1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тестови за одредување карактер... Каква личност сте?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од kolovoz, 7 октомври 2014.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Вратата која ќе ја изберете кажува многу за вас

    [​IMG]

    Врата број 1

    Вашиот пат е пат на слободата. Тоа што вам ви е важно е многу простор и независност. Кога ќе наидете на проблем, сакате да погледнете неколку можности со помош на кои би го решиле. Секогаш наоѓате време за себе и уживате во животот.

    Врата број 2

    Вашиот пат е приватноста. Најдобро се чувствувате кога сте сами со себе. Сакате сами да ги посетувате друштвените случувања, бидејќи не сакате никој да „влечете со себе” и да водите непотребни разговори. Го сакате своето друштво и пријателите, но после секое дружење ќе ви треба некое време повторно да си дојдете при себе.

    Врата број 3

    Вашиот пат е шарен и возбудлив. Во непрекината потрага сте за возбудување, убавина и авантури. Не можете да поднесете да ви е досадно. Се водите по тоа дека „човекот учи додека е жив”, па непрекинато испитувате се и сите околу вас.

    Врата број 4

    Вие сте го одбрале патот на возбудата. Секогаш се радувате на тоа што ви го носи иднината, сакате да испробувате нови работи. Некои ќе речат дека некогаш реагирате импулсикно и подоцна се соочувате со последиqите. Понекогаш знаете да ги прекршите правилата, но други и се восхитуваат на вашата харизма и љубовта кон возбудувањата. Никој не може да ве обвини дека залудно го трошите времето.

    Врдта број 5

    Вие сте на патот на цирот, спокојот и природната убавина, тоа е она што вам ви е важно, а особено внимавате на тоа да уживате во дестинацијата во која се наоѓате, а не само во патувањата. Им се препуштате на чувствата и тежнеете кон тоа да останете да стоите цвр0сто на земја. Секогаш ве опкружува посебна енергија и вешто избегнувате било какви драматични ситуации.

    Врата број 6

    Вашиот пат е тивок. Тишина и промисленост е тоа што го одбележува вашиот карактер и секогаш подобро би се дружеле со еден пријател, отколку да запознавате нови луѓе. Вие сте искрен истражувач и непрекинато се обидувате да апсорбирате нови работи и да му се посветите на учењето. Bue сте голем мислител!
     
    На ЕденЧлен, rose60, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Тест на карактер – според симболот откријте каква личност сте

    Науката за симболите тврди дека може многу да се дознае за човекот според симболот кој тој ќе го одбере.

    [​IMG]

    Погледнете ја фотографијата и одберете го симболот кој најмногу ви се допаѓа.

    Прочитајте што открива тоа за вас и вашиот карактер.


    Жолт круг – вие сте нежни, опуштени, ведри, оптимистични. Одлично се справувате со проблемите. Знаете како да се опуштите и да останете мирни во тешките ситуации. Поради вашата наивна природа луѓето можат и да се обидат да ве искористат, па затоа бидете внимателни. Во себе носите радост и светлина.

    Зелено око – око вие сте сочувствителни, силни, длабоки, склони кон духовни техники и вештини, мистицизам. Уживате во природа, шетање, топол чај и добра книга. Сакате да бидете сами. Избегнувате гужви и големи собири. Имате добро здравје и моќна интелигенција.

    Бела вертикална линија – вие сте мирна, сконцентрирана личност. Знаете што сакате и како да го постигнете тоа на коректен начин. Луѓето ве почитуваат и ценат. Доследни сте и организирани, и луѓето сакаат да работат и да се дружат со вас.

    Сина спирала – луѓето ја сакаат вашата спонтаност и дива природа. Незапирливи сте и со авантуристички дух. Го живеете животот со полни гради. Научете како да уживате во самотијата, ќе бидете воодушевени.

    Син триаголник – вие стоите цврсто на земја и сте одличен лидер. Секогаш сте подготвени да дадете жртва за поголемо добро. Вие сте морални и ја сакате вистината. Морате да научите да се опуштите и да водите повеќе сметка за себе.

