1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестирам Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната. Ask Me Anything!

Дискусија во 'Тело' започната од Dijana, 21 март 2016.

  1. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Според препораките, уредот не треба да се користи на местата на кожата со варикозни вени и испукани капилари. Кожата на тие области е „синкава“ и третманот може да резултира со изгореница или со промена на бојата на кожата.
     
  2. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Моделот Lumea SC2009 има специјален додаток наменет токму за третирање на влакната за лицето. Но, важно е да се каже дека уредот не треба да се користи на бенки.

    Секогаш треба да се заобиколуваат бенките, а дополнително може да се заштитат и со помош на бело моливче за очи. Со моливчето набојте ја бенката за да се одбие светлината доколку евентуално се приближите премногу до неа.

    Може да се користи на препоните и повнатре (на пример горниот дел) :). Не смее да се користи на срамните усни, вулвата и анусот.
     
  3. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    И конечно можам да го коментирам она за што добив најмногу пораки и прашања – резултатите од користењето на Philips Lumea. Не сакав да зборувам напразно пред да имам конкретен доказ за споредба, а сега може и да оставам само фотографиите сами да зборуваат за ефектот. :lol:

    Зачудувачки како депилирањето и бричењето ми беа најздодевна обврска која секогаш ја одложував колку што беше можно повеќе, но сеансите со Lumea си ги сфаќам како време за себе и за релаксација и со ќеф си ги планирам ^_^.

    По само два третмани забележав навистина одлични резултати (едно е да читаш колку сè ќе се промени, а друго е да го видиш на своја кожа). На одредени места на нозете воопшто немам влакна. Повеќе елипсовидни области ми се потполно мазни, а на другите места има забележително проретчување.:clap:

    На пример на задниот дел на нозете над петите, имам проретчување од околу 80% (неверојатно да :*:). На предниот дел од потколениците проретчувањето го проценувам на приближно 70%. Најмало проретчување имам на надворешната страна од нозете - 40-50%, но и тоа е одлично, бидејќи таа област ми беше доста проблематична не само со густината на влакната, туку и со поткожни влакна. Изненадувачки е што ова се резултати по САМО два третмани.

    Морам да споменам и две други позитивни страни – влакната растат помеки иако се бричам пред третманите и речиси и да немам поткожни влакна (ископав само 4-5 тврдоглави влакна, што е големо подобрување).

    По природа не сум трпелива личност, па мило ми е што имам докази да зборуваат за ефектот за да го задоволам љубопитството на таквите како мене. Придвижете го слајдерот налево-надесно, за да направите споредба. (Малку е непријатно да си ги споделуваш влакнестите нозе на интернет. :$:$)



    За третиот третман, повторно се ослонив на опцијата „Лизгање и блескање“ за нозете (се движиш бавно по кожата, држејќи го копчето, а уредот сам си блеска). Околу колената и за пазувите ја користев опцијата „Притисок и блесок“ (сама избираш кога ќе „пукаш“ со светлина). ;)

    [​IMG]

    На рацете и пазувите сега го направив вториот третман, па за резултатите ќе имам коментар понатаму.

    [​IMG]

    Овој пат продолжив со третман и на препони. Третирањето на сите области го завршив за околу 25-30 минути.(hollest)

    За мене ова е бјути ренесанса оти претходно ми беше потребен половина час сааамо да подготвам крпчиња за депилација и да го топлам восокот на неколкупати во микробранова. :sweat:

    Најискрено, уредов не можеше да дојде во мојот живот во подобар момент. На почетокот на мај сум на моминска вечер (уствари викенд) со спа уживанции, а една недела подоцна е свадбата, па ми треба мазна кожа, немам време за чекање за растење на влакненца за депилација со восок. Како што тргнало, сигурна сум дека ќе имам една обврска помалку при подготовката за веселбите.:d::music:
     
    На SnowWhite8, theowndemon, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Дали со основната варијанта (онаа што чини 15000) може да се прави третман на препони и интима, или за тоа е потребен додаток?
     
  5. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Еве и јас да пишам, апаратот го купив пред две години (не знам кое беше името на моедлот ама е тој со додаток за интима и пазуви). Не сум многу редовна морам да признаам некогаш правам на една недела некогаш поретко зависи.
    Изретчени ми се влакната на нозете околу 80% (под колената, нагоре не ни правев пошто влакната и после години бричење не ми се зајакнати и немаат црн корен). Интимата ми е некои 50% изретчена, имам места каде што веке не ми растат влакна воопшто. Пазувите ми се најмногу изретчени некои 90%.

