Имам доста рецепти за пица али досега најдобро испаднало ова,кое е навистина меко,танко исто како во пицериите... 400 гр брашно, пола сув квасец,пола лазичка киселина,едно не многу полно лажиче сол,пола лажиче шеќер...сето ова се замесува со млака вода и се тура по малку се додека не се упие добро водата...Тестото треба да биде премногу меко на рака и да не се лепи на рака.Се остава да нарасне 20 мин и потоа се размесува и се става во плех во кој претходно има брашно на дното.Добро е тестото да се направи со сукало за да биде рамномерно...И потоа си редите се што си сакате одозгора...јас на краевите ставам сусам и обавезно прво го редам кашкавалот со што тестото е уште помеко.
За тестото е задолжена мама, а јас ја редам одозгора . Но знам една рецепта и која не се меси (сепак месено тесто е поубаво). Рецептата е следна: Со миксер се мешаат: 1 шоља јогурт, 1/2 шоља зејтин, 1 прашок за пециво и 2-4 шољи брашно. Смесата се истура во тепсија, се редат шунка, кашкавал, печурки (или по желба кој што сака) и се пече. Мене и готовото тесто ми е убаво (ако е тенко), а бидејќи сама си го купувам си земам некое потенко.
Секој си има свој начин на правење пица, врти-сучи тука се рецептите, но имам еден предлог до вас да пробете.Јас кога ја правам пицата, во смесата за тесто ставам јогурт, и на пола печење ја вадам и ја прскам со к.вода, и од кога ќе биде готова па ја прскам со к.вода, и мнооогу убаво излага тестото.
еден квасец се става во млака према топла вода и едно кафено лажиче шеќер, и се остава да стаса, односно раствори добро квасецот. за другото, потребно е 1 кг брашно, лажичка сол, 1 прашок за пециво, 1.5 дл масло и исто толку јогурт. од сето тоа се прави тесто. нормално, да стаса квасецот и се става прво тоа во смесата од брашно со сол и прашок за пециво, па после маслото и јогуртот, истовремено месејќи со едната рака. тестото треба да е ни многу меко ни многу тврдо, и е добро измесено кога не се лепи на рацете. по потреба во месењето може да се додаде и уште малку млака вода или масло. потоа го оставам да стаса тестото да нарасне, па го сукам и ми испаѓа тесто за во 4-5 тепсии, од кои едната е прееголееемаааа, оти јас си сакам тенко тесто, па така и го сучам. после, кога ќе го распоредам тестото во тепсиите исукано, почнувам со декорациите, односно филот одозгора. тестото одозгора го мачкам со кечап, па одозгора редам салама, сланина или сув врат (сланината го прави тестото помеко), чаен колбас, печурки, а во одделни пици се случува да ставам маслинки поради татко ми кој мноогууу ги сака и на крај одозгора рендам многууу кашкавал и одозгора оригано... и од како ќе се испече, во рок од 2-3 саати најмногу, пицата е изедена
Мојот рецепт за тесто за пица . 300 грама брашно . пола квасец . 4 лажиЧки зејтин . малце сол . Квасецот се растовра со 150 мл млака вода и се додава во брашното. Се додаваат зејтинот и солта и се размесува . Се меси 10 минутки и се остава тестото 45 мин, да нарасне. Смесата е за една тепсија одприлика
Само што направив пица,шетам низ форумов и оп тесто за пица , ми потекоа лиги Сакам тестото да ми биде тенко и крцкаво си замесив обично тесто брашно,вода,сол,масло и малку ставив ченкарно брашно(по крцкаво да биде) и одоздола ставив сусам како што пиша kate21 и му даде преубав вкус ми испадна екстра крцкаво и слатко како што сакам за мене
Јас повеќе го сакам она дома направено, отколку попупеченото што е купено. Инаку како што сфатив од претходните постови, доколку при месењето се стави сода бикарбона, тестото може да се замрзне и да се користи друг пат? Добро сум сфатила или?