    Црн триаголник – ова значи дека имате истакнати чувства и мислења за се. Остроумни сте и елоквентни. Мразите површност и тривијалност. Посветени сте силни и упорни. Во себе носите моќ и силна интуиција.
     
    На ToksycznaReakcja, SummerGirl и SAMIRA им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Тестирајте се: Коефициентот на интелегенција зависи од спиењето

    Истражувања објавени во магазинот ” Психолоџи тудеј“ и “Стади магазин” откриваат врска меѓу спиењето и коефициентот на интелигенција.

    Времето кога одите на спиење и кога ќе станете наутро во врска е со вашата интелектуална способност, тврдат овие студии.

    Дали спиете многу или не?

    Сатоши Канзава, психолог од Лондонска школа за економија и политички науки, истакна дека IQ-то има силна врска со навиките за спиење, па луѓето кои доцна одат на спиење се интелигентни.

    Тој оваа врска ја објаснува навиката на примитивни луѓе за кои залезот и изгревањето на сонцето бил знак да тргнат на спиењето.

    Луѓето со просечна интелигенција, според него, ги прифаќаат овие форми на спиење, додека луѓето со иновативен ум креираат свои.

    Слични ставови застапува и истражување објавено во “Психолоџи тудеј”.

    IQ над 75:

    Спиење и будење во текот на работен ден: 23:41h – 07.20h

    Спиење и будење во викенди: 00:35h – 10:09 h.

    IQ oд 90 до 110:

    Спиење и будење во текот на работен ден: 00:10 h – 07:32 h

    Спиење и будење во викенди: 01:13 h- 10:14 h

    IQ поголем од 125:

    Спиење и будење во текот на работен ден: 00:29 h – 07:52 h

    Спиење и будење во викенди: 01:44 h- 11:07 h

     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Прашања кои откриват дали сте социопат

    Откако Џозеф Гибонс неодамна беше прогласен за виновен бидејќи исценирал и снимил кражба на една њујоршка банка, за која тврдел дека е само дел од уметнички проект, следуваше низа расправии за карактеристиките на социопатите.

    Овде одлично се надоврза книгата „Confessions of a sociopath; a life spent hiding in plain sight“ која е пишувана под псевдоним, а ги открива карактеристиките кои најдобро ги детектираат асоцијалните личности кои можат да бидат поопасни отколку што многу од нас мислат.

    Сакате да дознаете дали ги имате некои од карактеристиките, обидете се искрено да одговорите на следните 15 прашања, а доколку повеќе одговори се согласуваат со однесувањето на социопатот – можеби би требало да размислите за следните чекори.

    [​IMG]
    1. Дали сте шармантни и интелигентни?


    (социопатот ќе одговори со да)

    2. Дали имате некои знаци на ирационално размислување?

    (социопатот ќе одговори со не, бидејќи е исклучително рационален)

    3. Дали сте сигурни?

    (социопатите се често несигурни)

    4. Дали често кажувате лаги и дали неискреноста ви е проблем?

    (за социопатите не им е проблем да лажат, доколку вистината не им одговара)

    5. Дали патите од нервозно однесување?

    (социопатите се ретко нервозни или анксиозни и не се плашат од никаков ризик)

    6. Дали чувствувате некогаш вина и крижа на совест?

    (социопатите никогаш не чувствуваат)

    7. Дали вашето однесување е антисоцијално без посебна причина?
    (социопатите се често недружељубиви и имаат одредени пореметувања во однесувањето)

    8. Дали учите од вашите грешки и колку добро ги потценувате луѓето и ситуациите?
    (социопатите мислат дека се попаметни од останатите, ризикуваат кога другите не би ризикувале и не учат од сопствените грешки)

    9. Дали имате преголемо его и дали ви е тешко да воспоставите блиски односи со другите луѓе?

    (на социопатите тоа често им претставува проблем)

    10. Дали кај вас тешко може да се предизвика некоја емоционална реакција?