    На сите места влакната многу поспоро растат, за нозе и интима порано после 2 дена веке ми беа пораснати сега е тоа сведено на некои 6-7 дена. Влакната под пазуви после некои 3 дена ми растат али стварно ги има мнооогу малку. Рацете исто не ги правев пошто и после упорно бричење влакната не ми зајакнаа освен ретко некои, на почетокот ги поминував и рацете се изретчија доста влакната и така си останаа. Се на се сум задоволна, не зажалив што го купив.

    Мислам дека не може скроз да се изгубат сите влакна со епилација со апаратов. Летно време кога сум поцрнета не можам да го правам третманов и приметувам дека се убрзува растот на влакната па се депилирам поедноставно ми е. Со редовна употреба мислам дека на некои време може да се изгубат 90% од влакната но мислам дека енеминовно да се вратат после одреден период. :)
     
    На Sky-butterfly, theowndemon, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lidse

    Lidse Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Моето искуство со купување на рати: Отидов во Нептун одма да си го земам и да почнам истиот момент да го користам. Арно ама, за разлика од купување на рати со картица во сите други продавници, тука ми дадоа формулари (барање за кредит) кои треба на работа да ги заверам. Имав печат во ташна ама требало и штембил :( Потоа ми рекоа дека со картичка од стопанска или од халк банка можело на 6 рати значи по 5000 месечно. Се откажав од купување на рати, и пред да платам 30000 почнав да пребарувам искуства кои ги оставиле корисниците. На првиот сајт http://www.productreview.com.au/p/philips-lumea-ipl.html се разочарав, сите имаа негативни искуства (по 2 години им се расипува апаратот, немаат резултат со намалување на влакната и сл.). На https://www.amazon.co.uk/product-re...8&showViewpoints=1&sortBy=recent&pageNumber=3 подруга е приказната, повеќето се задоволни.
    Има еден момент што го сретнав и што ме збуни: You shouldn't use it if you are epileptic, diabetic, pregnant, taking certain medications, or have circulatory problems. You can't use it on your naughty bits or near your lips. So no full Brazilians or moustache removal. In short I think most of us are still going to be needing our tweezers and razors for the foreseeable future. Кои лекови ако се пијат не смее да се користи? За притисок? Или кога имам мигрена, морам да се напијам аналгетик со седатив, значи кафетин и дијазепам на пр. (тоа се случува еднаш во 2 месеци, ама може да се погоди баш во денот кога треба да се третирам, и? смеам или не?). Зошто не мустаќите (мене на пр, многу ми е важно да го употребувам за надусниците, и на брадата имам неколку влакна кои ги чупам и кои се црни и многу јаки). Исто така ако може некој да ми каже конкретно за брадата (немам намера да ја бричам за 10 влакна цела брада) знам дека може да се третира но дали ќе сметаат тие другите бели нежни влакненца (мов) околу тие 10 дебели црни влакна?
    Молам Дијана објаснување, бидејќи прочитав дека се информираш од некаде и им помагаш на другите членови на форумов во добивање на информации.
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Конкретно за ова можам да ти кажам дека станува збор за друг модел така што не ги земај овие мислења во предвид.

    Во упатството пишува дека може да се користи за надусници и цело тело освен каде што кожата е попигментирана како на пример бемките, внатрешноста на носот, доле внатрешните усни и анусот, градите, потоа околу очите, веѓите, за мажи брадата и слично. Не е тестиран на бремени жени, луѓе со епилепсија и што примаат одредени лекарства па затоа и не препорачуваат да го користат зошто не е познато дали би имале некаков лош ефект. За се останато тврдат дека е безбедно и може да се користи.

    Многу убаво пишува на официјалната страна на Philips околу уредов и има одговор на сите прашања. Препорачувам да ѕирнеш доколку си заинтересирана за апаратов зошто сепак е голема инвестиција за нашиот стандард.
     
    На Lidse и mirandaa им се допаѓа ова.
  8. Lidse

    Lidse Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  9. Lidse

    Lidse Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Нешто не ми оди како што треба :) Цитатот и мојот одговор одат заедно во цитатот. Помош ?
     
  10. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да, може и со поевтиниот модел да се третираат влакната на бикини-зоната. Поскапата варијанта има специјален додаток за таа област за поголема прецизност. :)
     
  11. Dijana

    Dijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2009
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    @Lidse, Многу прашања :lol:, ама ќе се обидам да дадам одговор на сите по ред.

    Како што и реков на почетокот на темата, првиот линк се однесува на стари модели кои се декларирани на 100.000 блесоци. Новите модели имаат животен век од над 250.000 блесоци, односно се многу подолготрајни. :)

    Предупредувањето не важи за сите лекови, туку само за одредени лекови.

