стигна пак повратна порака, со ист текст внатре нели, благодарам на учеството и дека има три прашања и се тоа.
     
  2. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Исто и мене НЕ ми стигна втора повратна порака, откако го пратив вториот одговор, дали треба повторно да препратам?
     
  3. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Да, Philips Lumea може да се користи во секој период од годината, само што во лето треба да се внимава при изложувањето на сончева светлина.
    • По сончањето, почекајте барем 48 часа пред да си направите третман. Доколку кожата ви е потемнета како резултат на сончањето, направете си тест за да го одредите соодветниот интензитет на светлина. Ако имате изгореници, почекајте црвенилото да исчезне пред да го користите уредот.
    • По третманот, почекајте најмалку 24 часа пред да се изложите на сонце. (Ова правило важи и при класичната депилација.) Две недели по третманот користете крем за сончање со SPF 30+ за да ги заштитите третираните зони.
    И покрај ова, се препорачува да се започне со третманите во текот на зимата и пролетта за кожата да биде мазна до почетокот на летната сезона. :)
     
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Повратните пораки се автоматски, односно на сите кои веќе го одговориле првото прашање и пишуваат од ист mail за второто, нема да стигне зашто mail-от веќе е евидентиран дека добил повратен одговор.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.729
    Допаѓања:
    168.708
    Пол:
    Женски
    Јас пишав два пати од ист и два пати ми стигна повратна :| :^)
     
  6. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Хм, јас пратив одговор и на првото и на второто прашање (од ист мејл се разбира) и не добив повратен одговор ни на првото, ни на второто.
    Дали тоа значи дека не учествувам?
     
  7. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    1.824
    Доколку успешно сте ги испратиле одговорите на точниот e-mail (lumea@femina.mk), ние сигурно ги имаме добиено и 100% сте регистрирани како учесници, независно од тоа дали имате примено порака со благодарност за учеството или не :). Без грижи ;).
     
    На LiderKa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш се убедив дека времето лета. Ми се чини како да беше вчера кога како мало дете пред новогодишно пакетче стоев пред кутијата со Philips Lumea, фантазирајќи си дека она што е внатре е остварување на моја желба. :lol:

    И да, две недели поминаа од мојот прв третман и морам да признам дека секој ден редовно си ги разгледував нозете за да гледам одблиску како подраснуваат влакненцата и да правам објективна споредба.

    [​IMG]

    Проретчување дефинитивно има уште сега :clap: (би рекла околу 20-25% намалување на влакната), што ме охрабрува да верувам дека ќе се исполнат моите очекувања. И тоа како ме мотивира ветувањето за намалување на растот со 75% по само 3 третмани.

    Вториот третман го поминав пеејќи (буквално! ^_^). Сè е многу полесно од првиот пат. Сега ја искористив опцијата „Лизгање и блескање“ (Slide & Flash) и поминувањето на потколениците беше многу, ама многу брзо. Завршив за околу 12-13 минути, што е помалку од моите прогнози. Не беше завршена четвртата песна од мојата омилена плејлиста, а јас бев готова. :music:

    [​IMG]

    Продолжив и на рацете. Два дена претходно ги имав издепилирано и кожата ми беше подготвена за фотодепилација. Ги поминав подлактиците за околу 6-7 минути. Рацете се поковчести и малку ми беше потешко да го натерам зеленото светло да се запали за да ми каже дека можам да „пукам“ со светлина, но веднаш се прилагодив и набрзина менував агли за да светне.

    [​IMG]

    Иако не ми беше планирано да ги третирам пазувите, сепак бидејќи сè ми одеше многу брзо и лесно, тркнав до бањата за набрзина да ја измазнам кожата со брич за да го продолжам третманот и таму :$. Почекав 15-тина минути по бричењето за да се осигурам дека кожата не ми е раздразнета. Е за оваа област потребно е огледало. Голема предност е што уредот нема кабел и не треба ни да мислиш на приклучоци и сл. Ја кренав раката и ја поставив дланката на тилот за да се оптегне кожата. Оваа зона е многу мала и за минутка лево и минутка десно си готова. (poolparty)

    Сума сумарум: За супер кратко време бев средена. А што е многу важно – без никаква болкаа! :dance:

    [​IMG]

    За две недели следува третиот третман. Едвај чекам да измине периодот на тестирање за преку фото-споредба да го видам ефектот.

    Прашања??? ^_^

    Во меѓувреме, искористете ја можноста да го добиете Philips Lumea како подарок преку Квизот на Фемина »
     
  9. a89

    a89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    @Dijana Си пишала дека треба претходно депилирање со восок не ми е јасен тој момент ако може да ми објасниш.Имам правено ласерска епилација и строго се напоменува влакната да не се третираат со восок,само со крема и брич.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168

    Каде правеше и како си задоволна?
     
  11. a89

    a89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Правев во Санте Плус и не се за пофалба не што не ми се изретчија туку и ми се појачаа мислам
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Dijana Дали сликите што ги постираш се лично твои?
     
  13. Cunga Lunga81

    Cunga Lunga81 Нов член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Edno ne mi e jasno, dali treba pred sekoj tretman prvo da se izdepeliras pa posle da tretiras so Lumea? Za prviot tretman mi e jasno deka treba prvo da se depiliras ama za posle ne mi e jasno.
     
  14. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Пред третманот со Philips Lumea важно е кожата да биде мазна, без влакненца. За разлика од ласерската депилација, при користењето на Philips Lumea може да се избере кој било метод – бричење или пак депилација со восок или електричен депилатор.

    Доколку кожата е депилирана, треба да се почека барем 24 часа за да се смири евентуалната иритација. Јас имам многу чувствителна кожа (ми се јавува црвенило и црвени точки), па треба да изминат најмалку два дена за потполно да исчезнат. :)

    Совет: Ако се бричите, правете го тоа во правец на растот на влакната за да ја сведете иритацијата до минимум.

    Единствено не се препорачува користење на крем за депилација за да не дојде до несакани реакции на кожата поради хемикалиите во кремот.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Да, јас сум на фотографиите, поточно делови од мене. :lol:
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Dijana Тогаш зошто фотографиите се фотошопирани? Реално, не е фер да се рекламира производ за кожа, а за фотографиите да ги маскирате убаво. Исто како шминкање, а после со ефекти :D Не иде.
     
    На jb82, SnowWhite8, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Фотографиите кои ги објавував досега се со цел да го покажам уредот и да доловам како тече самиот третман. Сакав да бидат естетски привлечни. :$

    По завршувањето на периодот за тестирање, ќе објавам и „недопрени“ фотографии направени одблиску од делови од рацете и нозете за споредба (со влакна и сè). ;)
     
  18. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    По првиот третман влакната се проретчуваат (на одредени места кожата е мазна или со 2-3 влакненца). Сепак, на поголем дел од површината, влакна сè уште има, па пред вториот третман, тие треба да бидат отстранети, бидејќи уредот се користи само на мазна кожа. :)
     
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Dijana Во ред е се, разбирам, мислам така се прават сите реклами. Но, овде сме на форум, каде девојките знаеме на што сме и очекуваме реални слики. Како што си самите прават рецензии на шминките и пудрите во темите, така би требало и овде. Уредот на тој начин би го зграпчил вниманието и стварно би биле убедени дека функционира.
     
    На jb82, kjukli, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Третманите се прават на мазна кожа, така што фотографиите од самиот процес на третирање на кожата не покажуваат ништо конкретно за густината на влакната. :)

    По тестирањето ќе споделам фотографии фокусирани на ефектот.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.