    (социопатите немаат еднаков начин на покажување на чувства бидејќи често не чувствуваат како останатите луѓе)

    11. Дали сте способни за рефлексија, односно расудување

    (на социопатите тоа им претставува проблем)

    12. Дали сте чувствителни на други социјално ранливи групи?

    (социопатите мораат често да ги глумат своите реакции за да имаат „општествено прифатлива“ реакција)

    13. Дали сакате да се забавувате?

    (социопатите често се однесуваат ноншалантно и сакаат безначаен секс, повеќе отколку што е случајот кај останатите луѓе)

    14. Дали некогаш некому сте им се заканувале дека ќе се самоубиете?
    (социопатите се склони кон претерано драматизирање и емоционални уцени при што не бираат средства)

    15. Дали сексуалниот живот ви е безначаен?


    (социопатите тешко се врзуваат за луѓето и тешко се заљубуваат – всушност скоро и е невозможно да се заљубат)

     
    На ToksycznaReakcja и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Што говори бојата на очите за вас?



    Сиви очи

    Овие личности се најмалку агресивни, нежни се и мудри. Чувствителноста е нивната внатрешна сила, а поседуваат и способност за аналитичко размислување. Ова се рационални личности.

    Очи со боја на лешник

    Зрачат со елеганција, забавни се и лесно може да ги засакате. Исто така се независни, одважни и романтични. Сакаат да експериментираат и секогаш бараат нови предизвици. Ги карактеризира спонтаност.

    Темно кафеави очи

    Доверливи, атрактивни, пожелни и полни со самодоверба. Добри љубовници, продуховени, но и тврдолглави.

    Црни очи

    Страствени се оптимистични. Секогаш тежнеат кон докажување, а често се и таинствени, не откриваат многу за себе.

    Зелени очи

    Овие лица се уметнички, креативни души. Се работи за амбициозни лица, кои се понекогаш немилосрдни. Бистри се и брзо расмислуваат.

    Сини очи

    Се сметаат за многу посакувани. Многу се енергични и спонтани, го живеат животот со полни гради. Сакаат долги врски, а од партнерот бараат верност.

     
    На ToksycznaReakcja, SummerGirl и SAMIRA им се допаѓа ова.
  6. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Хаха:inlove::inlove: 100%погодено за темно кафеави очи.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    За првото, мислам дека сум систематски тип, судејќи од моја гледна точка и интроспекција. Неќам групна работа, неможам да функционирам во група, сакам се да ми е средено кога работам и каде што работам, другото ако е неред воопшто не ми смета и неможам да си дозволам да пречекорам рок. Неможам.
    Во врска со брод/човек/океан ... брод. Икрено не го очекував овој одговор, за малце ќе го разбудев дм кога прочитав.
    Према одговорите, најважно во животот семејство/пријатели/работа/секс/пари.
    Од првиот сет врати ја избрав првата, искрено и црвената ми беше убава, ама првата ја избрав зошто е сина.
    Кај камењата танзанит и аметист. Сериозно не знам кој ми е поубав. Двата ја имаат речиси истата форма и речиси истата боја само различни нијанси, а таа ми е омилена боја.
    Хартија/Вагина/Дел од нешто поголемо/ Пеперутка - јас видов птица. Чинам тоа е дел од пеперутка. Искрено на ништо не ми личеше скапав гледање во сликата неколку минути.
    Јаболко/Пеперутка/Нож/Инсект - реакцијата ми беше буквално „јаб-пеперутка!“ После тоа го видов инсектот, а ножот не го забележав, туку го прочитав во резултати.
    Го избрав 9тото око, чисто ради формата, такви фини форми многу ме привлекуваат.
    На следната слика го забележав лицето потоа голата жена. Другите работи .. не ги забележав, зошто многу ја сакам Монро и се восхитвав на сликата.
    Кога јадам пица ја јадам прво кората. Чисто зошто секогаш сакам прво да го изедам оној дел од јадењето кој према мене е грд за да ми остани убавото и да го јадам со сласт, а не прво убото да го изедам и после да неќам да си дојадам јадењето. Не ради некоја специјалност.
    Избрав правоаголник, зошто е лилав, а од следните симболи отпревртениот триаголник зошто некако многу припаѓаше сликата едно кон друго за разлика од другите.
    Иии имам очи со боја на лешник.