    За да нема недоразбирање, во упатството за употреба на Philips Lumea пишува дека не треба да го користите уредот ако примате некои од лекарствата наведени подолу, односно:
    • Акo вашата кожа моментално е или неодамна била третирана со алфа-хидрокси киселини (АХА-киселини), бета-хидрокси киселини (БХА-киселини), гел за акни (topical isotretinoin) и азелаична киселина.
    • Доколку во каква било форма сте примале изотретинон Accutane или Roaccutane во последните шест месеци. Овој третман може да ја направи кожата поподложна на гребаници, рани и иритација.
    • Доколку користите лекарства против болка што ја намалуваат чувствителноста на топлина.
    • Ако примате фотосензибилизаторни агенси или лекарства, проверете го упатството на вашиот лек и никогаш не го користете уредот ако е укажано дека може да предизвика фотоалергиски реакции, фототоксични реакции или ако морате да избегнувате сончева светлина додека го примате тој лек.
    • Ако примате антикоагулациски лекарства, вклучително интензивна употреба на аспирин, при што не ви е дозволено прочистување од најмалку една недела пред секој третман.
    • Ако примате имуносупресивни лекарства.

    Претпоставувам дека имаш читано информации за стар модел кој немал опција за третирање на влакната на лицето. :) Најновиот модел на Philips Lumea има посебен додаток за влакната над усните, брадичката и бакенбардите. Со него нема никаков проблем да ги поминуваш мустаќите и влакната на брадата. Се разбира, треба да внимаваш да не ги зафаќаш усните при третманот, ама тоа си се подразбира (истата работа е и при обичната депилација).

    Не мора воопшто да ги бричиш влакната на лицето, едноставно продолжи да ги отстрануваш како и досега (со восок, пинцета). И да, нежните бели влакненца не би требало да сметаат.

    Се надевам дека не пропуштив нешто. :)
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Мене ова ми се чини многу комплицирано.
     
    На iloveyou29, MiloMalo и duffi им се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Вториот третман ми одзема многу повеќе време отколку првиот пат :!:
    Не е до апаратов, до мене е. Имам премногу мали бемки по телото и внимавав на секоја една да ја избегнам што не беше случај претходно. Се поминував на рати од понеделников навака, секој ден по нешто зошто неизводливо ми е да го завршам цело тело наеднаш ради обврски (плус нели батеријата и полнењето).

    Пред овој третман пораснатите влакна ги отстранив со машинка и забележав дека беше скоро безболно. Обично ми излегува црвенило како точки после депилација, овој пат немав НИШТО. Во процент не можам да кажам колку ми е намалена густината ама дефинитивно има разлика дури и од само еден третман. Бонус факт е дека кожата ми е ненормално мазна, особено на нозете.

    Толку имам да кажам за сега, за две недели пак :D
     
    На Sky-butterfly, kukla21, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Pamela Daisy

    Pamela Daisy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Погоре прочитав дека на места со испукани капилари да не се третира.Ме интересира дали смее да се третира на места со иразени вени , како и на места со ранички, бубулички и флеки од нив.Имам навистина проблематична кожа и после секоја депилација или бричење, секогаш ми се појавуваат бубулички и црвенило.Самото нивно заздравување некогаш знае и да потрае со недели, се додека убаво не ми пораснат влакната.Тогаш што ми е поентата да се издепилирам , кога после ден -два ми се иритира кожата , а додека заздрави треба недели, а за тоа време влакната одново ќе ми пораснат..Ве молам за одговор, бидејки ако не може да се користи на оштетена кожа , џабе ќе го купувам. Благодарам однапред.
     
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    мене ме интересира дали сте го користеле за влакненца на лицето - на брадата
     
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Pa dobro,neli sekoj ,ustvari,recisi sekoj dr.epilator ja ima istata funkcija,pogotovo onie ponovite,imaat dodatoci za lice ,preponi i pazuvi,pogodni za osetliva koza,recisi bezbolni,pa i brzi..za 100 evra se naoga odlicen epilator,mislam taka se vikaat,epilatori,depilacijata e ona dr.:D:lol::?:,taka sto mene ne mi se davaat tolku pari za nesto sto na koe mozes da mu najdes soodvetna ,dostojna zamena.stariot mi se rasipa,sega sum vo potraga po nov,i od 100evra poveke ne bi dala..
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Епилатор е скроз поинакво нешто и ја нема истата функција. А прв пат слушам дека може епилатор и за лице, не сум видела таков додаток. :?:
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Epilatorot i depilatorot,spored moeto skromno iskustvo so niv,sluzat za vadenje na vlaknata na nozete,racete i poneznite zoni kako pazuvi i preponi,i sekako deka gi ima i za lice.znaci sakav da kazam deka mozebi otstranuvanjeto ne e tolku dolgitrajno no vrsat rabota.
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Philips Lumea не вади влакна.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    А на кој принцип работи?