1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Koga ke se znae koj go dobil aparatot?
     
  2. a89

    a89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Да бидам појасна значи депилирање со восок и со депилатор електричен го вади влакното со корен за да се уништи тотално влакното се третира коренот кој ако се издепилирам со восок ке го нема тогаш на кој принцип функционира овој апарат како го уништува влакното ако нема влакно на површината а нема ни корен?Ке те молам да ми објасниш по детално за тоа,имам пробано повеќе типови на ласери и IPL и YAG итн и сите потенцираат да не се депилира со восок/депилатор па дури и после депилација се чека месец дена да ојача коренот.
     
  3. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    1.712
    Како што е наведено во правилата, името на добитничката на Philips Lumea ќе биде објавено на 12.04.2016 преку текст на сајтот и на Facebook страницата на Фемина. :)
     
  4. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    Имам многу подкожни влакна ми се прават како бубулици после депилација дали е штетно на таква кожа или после бричење ако се имат црвенило
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Aко толку го рекламирате чудово со ваква енормна цена, мислам дека фер би било (пошо се работи нели за кожа,а не за купување мебел) да кажете кои се можните последици од користењето на истово.
    Кај кој било дерматолог да отидете сите истото ќе ви го кажат, непотребно ласерско зрачење да се избегнува, исто како и солариум на пример.
    Не би да правам антиреклама, ама кога се работи за кожа и кога толку агресивна рекламна кампања правите дајте барем кажете дали е безбедно ваквото зрачење за сите типови кожа и за секој тен од најсветол до најтемен (се што прочитав е кај какви влакна најчесто има ефект, а не и кај кои типови кожа).
     
    На iloveyou29, kala21, NESKAFE25 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    За оваа тема велеше Михајло дека не е реклама за депилаторорт од страна на Дијана? :rofl::rofl::rofl:
    Да, баш очигледно е дека е нејзино искуство.
     
    На jb82, Lilit, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Се консултирав за да можам што поточно да ти одговорам. :)

    Да, при депилацијата со восок и електричен депилатор влакното се вади од корен, но останува фоликулата каде што подоцна расте ново влакно. Philips Lumea користи IPL (интензивна пулсирачка светлина) која продира и до самата фоликула.

    Како што ние жените добро си знаеме, сите влакна не растат истовремено (и да си се издепилирала денес со восок, по 2 дена ќе забележиш влакненца на одредени места), односно се наоѓаат во различна фаза. Токму затоа третманите со Lumea на почетокот се прават на две недели – за да се опфатат сите влакненца. Со првиот третман ги третираш влакната кои се во фазата на растење (тие не се видливи над кожата за да можеш да ги отстраниш со депилацијата или со бричот). Со вториот третман ќе влијаеш на нова „тура“ влакна кои во тој момент растат итн.

    Philips Lumea делува на влакната кои се во првата фаза (анагена фаза). Во спојлер ги наведов трите фази низ кои минува растењето на влакната.

    Се надевам дека добро објаснив. :$
    • Фаза на растење (анагена фаза). Влакната растат активно од коренот.
    • Регресивна фаза (катагена фаза). Растот на влакната запира, а коренот се стеснува пред влакната да паднат.
    • Фаза на одмор (телогена фаза). Старите влакна се одделуваат од фоликулата и паѓаат. Фоликулата извесен период мирува пред да започне да расте ново влакно.
     
  8. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    Дали можи да се користиси на стомак и на грб овај од 250евра?
     
  9. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, и јас имам проблем со поткожни влакна (на препони и на надворешната страна од потколениците). И кога ќе започне да ми се појавува влакното над кожата, често се формира црвена бубулица која стои додека врвот на влакното не успее да ја пробие кожата или додека јас не го ископам. :(

    При користењето на Lumea, кожата не треба да биде црвена. Јас тој проблем го избегнав со тоа што пред првиот третман почекав влакната да подраснат половина сантиметар. Така сите влакна кои ми беа поткожни успеаја да излезат над кожата и немав бубулици кои сметаат при бричењето и предизвикуваат вцрвенување на кожата.

    За да го избегнеш црвенилото, бричи се во правец на растот на влакната, никако обратно. Тоа прави огромна разлика.

    До вториот третман на нозете немав поткожни влакна, а немам ни сега, што е големо изненадување за мене. ^_^

    Добро знам колкав проблем е комбинацијата чувствителна кожа + поткожни влакна, па друг совет што можам да ти го дадам е РЕДОВНА ЕКСФОЛИЈАЦИЈА. :nod:

    Неколку дена пред да се избричиш и пред да ја користиш Lumea, направи си ексфолијација (јас најчесто користам микс од талог од турско кафе и шеќер, но некогаш мешам и други состојки, што ќе ми се најде при рака). Триењето ќе помогне влакната за излезат, а ќе има време и бубулиците да се смират.

    Се надевам дека ти помогнав. ;)
     
  10. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Безбедноста и мене ми беше важно прашање на почетокот. По сè што имав можност да исчитам, не пронајдов ништо што би ме натерало да се сомневам во уредот. Сепак, доаѓа од компанија со светска репутација. :)

    Philips Lumea е создаден во согласност со сите стандарди и регулации. Врз основа на досегашните научни истражувања и ставовите на истакнати дерматолози, тој е безбеден за употреба во домашни услови доколку се користи според препораките во упатството.

    Соодветен е за кожа со секаков тен, освен за кафеаво-црна или потемна кожа (која не е типична за нашето поднебје). Табелата прегледно покажува во кои случаи не се препорачува (црна кожа и кај светло руси, црвени, бели и сиви влакна).