    Сите знајме дека овие прашања и немаат некоја смисла, ама реално, по една година факултет (шо не е многу, туку малку) ако научив нешто за овие онлајн тестови не е како ќе одговори испитаникот туку зошто одговорил така. Самото по себе, таквиот одговор можи да кажи многу за една личност, за неговите чувства, за неговите ставови. Чисто затоа ги одговорив прашањата и тоа малку опширно, тие подолгите не ги разгледав зошто моментално немам хартија до мене.

    Патем интересна тема. Се сеќавам средно бев опседната со вакви тестови, имав преку 100 букмаркови со вакви текстови, ама на англиски. Па зошто на Хром сум најавена откако постои Гугл + можеби ќе најдам некој кога ќе одам дома па ќе постирам.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.521
    Пол:
    Женски
    Брод/човек/океан - прво го погледнав човекот - 80% добри и 20% злобни.
    Најважно во животот - семејство, секс, пријатели, работа, пари.
    Врата број 7 - приоритетни ми се семејството и пријателите. Гледам да им угодам.
    Рубин - страсна личност и полна со енергија. Тоа е погодено.
    Дали сте зависни од секс - да разговарате со близок. За интима разговарам со другарки.
    Каков љубовник е вашиот партнер - романтичар. Баш така. Маж ми е нежен.
    Хартија/Вагина/Дел од нешто поголемо/ Пеперутка - прво видов пеперутка. Точно е дека сум интуитивна.
    Јаболко/Пеперутка/Нож/Инсект - пак видов пеперутка. Вечно млада сум јас. :D А и личам за многу помлада за годиниве што ги имам.
    Око број 9 - интуитивна личност. Знам да проценам со каква личност си имам работа.
    Какви сте во очите на другите - разумни, внимателни, претпазливи, лојални.
    На сликата со голата жена, прво го видов лицето на жената - ми следуваат големи промени.
    Пицата директно ја гризам - внимателна личност. Точно е дека сакам се да биде како што треба.
    Омилено овошје од наведените ми е портокал - расположението често ми се менува, а и брзо се лутам.
    Квадрат - идеални професии - службеник, програмер, доктор. Не се пронаоѓам во ниту една од овие.
    Врата број 5 - им се препуштате на чувствата. Имате посебна енергија.
    Спирала - авантуристички дух, дива природа. Сакам авантури.
    IQ - 90-110
    Зелени очи - креативни, брзо размислуваат.

    Интересни тестови.
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Се смета дека е најточниот тест на карактерот, има 25 прашања.

    http://www.motika.com.mk/najtochniot-test-na-karakterot-od-25-prashanja/

    Мене навистина ми излезе точно. :)

    Интуитивен исцелител. Исцелител! Вие сте вечен оптимист, во вечна потрага по доброто дури и меѓу најлошите настани и човекови особини. Вие сте по природа смирени и воздржани, што се граничи со срамежливи, но имате некоја потајна искра со која можетеда направите чудесни работи. Имате способност да ги сослушате и разберете проблемите на другите и да ги откриете суштинските причини за нивните проблеми. Вие по природа сте духовна личност и лесно се поврзувате со духвното. Имате неверојатен потенцијал да правите добри дела. На светот му се потребни луѓето како вас.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Харизматичен лидер
    Харизматичен лидер! Веројатно се чувствувате осамени на врвот како еден од ретките најстратешки личности. За вас е предизвик да пронајдете личност со која ќе бидете на исто интелектуално ниво и која ќе може да држи чекор со вашиот инспиративен интелектуализам, со вашите шаховски маневри и со вашиот неодолив шарм. Лидерите се креативни но сепак рационалени, популарни но сепак со приватност, неверојатно активни, но не ја тропите енергијата залудно. Луѓето ве гледаат како роден за донесување одлуки. Вие сте еден од ретките видови на оваа планета!

