Мислам дека во рецептиве не смееме да немаме рецепт за пица...)....jас би ве замолила за некое тесто за пица, нормално и други работи, некои рецептички за истата...но најбитно ми е тестото.....сакам некое како во пицериите или барем слично...тенкчко ко коричка а не лепче...ај пишете ми па да праам сефте со месењето
Правам обично пекарско тесто и тоа со вода, ама ме интересира и нешто ново Еве го мојот рецепт 800 гр брашно 1 квасец се раствара со млака вода 3 лажици брашно 1 шекер, Зејтин една жољичка, 3 лажици шеќер, 1 супена лажица сол, малку сода бикарбона(1лажиче) млака вода и пола лажица марагрин кристал, нормално и млака вода месиш меко тесто , го стасуваш 2х и послеи реди со по избор.
На горе напишаниот рецепт само додади 200 грама гриз во брашното ако сакаш тенко тесто како во пицериите а не лепче. Јас не ставам сода бикарбона, сол и шеќер а користам Диго квасец во прав, едно пакетче е за пола кило брашно.
Иренна не те разбрав...сол и шекер да или не???не ми се смејте јас стварно немам поим, а и другиот пост погоре не го разбрав убаво ми се повторуваат шекер 2 пати....ако не ти е тешко можешцела рецепта да ми ја напишеш ops:
-800 грама брашно -200 грама гриз - 1 Диго квасец во прав, во тестото за пица се става помалку квасец, значи на 1 кг брашно 1 Диго квасец -пола филџан мсало или пособро стопен маргарин Во длабок сад го истураш брашното, гризот и квасецот, го додаваш маслото или стопениот маргарин( маргарин коцка или кристал бидејќи другите маргарини што се вкусни за јадење не ги бива за готвење) , и со млака вода замесуваш тесто, го оставаш околу пола час да се крене тестото. Потоа го размесуваш тенко, редиш одозгора што сакаш и печеш околу 15-20 минути . enca.69 само да знаеш колку јадења имам утнато додека да научам да готвам
Иренче фала тииии ....и кај мене сигурно ке биде така.... ај ќе пишам дали баш такво тестенце ми се погоди
Само обично тесто,без млеко,без јајца,и обавезно многу сусам на тепсијата,па кога ќе го ставиш тестото врз него сето ќе се излепи оздола.И му дава посебен вкус :up:
Содата се става, за да не скисне тестото, оти тестово може и да се замрзне, и по потреба, вади, одмрзни и реди. И нормално ако искукаш тенка кора ке имаш тенко тесто , а не лепче П.С. Утре ке ти ја пробам рецептата, ама без Диго пошо нешо не ми функционираат тестата со Диго.
Еве за мила енци, што ми е мене најслатко: -1 чаша кисело млеко /250 мл. -1/2 чаша масло за јадење (зејтин) -2 чаши брашно -1 пециво * Сето ова се размешува за да се добие тесто и се става во плех бр. 28.Одозгора се реди кашкавал,шунка и печурки(и друго што ти сака душичката), јас ставам и едно разматкано јајце.Се пече на температура од 150 до 200 степени.
Ме изнасмеа со ова ПЛЕХ БР 28 . Кај мене дома има мал, среден и голем плех, па има стар плех , црн плех и отприлика тоа е се , Braveheart ептен сериозно си ја сватила работата , се по точна мерка па и плехот, ама ќе го пробам твојов рецепт, обавезно.
епа значи според твоите димензии по се изгледа е средниот .Ја нагласив големината за да не испадне премногу дебела и за да може убаво да се испече.Јас еднаш така фрлив една.
Вчера правев пица и го пробав твојот рецепт со сусам, излезе супер, фала за советот kate21. Јас обожавам сусам и плус ми текна да пробам како во Пица-хат што прават, краевите од тестото ги подвиткав навнатре, ги наполнив со кашкавал и добро ги затворив. Пицата вчера ми беше најдобра во мојата кариера
Браво Ирена,се се учи.И јас сакам сусам и идејата ми ја кажа мајка ми,гледала на италијанската програма РАИ,професионален пица-мајстор така ставил,пробав и ми беше вкусно.Сусамот дава некој посебен шмек на тестото.А јас ќе ти украдам за тоа со краевите на тестото Море пица можеш како сакаш да направиш,само да е пица
Мене не ми е убаво купечкото тесто, го имам пробано тоа од Жито Лукс и ич не е добро, нема вска со правото тесто и плус секогаш тврдо ми излегува. А многу лесно се меси тесто така да кога веќе сум решила да правам пица , ќе направам и тесто.
Jas go pravam so solja jogurt,pola solja maslo,pecivo,sol i brasno da se dobie ubava meka smesa.Vednas redam vo pleh od sporet toj golemiot,redam domatno pire, zgora rendam kaskaval,pa drugo po zelba......dali salama,dali tuna,pa pecurki i malku kiseli krastavicki po zelba...i ja pecam.Na kraj redam mateno jajce i pak ja potpekuvam. Ako raspolozenie mi e ubavo togas mesam testo od 1/4 kvasec,1 casa kisela voda,1 casa mleko,sol,seker malku za kvasot,edna zolcka,1 fildzan maslo i basno po potreba.Se ostava da stoi 30 min,pa se deli na topcinja od 100 ili 200 grama ako imas posebni tavcinja za pica,ili pak na dva dela zavisno plehot.Posle drugoto e isto. Ova testo podeleno mojs i da go zamrznis.....da ne mu ja mislis naredna prilika
eve edno ubavo testo za pica -brasno -mlaka voda -kvasec -maslinovo maslo -malku sol seto ova stavete vo zaedno vo sad za matenje i matete so mikser ama ne so ti deve so matime obicno za torti tuku so tie dve od mikserot sto se kako spirali otkako ubavo ke se izmati i ke se napravi testo poprskajte go odozgora so malku brasno, pokrijte go so krpa i VAZNO: stavte go vo frizider najmalku dva saati a moze i poveke mozi i cela nok. potoa izvadete go i pravte si pica ili namesto da redite kako klasicna pica kecap, kaskaval, pecurki....mozi i vaka napravte ovala ili kruzna forma na testoto i odozgora stavte seckan svez rozmarin, morska sol, poprskaj te maslinovo maslo i napravte preku celo testo bocki so viluska taka stavete da se peci i koga ke dobie zlatno kafena boja e gotovo Dobar apetit !!!
За Енца...Рецепт за домашна не типична пица.... 400-450 гр брашно,лажичка сол,филџан(помал) масло,еден квасец и една шолја(300гр) јогурт. Убаво ќе се замеша смесата и се остава да стаса...Од како ќе стаса се развлекува во плех помал намачкан со масло убаво...Се мачка кечап над него,се реди шунка,сирење рендано,може по вкус и печурки или маслинки...се става оригано и на крај две јајца матени.Се пече негде 20 мин.