@Andonia @ljubica5 @Richrad @Мала С Дали може да ми кажете какво беше тестирањето во Халк? Какви прашања имаше, дали имаше тестирање на компјутер, на англиски?
Здраво, Дали може некој да сподели искуство од онлине интервју во Стопанска банка? Кои прашања се поставуваат, дали има тестирање и дали има дел од интервјуто на англиски јазик? Благодарам
Ај уште еднаш да ве прашам за сигурно: прашувате за задолжителна студентска пракса во траење од еден месец, што мора да ја поминете за да запишете наредна година на факултет или прашувате за ентри програмата за вработување?
Дали тестирањата и интервјуата им се исти за сите позиции? јас сум правник, а како што гледам овде сите сте економисти и сакав да прашам доколку знаете дали и за мене ќе бидат истите прашања (економија и банкарство етц)? заинтересирана сум за комерцијална банка ама и за било која друга ако имате информации може да споделите.
Пред неколку години кога барав на темава информации за искуства со интервјуа/тестирања во банки не најдов одговор,а истото се случува и сега. Сите прашуваат а никој да одговори. Епа јас сум бил во неколку банки низ годиниве на разговори и тестирања па сега во еден пост ќе пренесам за сите банки од тоа што го паметам како било. П.С. не паметам како сум аплицирал дали на оглас или сум пополнил апликација за дата на податоци на нивните веб страни. ( ако го немате тоа направено направете го) Комерцијална банка: Знам дека прво имаше тестирање со општи прашања, некои крати математички задачи што се решаваат на памет или со малце пишување ако ти е полесно, имаше и прашања со табели дадени индустрии со нивни резултати на работа па да пресметаш која има остварено најголем раст а која најмал. Али сите прашања се на заокружување. нешто да не знаеш на тепка можеш да погодиш. Имаше и прашања со фигури со одреден pattern па да кажеш која од дадените треба да е следна. Ако си добар на тестирањето те викаат на итнервју. И тоа е тоа НЛБ Тутунска банка: Прво има тестирање општа култура дури кој е главен град на Унгарија така нешто, кој е извшен директор и сл .. тоа информирајте се на веб страната, математички задачи од типот на 1+2х25-6+10-4+12/2= ? Имаше доста вакви и секако нешто поврзано со кредити што се пресметува на памет. Тестот траеше 1 саат и беше на комјутер. Имаш лист ако сакаш да запишеш нешто да не памтиш се. Во генерала лесен. После тестирањето едно интервју, тоа е класичноп да те запознаат. Немам што да додадам нешто специфично. Стопанска банка: Немаше тестирање, директно на интевју, памтам дека пола го водевме на англиски и беа 5 души врантре, секој поставува рандом прашање што го прави интерјуто малце хаотично. Али сепак ништо посебно. Не е страшно. Пострашно е кога ќе работиш на благајна. хаха Капитал банка: Тука немаше тестирање, само интевју. Според мене они се мала банка и во суштина бараат луге за продажба и некој што ќе им носи клиенти. Ама работењето во ваква помала банка нуди подобро искуство, не си 1 во 1000 туку со 1 во 10 па се стекнува поубаво исксутво. Халк Банка: Прво има тестирање, исто како сите погоре во однос на прашањата само не знам дали беше целото на англиски. Значи во сите тестови има нешто на англиски, да преведеш текст од англиски на македонски и обратно, бидете спремни за тоа искуство. После интервјуто има уште 2-3 интервјуа. Тоа стандард како и секаде. Да напоменам дека сега со Коронава не знам како е и дали имаат измени во однос на тестирањата и интервјуата. Поздрав се надевам дека веќе нема да има прашања без одговори.