Уште еден испробан рецепт (рецептот е од една пицерија). Досега е најдобар и откако се испече пицата и колку да биде тенка, тоа е сепак меко. Рецепт: 1кг. брашно, 250 мл. минерална газирана вода, 250 мл. млеко, 1 коцка квасец, 2 малечки лаж. сол, 1 малечки лаж. шеќер, 1 јајце, 1 лаж. панко, малку прашок за пециво. Доколку брашното е тврдо, можеби ќе треба да се додаде уште малку вода или млеко, но ако е премногу меко, тогаш можеби и нема да биде потребно толку вода или млеко. Најубаво е да се става полека водата и млекото во замесувањето, важно размерот да биде 1:1. Интересно е за овој рецепт што кога ќе се меси тестото и еднаш се остави да порасне, истото може да се стави во фрижидер и да се употреби наредниот ден. Само да се стави во малку поголем сад, зашто тоа и понатаму од квасецот ќе нараснува.
Јас вчера изигравав домаќинка,па еве да ви го напишам рецептот за тесто за пица,лесно,брзо,вкусно Тесто за пица: 4 шола (за кафе) брашно 2 шола вода (во едниот шол растворете квасец) 1 пециво малку шеќер и сол (по едно мало лажиче) Се меша со дрвена лажица,и може да го оставите малце да постои додека си ги спремате другите работи за пицата (кашкавал, салама, печурки..). Потоа се става во тавче,се растегнува со лажицата да испадне рамномерно,и не многу дебело,подобро поделете си го тестото еден дел во едно,друг дел во друго тавче,колку потанко,толку подобро Јас вчера незнаев дека можело да отстои 10 минути,и одма директно си го ставив во тавче,ама нема врска,сепак убаво беше. И многу испадна,еве овакво тавче(плех или како и да се вика) како на сликава подоле,и плус едно округло...за 10-15 мин се пече(зависи од рерната). И еве како ми испадна мене,јас си каснав едно парче со јогурт,друго со црвено вино П.С:сликите ги подотерував малце со ефекти,оти телефонот е забеган,многу грди беа сликите,бледи,замачкани
Ена денес направив пица по твојов рецепт и прекрасно ми испадна,ептен беше вкусна тајм :geek: Само додадов 1 лажичка шеќер,2 сол и 1 и пол лажичка адитив,а квасец цел му ставив
Мојов рецепт не бара ни стоење ни ништо. 500 грама брашно 300 мл млака вода 1 диго квасец 1-1,5 лажица масло малку сол Ова се’ се става во сад т.е. водата постепено се додава во замесувањето,за да не биде премногу меко или тврдо тестото.Убаво треба да се измеси и после го делиш на два дела,дека мерава е за два плеха.Си расукуваш две кори и згора си редиш што сакаш.Јас краевите ги полнам со повеќе кечап и така е убаво,ама следен пат ова со кашкавалот обавезно ќе го пробам. И јас го практикувам ова со сусамот и да ви кажам врв е.Во делириум сум секогаш кога јадам пица со многу сусам
Јас правам по следниот рецепт: околу 1 кг брашно еден филџан зејтин едно канче јогурт една коцка квасец малку сол и шеќер (ептен малку) малку пециво Го месам, го оставам малку да нарасне и после супер излегува, јас си ги правам ептен тенки
Jас го правам тенко како лист Cо квасец, вода, сол малку, на врвот на лажичката, го месам и го сукам, сукам додека не биде тенко претенко, не сакам пица со дебело тесто. и гледам луѓево имаат обичај да го оставаат да отстои некое време, јас никако, веднаш чим го замесам, одма сукам и ја правам пицата, зашто ако отстои тестото, после многу се дига уз печење, а јас напоменав дека не сакам дебело тесто. E сега јас си открив и еден + трик, тоа од пица хат, па си го користам. Hели кога ги увиткуваме крајчињата, јас ги полнам со крем-сир- LA VACHE DE PARIS сликата е многу мала за жал. за да не отидат узалуд крајчињата де, ептен се вкусни вака полнети со ова сирење, плус им турам сусам и супер се