Братучед ми работи во Стопанска и платата се разбира на почетокот е помала т.е. половина од вообичаената
Девојката прашува за Народна Банка а не за Стопанска И да има оглас за таму претпоставувам дека веќе одамна е решен и затворен па чисто формално фигурира. И тоа е партиско запослување. Плата ко плата во администр. и во зависност на која позиција ама со можност за напредување. Претпоставувам дека започнуваат со 15 000-18 000ден па нагоре. Работат 08,30-16,30 викенди не и празници не (знам зашто работењето на банките е поврзано со НБ. Плаќаш во сабота во банка ама налогот ти поминува во понеделник зашто НБ не работи во сабота)
Devojki dali nekoj bil na testiranje vo uni banka, sto ima na testovite.Sakam da apliciram pa me interesira.
Zdravo, me interesira dali nekoj bil na testiranje vo centralna kooperativna banka, kako bilo i sl...Bi sakala da apliciram pa da pobaram mislenje i od vas
Да ве замолам....Ке може да напишете поконкретно што бараа од компјутерски вештини и англиски...и одприлика какви математичко-логички задачи ??
Ме интересира дали некој бил некогаш на интервју во ТТК банка затоа што видов оглас пред некој ден па се мислеб дали да се пријавам?
Здраво на сите ! Ме интересира дали има некој искуство со интервју во прокредит банка, со менаџментот на банката, какви прашања поставуваат, каков однос имаат пред се кон кандитатите? Ви благодарам однапред! Поздрав!
Здраво, Од лично мое искуство можам да кажам дека про кредит те малтретират за џабе.Ќе те влечкат по сите градови низ македонија и сето тоа за бедна плата што не ти е доволна за само една недела.Најлоша банка е во македонија за вработените нема никакви услуги.Само многу барат од тебе и од почетокот све док се вработиш.На интервју ќе те малтретират со секакви праќања два часа и после на проба 6 месеци по сите градови на македонија и на крај ќе ти се смачи све и ќе дадеш оставка.Никој не издржѕва таму повеќе од една година.Зажто треба по 12 сати дневно да работиш како робот за бедна плата од сто евра па после за 250евра и тоа ако те примат.Не би ти ја препорачал ни тебе ни на некој друг. поздрав
И јас би сакала да знам ако има некој искуство со тестирање во централна кооперативна банка, да сподели како било и што имало на тестот
Здраво, дали некој може да ми каже дали уште првиот пат кога ви се јавија бевте на тестирање или прво ви правеа интервју? Мене ми кажаа дека прво имало само општ разговор па вториот пат било тестирањето. Сакам да знам дали е точно.
Дали некоја се пријавила на обуките што треба да почнат наскоро? Вчера беше тестирањето и групната дискусија.Јас ги поминав и двете. Дали некоја од вас има информации за надоместокот што ќе се дава и кога ќе почне?
Сега веке јас имам го поминав тестирањето и бев повикана и на интервју две недели после тестирањето... Инаку тестирањето беше во четири дела: Математика и логика решаваш 20 минути, потоа Англиски решаваш 10 минути, банкарство и економија прашања и прашања за ЦКБ 10 минути, информатика прашања за word i excel 10 минути....и на крај некој анкетен прашалник.
И како помина интервјуто? Патем, би сакала да ве прашам девојки дали алициравте на конкретен оглас, па ве повикаа на тестирање или имаат дел за кариера и нивна база на податоци на интернет страната?
Интервјуто помина добро, но сепак ништо...не ја добив работата . Аплицирав на конкретен оглас и за тоа и ме повикаја. За математика и логика конкретно на мене ми беше поприлично тешко...математика не толку, но логичките прашања ми се видоа поприлично тешки од тој контест кој дел следува во низата ако ја следиш претходната шема ....значи во споредба со други банки многу потешко. За економија не се сеќавам точно но не беше тешко општи прашања за акции ( не се сеќавам баш).
И јас сум дочекала ист таков крај во една друга банка. Како и да е ќе има и други огласи. Фала на одговорот.
Девојки ќе ве замолам да ми кажете дали некаде сте аплицирале онака онака за во база на податоци во некоја банка, не мора Централна Кооперативна, и ве викнале на разговор по одреденo време? Одговорот многу ќе ми значи!