Здраво, дали некој од вас сега брзо бил на тестирање во Халк Банка, пред состојбата со COVID 19. Ако да дали може да сподели од прашањата, бидејќи утре сум повикана за тестирање. фала на разбирањето. Поздрав
Може некој кој бил на тестирање до сега во комерцијална банка,или било која,да ми пише лп,бидејќи не знам на што да се осврнам за да се спремам
Јас лично немав убаво искуство, тоа беше пред околу 2 години, се надевам сега се средиле. Интервјуто беше со претставник од човекови ресурси, и некој мемаџерите мислам, не се сеќавам точно. Жената од чов.ресурси беше крајно коректна, поставуваше прашања, професионална. Но менаџеров (или што и да беше), не се однесуваше ни малку професионално, како да сакаше да покаже со секој коментар дека он е главниот, а сите други под него се прости, одвратно беше за гледање. Ме изреволтира неговото однесување највеќе, и ми стана одбивно се тоа. Потоа кога ми се јавија за второ интервју, ги одбив. Навистина се надевам дека тебе некој понормален ќе ти се погоди. Во однос на прашањата, треба да кажеш по нешто за себе, зошто си ја избрала Халк, некои прашања од Банкарство, за факултетот каде си завршила. Мене ме прашуваа што ако ми понуделе пракса од 3 месеци, со можност за вработување, дали би прифатила (а веќе поминав тестови и бев на интервју за работа, не за пракса). Како и да е, немај преголеми очекувања (како јас што се понадевав), верувам имаш некакво познавање од Економија, Банкарство и слично, и биди си опуштена, и супер ќе поминеш. Само ете не дозволувај ништо да допре до тебе, верувам во повеќето фирми во Мк, шефчето мора да покаже дека е шефче. Ти посакувам среќа!
Иста ситуација имав и јас. Бев пред 4 години отприлика. Исто имаше еден ГЛАВЕН. Мислам дека 3 особи имаше на интервјуто. Општи прашања за мене,што сум завршила,што знам за банката... Нешто на англиски имаше прашања... Дечково исто глумеше лудило со некои негови констатации. Ептен безвезе беше. Не ме викаа отпосле.
И мене истото ме интересира и јас сум повикана на тестирање, какви видови на математички задачи даваат и дали е дозволено дигитрони?
И јас сум повикана четврток и ми кажаа дека дигитрон не смее. А конкретно какво тестирање ќе биди не знам. Имало некој дел со заокружување и дел англиски превод.
@Ifkence19 @butterfly6223 Девојки побарајте неколку страни назад, имам пишувано во однос на тестирањето мислам.
И моето искуство не е баш најдобро со првото интервју во Халк банка.. Прво ме повикаа по обратен редослед. Прво интервју па тестирање. Отидов, имаше некоја што се претставуваше како правник, која постојано ме потсетуваше дека маската ми паѓала и да си ја прицврстам убаво.. само јас бев таа на која и беше речено да носи ракавици иако додека чекав во чекалната дојдоа уште 10 луѓе..нејсе, друго прашањата беа многу некоректни според мене.. Живеев 3 години во странство и тие почнаа да ме прашуваат за тоа како се викале одредени министри во нашата земја.. За да проверат дали и колку сум во тек со настаните.. Потоа, почнаа да ме прашуваат каде работеле моите родители и мојата сестра и тоа го запишаа..до сега такво нешто ми се нема случено. Не знам зошто им се потребни тие информации за работа во банка на шалтер.Имаше некои прашања поврзани со банкарство и тоа е тоа..Другиот ден бев на тестирање, сега чекам да се јават..но изгубив желба да работам таму
Не им одговарај на приватни прашања, кажи немате право да ме прашате. Нема зашто да се осеќаш како на суд. Кај мене беше прво прашање зашто се врати. После дали сум мажена и дали имам деца. Само нема каде да се жалиме и секако бараме работа, па и тоа проаѓа некогаш. Не за банка, општо зборам.
И јас бев, ама претходно имав тестирање. Интервјуто не ми беше нешто wow, некако чудни ми беа. Таа женската не ми се ни претстави, а после дојде уште еден не му го памтам името. Исто и кај мене имаше приватни прашања, што ми е малку глупаво. Се на се интервјуто спрема тоа што очекував ми беше млако. Не ни очекувам да се јават. Како смачено да му беше да прават интервјуа.
Здраво девојки, дали некоја од вас била на второ интервју во Халк Банка? Доколку некоја има искуство, нека сподели... hai:
Девојки да сподели некоја искуство од ТТК банка? Повикана сум на тестирање, ама незнам од што се состои тестирањето, па ако бил некој таму на тестирање и интервју би ми било од помош да сподели, да знам што да подспремам пред тестирањето.
И мене тоа ме интересира. И дали знае некој која е точната позиција за која се аплцира? Бидејќи во огласот не е назначено.
Здраво, дали некоја од вас била на интервју во Уни банка или некој што работел таму да сподели искуство?