Еве и од мене еден брз ,испробан и многу убав рецепт за тесто за пица 400-500мл.вода 1 квасец 17лажици масло 20 лажици брашно Се зафаќа квасецот со малку вода и брашно во вангличето во кое се прави,откога ќе стаса се додава маслото,водата и постепено брашно.Се се меша убаво и се тура во подмачкан плех со маргарин се мачка со кечап и се редат сите сакани состојки и се пече.Тестото иди како за со лажица турање.Добар апетит
Ароматично тесто за пица -350 гр брашно -1 ќесичка сув квасец / 1 коцка свеж квасец -1 мало лажиче сув босилек -1 м.л оригано -1 м.л лук во прав -2 големи лажици зејтин -млака вода за формирање на тестото ( околу 1 шоља ) Мешаме убаво се заедно освен зејтинот и водата. Во средината правиме `дупка` и го ставаме зејтинот и водата. Тестото треба да е меко но да не се лепи. Го оставаме тестото да стаса. Се подмачкува тавчето , се формира тесто и се пече 45 мин на 180 степени.
јас вака правам брасно 2 јајца 1 пециво 1 лажица квасец половина лажица сол и секер тестото го правам со млеко а бидејки сега е ладно време малце ке го загреам mlekoto вака правам тесто за пица и еден сат го оставам тестото и потоа ја правам пицата
Фемнику може малку ќе бидам офф но морам да прашам.. Дали фурнаринските се прават со исто тесто како тоа за пица?
Испробан рецепт за пица: 1 голема шолја (за чај) кисело млеко; 2 шолји брашно; 1 пециво и малку сол Сето тоа добро се меси, а потоа се суче и се става во тавче претходно намачкано со зејтин. Потоа се реди одозгора и се пече.
Iстото го правам само го матам со лажица и не го сукам го сипувам мене течно ми изледува ама затоа 2 шољи од оние за кафе
Кога немам дома готово смрзнато тесто го правам по овој рецепт,нема утка и првкусно е 19 лажици брашно 250гр млеко 1 коцка свеж квасец(може и 1 кесичка сув) 7 лажици зејтин 1 лажиче сол пола лажиче шеќер Се замесува тестото и веднаш се прави пицата(за една тава со бр.42) направената пица се остава да стаса околу 15 мин и се пече....Добар апетит
девојки, пробав едно од тестата ама ми се лепи многу( не сум некој готвач ама многу сакам да готвам). Мозе ли некој да ми даде подетален рецепт, со точни грамови за оние лаиците како мене
Да го споделам со вас и мојот рецепт за пица што мислам дека е најубав 1 кг брашно 250 гр (јогурт) 250 мл вода 1 коцка квасец (+ вода за квасецот и 1 лајче шеќер) 1/2 лајче сол 50 мл масло се меси се и од цело тесто јас правам 3 округли тепсии пици и си замрзнувам и ке си имам повторно јадење без да правам П.С. доколку водата се замени со млеко тестото е уште поубаво
Здраво девојки Сакам за слава да направам мали пици,ко за мезе знаете ептен мали. Има ли некој специјален рецепт за вакво несто? Ако пак немате, а некој од рецептите сметате за соодветен за ваква намена, ве молам копирајте ми го Мислам дека за таа голема ми треба навистина тенко тесто кое нема да порасне многу...
Свекрва ми прави многу вкусно тесто за пица значи малку излегува но може да се дуплира дозата Вака го прави : -пола шоља млака вода , во неа се додава голема лажица шеќер и 1 м.л сол се става во сад и во него се додава и квасецот (треба да се стави малку масец - помалку од половина) -треба смесава да постои 15 мин , и потоа се додава 2 големи лажици масло , и брашно колку да формирате тесто. На рацете може да ставите малку масло или маргарин за да се обликува тестото-ем не се лепи ем некако помеко излегува. Со овој рецепт може да направите и лебче , превкусно е , пробајте
Чоколадна пица Состојки: 100 гр путер или маргарин 100 гр шеќер 1 кесиче ванилин шеќер 1 јајце 100 гр пченично остро брашно тип 400 Подравка(не мора подравка ама ваков тип на брашно) 1/2 лажица прашок за пециво 1 лажица какао 1 лажица путер или маргарин за премачкување 1 калап(за пица оние што се) 40 гр шарени чоколадни бонбони 2 лажици шарени чоколадни мрвици 20 гр лисја од бадем 30 Lino Crunch 1.Смекнатиот путер или маргарин и шеќерот добро измешајте со миксер 2.Додајте ванилин шеќер,јајце и кратко измешајте 3.Брашно помешајте со прашокот за пециво и какао и замешајте го во путерот или маргаринот 4.Калапот за торта(пици такви работи) премачкајте со путер или маргарин и во него рамномерно распореди ја смесата. 5.Смесата покриј ја со чоколадни бонбони,шарени мрвици и листови од бадем. 6.Во загреана рерна на 160 степени целзиусови и 20 минути се печи 7.Печената пица покријте со Lino Crunch житарици,исечи и послужете ја во картон за пица Совет:Шарените бонбони ставете ги на пицата 5 минути пред крајот на печењето како не би пропаднале во тестото
21 лажица брашно 9 лажици зејтин 1 квасец 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер Квасецот се стасува со две лажички брашно и една лажичка сол. Се меси тесто и се остава да стои половина час. Потоа се растегнува по тафчето се реди и се става да се пече. Постојано ја правам дома
Денес јас смислив едно тесто. Ми се погоди да ви кажам право... ептен. Излегоа 4 теста. Дебелки, меки... а бе за мерак. 400 мл. вода 400 мл. млеко 2 неполни филџани зејтин 1 ипол лажичка сол 1 ипол лажичка шеќер пола квасец брашно Се' наеднаш смешав и стасуваше пола час. Мислев дека сум ставила кисела вода, а после кога ја пробав, таа обична да ти била. Стварно многу се погоди. Али треба троа поише брашно, бидејќи смесата е доста течна. Али ептен мека, да ти е мерак да ја сукаш, душичка.
Јас сама си го правам тестото за пица - немам рецепт. Зависно од тоа колку и какви пици ке правам - отворени или затворени замесувам тесто од брашно, сол, квасец, вода и малку маслинов зејтин. Потоа се знае - се расплескува тестото во тава се става кечап, оригано, шунка, кашкавал, печурки, павлака, маслинки... Се пече и ужива во вкусот!!!
јас кога правам си купувам готово тесто за пица,а мајка ми кога прави пица,самата си го прави тестото.