Cholipam ЗДРАВО сакам да ве прашам какви прашања поставуваат на интервју со директорите во нлб банка? Те молам
Зошто ја одбра НЛБ, на која позоиција сакаш да работиш, јаки и слаби страни, каде се гледаш за десет год, некое лично достигнување, што очекуваш од колегите, што од надредените... Класика прашања, пребарај на интернет има со се одговори.
http://www.fakulteti.mk/news/18-01-..._prokredit_banka_vo_ekspozituri_-_skopje.aspx Практичната настава ќе биде со времетраење од 8 часа дневно во период од еден месец. За практичната настава избраните кадидати ќе добијат паричен надоместок од 6000 денари месечно. За неверојатни 6000 денари. Не чекајте, аплицирајте!
девојки дали знаете што се состои во тестирањето на НЛБ Тутунска? утре треба да одам, не знам ни што би можела претходно да се спремам
Дали е бил некој на тестирање во Централна Кооперативна Банка? Ме повикаа на тестирање па ме интересира дали некој има искуство во тоа?
има повеќе делови на тестот, има прашања од општа култура, економски термини, математика пример дропки, низи, за кои искрено и нема многу време да ги решиш сите, англиски дадени се реченици со празно место каде од понудените одговори да кажиш што одговара во контекстот на реченицата, прашања од информатика пример како се менува јазикот на тастатура или што значи crtl+c. со среќа
Женски била некоја на интервју во централна кооперативна банка?? Како се одвива интервјуто ако знае некоја
А дали некој/а знае каква е процедурата за Народна банка. Еднаш аплицирав и за 10 дена довив писмо дека не сум вработен. Дали е секогаш така?
Имаш прашања општи за економија, неколку задачи логички, општи прашања, и англиски превод. Потоа ако го поминеш тестирањето, ќе чекаш неколку недели да те информираат и повикаат на интервју. Ако го поминеш тоа, ќе чекаш пак да те викнат на уште едно. Во принцип многу време се чека, и е премногу малтретирање, и премногу бараат за не многу платена работа, поготово за на шалтер (а за таму најчесто бараат). Јас стигнав до пола и сама се откажав бидејќи премногу губење време е, и малтретирање, кога ќе сумираш на крај, не вреди. Освен ако навистина сакаш тоа да работиш и со години да си таму и да напредуваш. Не сакам да те обесхрабрам, само ти кажувам за да знаеш што да очекуваш. Се најдобро.
А математички задачи? Бидејќи ми кажаа дека имало и таков дел.. Извини што ти досадувам само ме интересираат повеќе детали да знам дали треба некој подготовки или не
Тие се тие логички што ги реков. Со броеви се, нешто да пресметаш, но се е по логика. Не ти требаат формули или слично.
ОК )) фала ти многу на инфо. значи нема потреба да повторувам пресметување на камати и чуда. Нешто совет што да прочитам или да обрнам внимание? И кажи ми само прашањата за економија и општите бараат текстуални одговори или се на принцип заокружување?