    [​IMG]

    Накратко и карактеристики за различната боја на кожата:
    • Бела – секогаш гори на сонце, никогаш не потемнува.
    • Бежова – лесно гори на сонце, минимално потемнува.
    • Светло кафеава – понекогаш гори на сонце, добро потемнува.
    • Средно кафеава – ретко гори на сонце, брзо и добро потемнува.
    • Темно кафеава – ретко гори на сонце, многу добро потемнува.
    • Кафеаво-црна и потемна – ретко или никогаш не гори на сонце, многу потемнува.

    Пред употреба, важно е да се одреди кој интензитет на светлина е најсоодветен за кожата. Скалата се движи од 1 до 5. За лица со посветла кожа се препорачуваат повисоки интензитети, додека за лица со потемна кожа – пониски. Причината е што темната кожа апсорбира повеќе светлина.

    Лично јас немав никакви реакции на кожата. Во упатството е наведено дека е можно да се појави благо црвенило и/или печење или да се почувствува топлина, но тоа е апсолутно безопасно и брзо исчезнува. Исто така, може да се појави сува кожа и чешање поради комбинацијата на бричење и третман со светлина, но и тоа се повлекува за неколку денови.

    За да нема никакви реакции, најважно е кожата да е чиста и мазна, како и уредот да се користи со соодветен интензитет. :)
     
  11. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    Исто и јас имам светол тен и многу темни влакна.Искрено сум заинтересирана за резултатот дали навистина помага?Јас имам Philips епилатор и сум задоволна но пак на секои 4 дена морам да се пројдам, ама со брич не станува збор секоја ден нема ден да не пораснат влакна :( Дали до сеа имаш некаков резултат ? Како ти се чуствува кожата цревенило некаква иритација?
     
  12. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да, може да се користи на овие области од телото. :)
     
  13. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    На кожата немам никаква несакана реакција по третманите. Белиот тен во овој случај е огромна предност. Првпат во животот сум среќна што сум со толку светла кожа. :lol:

    По двата третмани, влакната ми растат помеки и видливо се проретчени. Со оглед на тоа што пред третманите се бричев, го нема непријатното боцкање типично за бричени нозе. Досега би рекла дека кај мене има намалување на влакната за околу 35-40% (сè уште имам време до третиот третман па тој процент верувам дека ќе потпорасне.) :)
     
    На glittergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Dijana A тоа видливо проретчено ние кога ќе го видиме? :D Колку и да звучи шармантна рекламата, we actually need a proof ;)
    :d:
     
    На SnowWhite8, kjukli и molikaMk им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Супер тема. И јас исто доста се заинтересирав за производов и барав една информација ама слабо ми оди. Дали овој апарат би имал и каков би бил ако има ефект врз испукани капилари или проширени вени?
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Наградна игра за чудо од 15000 не е реклама :D
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukllicka

    kukllicka Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo bi sakala da prasam dali e pogoden za lice koe ima temni vlakna a kozata no naistata ima benki koi 99 % se mazni odnosno neispaknati i koga ke recite deka se upotrebuva na preponi mislite samo na preponi ili i na intimnite delovi ...pozz
     
  18. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Честитки до Марга, со здравје да си го користиш :)
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Да ви ги пишам моите први импресии за чудово :)
    Имам одено претходно на ласерски епилации и имам искуство на лицето само, за третмани на тело ми било скапо. Одамна ги пратам епилаторите што се продаваат кај нас, реално ништо посебно немаше, и бев еднаш скоро решена да го нарачам истиов онлајн ама среќа ме предомислија и ми се исплати чекањето.

    Конечно се решив за епилаторот пред два дена и многу нормално го пробав одма на себе. Го земав поновиот модел со додатоци за лице и интима. Пресметав дека до сега имам дадено многу повеќе пари на болни депилации, ласерски третмани, бричови, машинки и мислам да правилно ги инвестирав со тоа што ќе бидам раат во наредните неколку години. Зошто во наредните неколку години, а не цел живот? Затоа што од искуство знам дека пак подраснуваат влакната само не толку изразени и густи и е потребно барем еднаш до два пати годишно повторување.

    Прво прочитав на официјалната страна за што се можам да го користам, колку време се користи (има поевтини опции по маркетиве со 5000 одблесоци што е премалку за повеќе третмани на цело тело, овој има дури 250000 што значи гоооооодини користење) и дали може да има side effects.

    Бидејќи како што спомнав имам искуство со ласер очекував болка или барем поинтензивно пецкање ама за моја среќа не осетив ништо од тоа. Се чувствува само топлина како да се допреш на топло парно една милисекунда. Лесно е за ракување, брзо оди само батеријата не држи доволно за со едно полнење да поминеш повеќе регии. Јас го полнев 3 пати за да се поминам цела - цели раце, пазуви, стомак, цели нозе и бразилска (проверив, може да се третира и тој регион само да се избегнуваат внатрешните усни и мембраните односно отворите). Искрено одзема многу време полнењето, а само епилацијата беше не повеќе од 2 саати со се сите изветоперени пози за да фатам агол на незгодни места.

    Во главно сум задоволна, првиот впечаток ми е позитивен т.е. најважно од се ми беше што не се чувствува никаква болка или нелагодност на било кој дел од телото. За батеријата ќе замижам, мене лично не ми претставува тоа голем проблем.

    Ќе пишам после неколку третмани пак да ви кажам нешто повеќе 8-|
     
    На Angel.Heart, Oxymoron, toogood и 17 други им се допаѓа ова.
  20. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Мн убави коментари ама луѓе скапо е многу 500 € :\ иначе кој не би сакал трајно отстранување,проретчување на влакната кои ни се најголем проблем -.-'