А дали некој бил на тестирање во спаркассе тестирањето било банкарско работење и компјутерски вештини Дали тестирањето за второто е на компјутер или преку прашања поздрав
и мене ме интерсира дали некој има некаква претстава како изгледа тестирањето во Шпаркасе , освен за банкарскиот дел ми кажаа дека има и тестирање за англиски и за компијутери
Дали има полагање, тестирање ,од што се состои тестот? мене денес ми се јави една, што се смееше постојано на телефонот,не ја сватив воопшто сериозно затоа што и не беше.....ми рече за тестирање утре во 10h, му се јавија ли на некој друг? и уште нешто кога ја прашав од што се состои тестрањето ми рече дека незнае...
И мене ми се јавија за утре за тестирање од Уни банка, кое ке се одржи во Американ колеџ, и таа ми рече за подетални информации околу тестирањето да сум се јавела во Уни банка и ми кажа некој број. Инаку доколку некој бил до сега на тестирање во Уни нека пише од што се состои тестирањето
Дали имал некој искуство со тестирањата што ги спроведува Комерцијална Банка , Ве молам споделите ви благодарам однапред
Не наидов на тема за тестирање во оваа банка, па би сакала да знам дали сте биле, од што се состои тестот, какви прашања има и сл. На другарка ми и закажале тестирање идната среда, мене сеуште ми се немаат јавено, па во случај да ме повикаат да си знам за што да се спремам ?
Јас бев пред неколку години тестот е доста обемен во неколку дела и за секој дел имас ограничено време за решавање. едниот дел се прашња од општа култира т.е. прашана за банката колку директори има и тоа , еден дел е математички со лесни задачи кои треба да се решат во кратко време и им еден дел за познавањето на Англики јази мислам дека требаше да се напише писмо или нешто слично . таков беше тестот пред 3 год незнам можеби сега е сменет . Ти посакувам срека!!!!!!!
Ме интересира од каде сте нашле информации за вработување или пракса во оваа банка. Ја не видов во огласи? поздрав
Бев на тестирање во Комерцијална во март оваа година. Имаше околу 20тина кандидати. Имавме тестирање за компјутерски вештини, тестирање за англиски јазик (усно), девизно работење и уште едно кратко интервју, незнам како точно беше ама битно прашањата беа прилично општи. И така си седам јас во чекалната со уште 2-3 девојки, и ме прашуваат - А ти преку кој си дојдена? - Ааа... па, преку никој. Пратив CV и ме викнаа. - Аха, сигурно ти си со просек (??!) Според мене поминав добро (да не речам супер) ама ете не добив одговор од тогаш..
да така е за жал......мислев дека така е само во државните институции а дека во приватните се бара квалитет
Не се работи за оглас туку стандардно како што си прават банкиве еднаш-два пати годишно тестирање за во случај да им затребаат нови кадри да имаат некои првични информации. Иначе мене не ми се јавија, ама другарка ми беше...не било ништо тешко...тест од општа култура, математика и логика и за секој дел имало одредено време за кое што треба да ги одговориш прашањата.
ајде и тука да го поставам истото прашање( сега се сетив на темата) да ве прашам, дали некоја од вас знае нешто за практиканската работа во прокредит банка, значи шо како е , каде се одржува , дали ако одиш има шанса да те вработатт и слично
Вака стојат работите. Сите тие тестови, усно, писмено и што ли уште не, ако ги поминеш екстра и дојдеш до првите 5 кандидати и на крај седнуваш на разговор пред комисија составена од 3 члена или повеќе зависи каде како. Тоа е психолошки тест и на трик прашања покушаваат да те зезнат затоа што веќе работното место е резервирано за некого. Единствено ако им треба повеќе вработени а немаат толку со врски, е тогаш може да ти се насмее среќата, што е многу малку веројатност. Така да големите банки тргнете ги на страна, во помалите има поголема веројатност или пак отварање на нова експозитура во вашиот град па се бараат повеќе кандидати за вработување.
Аплицирајте секаде, но не трошете го времето со комерцијална банка!!! Јас од таму се што добив беше фрустрација дека не вредам, никој не можеше да ми докаже дека не е до мене, дека сите се со врски, и дури кога татко ми во еден наврат со човек од банката ме седна да ми каже дека местата се резервирани за луѓе на вработените и тоа не е тајна, предност имаат деца на вработените таму кои работат до 200 години ама не си оди додека ќерката, синот не заврши економски да го пикне таму, ми се разјаснија работите, за жал Политиката на компанијата е таква и тоа е јавно, не е ништо што не може да се дознае... Тестирањето беше баш како што ти го опиша девојчето погоре, ништо сложено, општи прашања, сигурно ќе ги знаеш, девизно работење, англиски, само јас кога бев имаше и тест од 4 математичко - логички задачи. СРЕЌНО
женски ве молам некоја информација повеќе за тестирањето во Тутунска банка. Бил ли некој во брзо време, што има на тестот итн итн итн...Ви благодарам однапред
Сакам да аплицирам за работа во народна банка па ме интересира дали знаете некој што работи таму, како се платите за почетници, дали е напнато и како е работното време ?