Еве овде ќе го споделам искуството од тестирањето за да не одговарам пооделно на лп за да може секој да си прочита.Имаше неколку области и за секоја област имаше одредено време.Значи имаше задачи од математика текстуални околу 4/5 задачи беа од видот ако тој и тој е постар од тој за толку год по поминувањето на толку год колку ќе има тој,имаше каматни пресметки антиципативни декурзивни и сл и тоа...потоа имаше дел логика во кој имаше дополнување на низи на пр дадена табела наизглед како судоку што се и неколку полиња искуштени па да дополниш кој од понудениот одговор треба да се вметне на тоа поле...др низи дадени кругови триаголници па што следува значи од таков тип...потоа имаше дел економски прашања беа на заокружување и прилично лесни нема потреба од повторување имаше за акции и др општи економ поими.....англиски исто беше лесно на заокружување да кажеш кои од понудените зборови може да се вметне во реченицата за да се добие целина....од информатика имаше дел Word и дел Excel тие не беа баш лесни зашто немаш компјутер пред себе и некои раб нема како да ти текнат пр која формула треба да се користи за да се пресмета собирање во Ексел такво нешто слично и на крај имаше онака анонимно пополнување на прашалник пр дали користите услуги од банката,кои ги користите како сте задоволни и тоа...Се надевам помогнав...Со среќа на сите
За во друг град не за раб место во Скопје ама мислам дека тестирање си е тестирање станува збор за иста банка и мислам дека нема некоја си врска за во кој град станува збор,можеби нема да се скроз истите прашања и задачи ама битно од тој вид би биле според некоја си логика.
Здраво Феминки, гледам во темава само се прашува а никој ништо не одговара ) Денес сум во 13ч, на тестирање од Халк Банка, немам појма што тестирање ке биде :/ Ако успеам да излезам од работа и да одам, ке ви пренесам што имаше на тестот . Поздрав
Епа девојки, ајде да ви споделам што се дешаваше на тестирањето на ХалкБанк. Имаше дел ЕКОНОМИЈА - прашања на заокружувања Дел БАНКАРСТВО - на закружување, сеа вака шо ми текнува, имаше и да се подредадат дадени поими како депозит, побарувања од клиенти, акционерски капитал и друго во средства или обврски. Така од сметсководствен аспект. Да се набројат 3 макроекономски показатели. Да се образложи банкарскиот систем во РМ и кои се неговите потенцијали. Да се посочи како би се развивала Халк во твојето поднебје на живеење. Имаше Математика/Сметководство задачи две... Нешо камати пресметки, колку би биле 20еур во долари ако еврото е Xфунти, а XXденари се толку и толку евра и нешо така да ги најш. Дозволено беше дигитрон. Имаше превод од англиски на македонски. Ако ми текне уште нешто ке допишам, ако не , тоа е тоа
Здраво феминки, би ве замолила доколку имате искуство со интервју во централна кооперативна банка, да ме насочите што е и како е отприлика.Какви прашања поставуваат,на македоснки е или на англиски и сл... Ви благодарам најмногу
Девојки дали некоја била на тестирање во Тутунска во скоро време? Дали потребно е повеќе знаење од областа на економијата како и деловен англиски, финансиска математика или повеќе општи работи?
Дали некоја досега била на интервју во Тутунска (не на тестирање)? Да сподели искуства, што и како прашуваат? Дали интервјуто е ради реда што се вели или прашуват нешто од струка?
Братучедка ми беше пред три год.и ако е ист начинот, првото интервју е со човечки, прашувале за тебе, каква си, мани, предности, ако си работела досега што сама си направила/смислила- така нешто, хоби- и подпрашања за хобито, на пр.ако речеш читам книги која е последната ќе те прашаат, што ти се допага кај тутунска, им ги следиш ли рекламите.... А ако е со некој од директорите тогаш поставувале и стручни прашања, зависно од тоа за која позиција се работи, и имало повеќе луге, вкрстено прашувале, едно исто прашање повеќе пати, па ако дадеш различен одговор зошто така си кажала... Она беше и на трети интервју со Јанчевски или како се викаше генералниот и за жал не и се јавија... Со среќа.
Може ли некој поконкретно да ми каже во врска со тестирањето во ПроКредит за програмата за млади банкари? Гледам на страната некои тестови со задачи се ставени, слично да тоа даваат? Некако се мислам да аплицирам, знам дека е и напорно и тешко, но лично сметам дека е добар почеток во време кога сите бараат некакво предходно искуство. Така да, ако има некој што може поубаво да ми објасни како им одат тестирањата и изборот на кандидати, би му била благодарна
првично е телефонско интервју, потоа следи тестирање математика и логика, па групна дискусија на некоја општа тема, следно е интервју со некој од менаџментот, па двонеделна фокус сесија.
@Majcho Дали ке може да ми пишеш во ЛП, зашто јас неможам да отворам кај тебе, би сакала да те прашам за некои работи. Ти благодарам однапред
Dali nekoj bil na testiranje vo Tutunska vo skoro vreme? Dali moze da mi kazete vo sto se sostoi testot kakvi zadaci prasanja i sl... vi blagodaram
Еден добронамерен совет овака од мене како човек што има искуство со Тутунска банка. Не одете на тестирања само го проверуваат капацитетот на луѓе со кои располагаат, ќе одите на интервјуа и на крај примаат некој со врски, нешто слично како во државно. Кој не верува нека проба ќе се увери
Здраво девојки, дали некоја од вас била во скоро време на интервју во Тутунска банка и дали знаете од што се состои? Затоа што мене ми рекоа дека интервјуто е само за да ве запознаеме малку подобро...
Најпрво, биографија ќе те прашаат, на која позиција би сакала да работиш во банката, искуство, свои предности и недостатоци и тоа е, ги запишуваат на ливче твоите одговори. Инаку секој месец правеле тестирања и интервјуа да видат со какви кандидати располагаат, така да не е некоја гаранција дека ќе те примаат.