Не беше воопшто тешко општи економски прашања на заокружување, тест на англиски многу лесен со дополнување и заокружување, две вежби во ворд и ексел да изработиш документ некој текст беше и табела со пресметки во ворд. Лесно е тестирањето, лесни економски прашања на заокружување, тест на англиски на дополнување и заокружување пр кој збор треба да се допише, вежба во word да се изработи некој текст и табела со пресметки во eksel.
Здраво дали ке можеш да ми кажеш, каков тип на економски прашања нешто конкретно , не сум била на интервју во Стопанска Битола , а ми се јавија. какви вежби имаше во word и excel ? и дали има математички задачи ? ако може да ми кажеш?
Здраво, дали некој има искуство со интервју во Комерцијална Банка, откако ќе го поминеш тестирањето? Ви благодарам.
Здравооо, дали би сакале да ми кажете нешто поконкретно во врска со тестирањето во Халк Банка? Какви се прашањата? Дали имаше многу задачи, односно дали се тешки, затоа што мирекоа да не носам калкулатор? И во преводот анг-мкд што содржи текстот? Ти благодарам однапред
Бев на тестирање во Халк Банка пред недела време на 11.02. Тие што ги викале на интервју обично колку време по тестирањето ги викаат ? Благодарам однапред,
Здраво, дали може да споделите колку изнесува платата во унибанка, после колку интевјуа кажуваат дали некој е примен или не? Извинете, дали имавте врски за комерцијална? Имам слушнато дека само со јаки врски се влегува таму, ме чуди некој со само со тестирање и интервју да поминал.
Не е целосно како што си слушнала, секако вработуваат и со интервју, ако се покажеш добро нормално, и кога ќе им се отвори слободна позиција, но започнуваш со шалтер, и тоа најверојатно 3 години. А мислам дека тие што се со врски не одат одма на шалтер (или барем не сите). Нека пише некој ако е поинаку, ова е само претпоставка, освен тоа дека секако може да те вработат преку интервју и без врски, тоа е сигурно.
Некој искуство со пракса од 3 месеци во ПроКредит банка во нивната дирекција (Карпош 4)? Не ми е во план да се вработувам таму, читав доста негативни искуства туку би сакала да стекнам некое знаење и искуство
Здраво, дали некој може да објасни подетално како оди процесот на обука / пракса откако ќе те примат во некоја од банките - пример НЛБ, Комерцијална... Како те спремаат, дали редовно има обуки, кој те обучува (дали од некои трети фирми или интерно), какви материјали даваат итн..
Здраво,би сакала да добијам одговор од некој од вас дали бил на тестирање и интервју во Халк Банк и како поминале и што имало на тестирањето и какви прашања се поставуваат на интервуто? Ви благодарам