Не е вработување, ама добар процент од кандидатите вработуваа, барем порано, сега не знам како е. Кога никој не ти дава шанса да стекнеш искуство и ова е повеќе од добредојдено. Па повеќето фирми во земјава се на исто ниво, ако не и полошо. Ако 300 евра просечна плата во една земја во Европа не е злоупотреба, тогаш не знам што е злоупотреба.
Мене веќе ми е досадено од нивниве огласи, серизно На секои 2 недели пуштаат нови, кога и да си пребарувам огласи нивниот го среќавам. Имам колеги што волонтирале таму и сите ми имаат речено: Од Прокредит бегај подалеку! Бараат потрчковци, работата не е лесна, а не е ни ценета. Затоа и многумина што ги примиле сами си бегаат. Никогаш не аплицирам на огласи што често ги објавуваат.
Вработување? 3 месеца вас стаж ви е тоа? Па на секои 3 месеци имаат нов конкурс, мислиш бараат астронаути во Наса, какви се чуда прашуваат на интервју боже мили. Не сум била али знам 3 блиски економисти што беа, сите рекоа не ни сакаме да не примат. Затоа и праат не секои 3 месеци нови волонтери, кои ги лажат дека ќе ги вработат а уствари после 3 месеци ги менуваат со нови кои исто ги лажат се додека не надајт уште нови, и така продолжува чаробниот круг... Еве и прочитајте и некои искуства од некој што доживеал нешто од нив.. http://kakodorabota.mk/rabota-otpusten/ http://kakodorabota.mk/malo-procredit-otkritie/
Рејтингот на банката е мн низок,професионалноста ја немаат во целост така да нека не им глумат лудило на идните -вработени .Незнам точно колкави се платите но тоа со работното време (флексибилно ) значи убивање од работа ..... (претпоставувам дека не достигнуваат една просечна плата реално пропишана ).Единсвена предност е за младите кадри доколку се спремни да се жртвуваат за искуство некој период.Нема надеж за работа во банка каде што се врши притисок и мобинг класичен.Нека си признаат оние што работат таму дали си одат во 16ч ? (во нормално работно време од 8ч ) или пак трпат притисоци и класични модерни закани за бркање од работа .Јас лично не би сакал да бидам нивни клиент, а не пак да работам таму ( сосема друга професија имам ) но знаејки го искусвото на мои блиски, немам добро мислење за нив .
Kоја е логиката на ова со волонтерите? Во првите три месеци воглавно учат, во наредните три малце подработуваат, некои и откако беа примени не добиваа сериозна работа. Точно е дека има голема флуктуација на кадри, ама волонтерите не се искористуваат. Околу тоа во линкот, ќе кажам дека не е точно и дека вистинската причина за тоа зашто тој беше единствениот со непродолжен договор не е наведена. Не е место каде би се откривале детали, само ќе кажам дека никаде не се успева самостојно, без тимска игра.
Ај и јас тука да прашам...Дали некоја била на тестирање/интервју во халк банка?...нека сподели како било...позз
Може малку безврска прашањево, прво на интервју Ве викаат па после ако поминете, идете на тестирања. Или обратно?
Здраво феминки. Сакам да ве прашам дали некој бил на тесрирање во ТТК Банка и доколку биле кои се најчесто поставувани прашања и сл
Девојки да ве прашам дали некоја од вас има искуство со Шпаркасе банка...тестирање/интервју и воопшто за банката....споделете ако можете..позз
Знае ли некој колку изнесува месечниот надоместок кој што го земаат учесниците во Програмата за млади банкари? Знам дека на практикантите во филијала им плаќаат 6000. Има ли некој од тука што ја поминал цела обука?
Дали можете подетално да кажете тие што скоро биле на Тестирање и Интервју во централна кооперативна банка. Каков тип на прашања поставуваат на интервјуто. Дали повеќе се класични или од типот: како би реагирал во зададен проблем? Јас сум била Тутунска и Шпаркасе на тестирања. Тутунска беа прилично тешки а Шпаркасе беа економски прашања, дефиниции. И Мими , дали ќе можеш да ми кажеш дали прашањето -како ќе пласираш 100.000 евра кредит на клиенти ., било како поставена задача или отприлика одговор по твое мислење!
Здраво феминки. Сакам да ве прашам дали некој бил на тесрирање во НЛБ Тутунска Банка и ако можете да ми кажете кои прашања се поставувани ве молам.фала многу
Кој бил во Прокредит на пракса нека ми пише ЛП Ама не за програмата за млади банкари туку за обична пракса од минимум месец.
Здраво феминки дали некоја е викната на тестирање во понеделник 7.04.2014 во 14:30 часот? и можете ли да ми кажете некое искуство поново од последнава год како било што прашања, од кои области,колку време трае и сл? Ви благодарам многу однапред.
Феминки какви прашања даваат на тестирањето во Централна кооперативна банка пошто немам баш искуство со вакви работи секоја информација би ми била од корист колку да знам што ме чека...се сеќавате на нешто поточно и кои формули за кредит да ги повторам ???што даваат од математика и какви економски прашања поставуваат било што да ви текне пишете ми Однапред ви благодарам наајмногу.