Последно пица направив вчера и тестото беше милина. 500г брашно за пица(од жито лукс) Околу 250 мл млака вода 2 кафени лажици сол 1/2 кафена лажица шеќер 2 кафени лажици инстант квасец 2 супени лажици маслиново масло Состојките се соединуваат во голем сад се додека се добие хомогена смеса. Во принцип водата ја додавам постепено па затоа пишав околу 250мл, вообичаено не ја додавам целата количина. Откако ќе се добие хомогена смеса, тестото се меси на работна маса(по можност дрвена) 3-5 мин. Потоа тестото се враќа во садот се премачкува со маслиново масло, се покрива садот со лесно влажна крпа и се остава на топло неколку часа, минимум 2ч или може до 24ч(во фрижидер). Откако ќе отстои тестото се става во тава и внимателно се растегнува, не многу грубо, одздола тавата се премачкува со маслиново масло. Пицата се филува по желба, јас печев на 250 степени, на дното од рерната околу, 7-8 минути. Кашкавалот го ставам 2-3 минути пред да ја извадам пицата од рерна.
Нема квасец, типот е за пица бидејќи има повисока содржина на протеини за разлика од другите типови брашно.