    Така е.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Кога ќе ми текне дека не почеток на летово правев нешто слично (Paddle boarding) на малку помали ама сепак океански бранови, значи ептен ме погодиле :)
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    wp_ss_20170820_0001.png
    Од одговори кои беа крајно песимистички, не очекував ова да ми вели дека сум оптимист. :rofl:
    Во глобала, јас сметам дека ова не е точно за мене, а претпоставувам и многу луѓе кои ме познаваат.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни овие тестови, резултатот кој на крај ми испадна е „Грижлив заштитник“, не можам да негирам дека не е точно. :lol:
     
  14. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.342
    Пол:
    Женски
    И мене исто грижлив заштитник. Вистина е
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Интуитивен исцелител

    Исцелител! Вие сте вечен оптимист, во вечна потрага по доброто дури и меѓу најлошите настани и човекови особини. Вие сте по природа смирени и воздржани, што се граничи со срамежливи, но имате некоја потајна искра со која можетеда направите чудесни работи. Имате способност да ги сослушате и разберете проблемите на другите и да ги откриете суштинските причини за нивните проблеми. Вие по природа сте духовна личност и лесно се поврзувате со духвното. Имате неверојатен потенцијал да правите добри дела. На светот му се потребни луѓето како вас.

    #egoBoost
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2017-08-20-14-01-02-1.png

    На пример ова (првото што го видов):
    Вие сте по природа смирени и воздржани, што се граничи со срамежливи, но имате некоја потајна искра со која можете да направите чудесни работи.

    Кажете ми еден човек кој не го мисли ова за себеси.
    Не ви требаат етикети за да се чувствувате вредно. Човечкиот карактер е толку комплексен, што едноставно не може да се собере во неколку калапи од квизови.
    You're better than that. :)
     
    На Tan4ence, theowndemon, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас не го мислам.
     
  18. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Секако дека не, затоа што не излезе како резултат на твојот тест.

    Лидерите се креативни но сепак рационалени, популарни но сепак со приватност, неверојатно активни, но не ја трошите енергијата залудно.

    Тоа погоре не го сметаш за точно, а ова го сметаш?
    Ова е textbook example за тоа како изгледа Барнум ефектот применет.
    Ваков но не таков... Доволно е едно да погоди и човечката психа која е испрограмирана да бара поклопување ќе прифати сè друго. :)
     
    На Joi и DAngel им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ама не ги потценувај другите. Овде сме за ништо повеќе од забава.
    Јас себеси не се сметам за грижлива личност, на пример и не ми требаат тестови за да проценам. Да ми излезеше таков резултат, немаше ниту да се препознаам, ниту да го сметам за „релевантен“.
     
    Последна измена: 20 август 2017
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не потценувам никој. Напротив, сметам дека како личности со различни карактери сме многу подобри од само архитекти, исцелители, лидери... што ти знам.
    Затоа и не ми се допаѓаат овие тестови кои само даваат една лажна слика за човекот базирана на субјективни одговори, кои доаѓаат од нашата уште повеќе субјективна психа.
    Или во превод, секогаш кога правиме тестови, си ги избираме одговорите кои ќе нè донесат до резултатот кој потајно го сакаме или мислиме дека е точен.

    Бидејќи тоа погоре не беше твој резултат, автоматски се дистанцираш од него и мозокот при читање ти се фокусира на нештата кои не можат да важат за тебе.
    Да ти се погодеше тој, на пример, ќе се фокусираше на овој дел:
    но имате некоја потајна искра со која можете да направите чудесни работи.
    Таа потајна искра beeing интелектот во кој си се пронашла од твојот одговор.

    Не измислувам топла вода, ова навистина постои и е вистински ефект кој го доживуваме секојдневно. Да не постоеше, веројатно ни хороскопот немаше да постои веќе.
     
    На Joi и DAngel им се допаѓа ова.