Аууу, аман бе, и хороскопот ме опишува вака Не, не и не, освен за умот - слободоумни и слободарски дух, доста далеку од реалноста ми е ова со авантуризмот и толку голема храброст за ризици. И тестов би рекла дека е мнооогу далеку од најточен, има многу потемелни низ интернетов. Не само што се малку прашања, туку неколку и речиси се повторуваат.
Абе дај не зафркавајте, овие тестови ги правиме за забава, не мора одма со психолошки анализи и поими, разонода е. Не познавам некој кој си го нахранил егото до толку од овие тестови или да забегал во водите на бесознанието живеејќи во илузија за себе. Еве мене резултатот ми вели дека сум била конзервативна - јас би рекла и да и не, зависи за што се работи и зависи од окото на соговорникот. Секој добро си ги знае карактеристиките, така да верувам дека ова не е никакво откровение и не е ништо повеќе од забава, барем за мене. Мислам...чил.
@Lella Јас сепак ќе продолжам да ги толкувам како потценување тие лекции на темава. А да, и тоа дека не се препознавам во реченицата го напишав на шала (иако точно е дека во делови од целини не се препознавам), чисто да истерам поента, ама пресериозна насока почна да фаќа дискусијава No need. Ќе се дистанцирам.
А јас таквите реплики како "такви личности му требаат на светот" или "ти ќе го спасиш светот ако..." не ги ни сметам за релевантни, ниту пак ги гледам како храна за нечие его или нечија скриена карактеристика. На тоа може да наседнат само мали деца. Очигледно е дека авторот хиперболизирал, а не дека ќе се пронајдеш баш во тоа дека од тебе зависи иднината на светот. Разонода и ништо повеќе.
@Mishela Апсолутно се согласувам дека нема ништо лошо додека е само за забава, ама доволно е да ги отвориш оние описите за хороскопски знак на сајтот на фемина. Секој можен коментар е 100%, леле сè е точно, баш така, сè ми е погодено, најјаки се раковите итн. А во описот пишува нешто како: ,,луѓето често ви завидуваат на вашиот неодолив шарм, иако вие имате чиста душа." И обична девојка која се скарала со другарката за дечко вика ха, тоа е тоа, ми завидува бидејќи сум убава кучката. Ова веќе не е обична забава, туку... ете, не знам како да кажам а да не навредам никој... Влегување во некој филм за да се задоволи потребата за посебност и уникатност. А познавам такви, не еден и двајца.
@Lella тоа да, ама тука најчесто спаѓаат одредени "осетливи" таргет групи како тинејџерите кои се најлесна маса за манипулација воглавно и оние хардкор шернувачи на цитати од семе синапово и икони "за здравје и бериќет". За такви луѓе овие забавни квизови, хороскопи и изгледаат како енциклопедија, баш така ко што опиша. Оние другите кои знаат што е што исто така ги има многу, само што не си дозволуваат вакви "обелоденувања" ко првите, поради различниот степен на перцепција - судејќи според моето пошироко окружување. И дајте нека го реши уште некој тестов, сакам да знам какви други решенија има. Кај мене сите на кои им го пратив испаднаа исцелители - боринг!
Еве ме мене. Абе една генијалност, креативност, научни откритија... Brb, одам да измислам тајм травел.
https://forum.femina.mk/threads/16-карактери.27886/page-2 Еве нова тема за @Lella, како смее така само 16 карактери, мора и таму да им се укаже да не бидат повеќе его билдери и лековерни (прости). А па и во онаа темата за политичка идеологија, рипање да се споделат резултатите после секој тест ко да е најточното нешто на свет, а таа поделба на леви и десни е само алатка за манипулација со рајата, ама ај, која сум јас да ја убивам забавата.
Од секогаш сум сакал дивјачки да идам на Малдивите или Бора бора и никогаш да не се вратамво пустелијава ....Само не знам дали еден или два бугрега треба да продадам за да го финансирам и исполнам мојот див и нескротлив авантурстички дух Див авантурист! Вие ќе бидете првиот кој ќе скокне во можноста што вклучува опасни активности и последниот кој ќе се повлече назад. Жедни за нови луѓе, искуства и возбудувања. Вие не само што сакате авантури, туку и живеете за нив. Вие сте слободоумни, со слободарски дух и секогаш во потрага по следното неверојатно искуство. Жедни сте за живот кој ве тера на големи подвизи. Следете ги вашите инстинкти и ќе стигнете до крајот на земјата!